Институционална структура и правна рамка

за климатски промени

Институционална структура и правна рамка

за климатски промени


Министерството за животната средина и просторно планирање (МЖСПП) е институцијата одговорна за политики за климатските промени, национална тело за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатските промени (UNFCCC) и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото.

Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се:

  • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
  • Министерството за економија,
  • Министерството за транспорт и врски,
  • Министерството за здравство и
  • Министерството за финансии.

Канцеларијата на заменик премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд(GCF).

Националниот комитет за климатските промени е формиран од Владата, и претставува сеопфатна политичка платформа која обезбедув високо ниво на поддршка за развој и реализација на активностите за климатски промени. Се состои од претставници номинирани од клучните засегнати страни т.е. од националните институции, академските институции, приватниот сектор и граѓанското општество и координаторите за климатски промени кои се назначени во министерствата.

Техничката група во Советот за одржлив развој, како и други главни засегнати страни од владата и од граѓанското општество, исто така учествува во процесот на креирање на политиките поврзани со климатски промени.

Национално одговорно лице за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатските промени: Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Државен советник за климатски промени, Министерство за животна средина и просторно планирање

Меѓународните институции и донатори, особено Глобалниот фонд за животната средина (GEF) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), обезбедија финансиска и техничка поддршка за процесот на известување.

Можеби ќе ве интересира

Република Македонија е:

  • ​Страна која не припаѓа на анексот 1 на Рамковната конвенција на ОН за климатските промени (УНФЦЦЦ) (Службен весник на РМ – 61/97),
  • го ратификуваше протоколот од Кјото (Службен весник на РМ - 49/04)
  • го усвои Договорот од Копенхаген (2009)
  • потписник на Парискиот Договор (2015), и во моментов се спроведува процесот за ратификација.

Иако Република Македонија е земја која не е во Анекс I во УНФЦЦЦ, таа исто така е и земја кандидат за членство во ЕУ, и поради тоа мора да се придржува до Политиката на ЕУ за клима и енергија, со што всушност ги презема обврските за земјите кои се дел од Анекс I.
Исто така, учествува во Договорот за Енергетската заедница, кој брзо напредува во спроведувањето на регулативите на ЕУ за мониторинг, известување и верификација на стакленички гасови и презема чекори за справување со климатските промени.


Правната рамка за климатски промени

Главна рамка дадена во Законот за животната средина, кој содржи член за изработката на национални инвентари на стакленички гасови.

Други закони, подзаконски акти и стратегии кои содржат аспекти поврзани со ублажувањето на климатските промени:

  • ​Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 2008-2020 со Визија до 2030 (2010),
  • Стратегијата за обновлива енергија на Македонија до 2020 (2010),
  • Стратегијата за енергетска енергетската ефикасност на Република Македонија до 2020 (2010), и
  • Третиот акциски план за енергетската ефикасност (EEAP) на Република Македонија (2016-2018).

Во рамките на инструментот на ЕУ за финансирање на претпристапна помош (ИПА II) програмиран е проект за подготовка на закон и стратегија за климатските промени и тој ќе биде усогласен со Рамката за клима и енергија на ЕУ до 2030 година.


Известување кон Рамковната конвенција за климатски промени


Процесот за подготовка на Националните планови и Двогодишните извештаи за УНФЦЦЦ го предводи Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прв национален план за климатски промени (2003)

Втор национален план за климатски промени (2008)

Трет национален план за климатски промени (2013)

Соодветни национални придонеси за климатски промени (2015)

Прв двогодишен извештај за климатски промени (2015)

Втор двогодишен извештај за климатски промени (2017)

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Or use your account on Blog

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Or register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close