Половина степен: Разликата во влијанијата врз климата меѓу затоплувањето од 1,5˚C и 2˚C

Нов извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени


Меѓувладиниот панел за климатски промени утврди дека ограничувањето на растот на глобалната температура на 1,5°C ќе доведе до значително поблаги влијанија отколку ако температурата се зголеми за 2°C. Новиот извештај од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) покажува дека разликата во затоплувањето од половина степен значи големи разлики во последиците од тоа затоплување.

Со потпишување на историскиот Париски договор за климатски промени, државите се обврзаа глобалното затоплување да не биде поголемо од 2˚C во споредба со прединдустриските температури, а истовремено да се обидат да го ограничат затоплувањето на 1,5˚C. На барање на владите, Меѓувладиниот панел за климатски промени кој се состои од најдобрите научници во светот, изврши анализа за тоа какви ќе бидат последиците доколку затоплувањето е под 1,5˚C и под 2˚C; како и која е разликата меѓу можните сценарија за постигнување на тие две температурни цели. Нивните резултати покажуваат дека светот ќе се соочи со силни влијанија врз климата дури и со затоплување од 1,5 степени, а влијанијата значително се влошуваат со затоплување од 2 степени. Во светот веќе има затоплување од околу 1˚C и наскоро ќе се потроши јаглеродниот буџет кој е предвиден за затоплување од 1,5˚C до 2030 година.

Во продолжение приказ на разликите при затоплување од 1,5˚C и 2˚C:


Екстремни температури

Просечните и екстремните температури ќе бидат повисоки во сите населени подрачја при затоплување од 2°C наспроти затоплувањето од 1,5°C. На пример, при затоплување од 1,5°C речиси 14 проценти од населението во светот ќе биде изложено на екстремни топлински бранови најмалку еднаш во пет години. Спротивно на тоа, со затоплување од 2°C, 37 проценти од населението во светот ќе бидат изложени на екстремни топлински бранови најмалку еднаш на пет години.

Суши

Веројатноста за суши и ризиците за достапноста на водата може значително да се намалат доколку затоплувањето се ограничи на 1,5°C. На пример, ризикот од зголемена сериозност на сушите и нивната честота е значително поголем со затоплување од 2°C во Медитеранот и јужна Африка отколку со затоплување од 1,5°C.

Обилни врнежи и поплави

Високите и планински региони, како и источна Азија и источниот дел на Северна Америка, се предвидува да бидат погодени од пообилни врнежи доколку затоплувањето е 2°C во споредба со затоплување од 1,5°C. Иако 1,5°C може да доведат до поголеми порои и поплави во некои региони во споредба со денешните услови, 2°C ќе доведат до уште поголеми последици.

Арктикот без мраз

Со затоплување до 1,5°C, извештајот утврдува дека е веројатно да има едно лето без замрзнување на морињата на секои 100 години; со 2°C, тоа ќе биде почесто и ќе има едно такво лето на секои десет години. Ова може да доведе до поголема апсорпција на топлина, што ќе влијае врз циркулацијата на океаните и ќе предизвика последици врз зимското време во северната хемисфера.

Покачување на нивото на морето

Со затоплување од 1,5°C, нивото на морето ќе се покачи за 0,4 метри во 2100, во споредба со нивото од 1986-2005 година. Со 2°C, покачувањето би било 0,46 m во 2100 година.

Ризикот од поплавување е исто така поголем со поголемо зголемување на температурата. Со затоплување од 1,5°C до 2100 година, до 69 милиони луѓе може да бидат изложени на поплави (под претпоставка дека нема адаптација и е задржан моменталниот број на население). Доколку затоплувањето е 2°C на поплави може да бидат изложени 79 милиони луѓе.

Исто така доколку стапката на раст на морињата е побавна, тогаш може да има повеќе можности населението да се адаптира.

Исчезнување на видови

Со затоплување од 2ºC, 18 проценти од инсектите во светот, 16 проценти од растенијата и 8 проценти од рбетниците се предвидува да загубат половина од нивните територии. Со затоплување од 1,5°C овие проценти се намалуваат за една третина за инсектите и за половина за растенијата и рбетниците.

Други фактори кои ќе доведат до исчезнување на видовите, како на пример шумските пожари и ширењето на штетници и заболувања, исто се намалуваат ако затоплувањето е до 1,5°C.

Копнени екосистеми

Екосистемите се очекува да се трансформираат со поголемото затоплување. На пример, со затоплување до 2°C, 13 проценти од копното на Земјата се предвидува да претрпи промени во биомите (како она пример промена од тундра во шума) или пак да се трансформира. Со затоплување од 1,5°C овој ризик е намален на 4 проценти од површината на земјата.

Со повисоки температури, трајниот мраз е изложен на многу поголем ризик од топење, што ќе доведе до ослободување на заробениот јаглерод во атмосферата.

Со затоплување од 2°C, 35-47 проценти од трајниот мраз на Арктикот ќе се стопи до 2100 година, површина која претставува една третина од површината на Австралија. Ако затоплувањето се ограничи на 1,5°C, ќе се стопат 4,8 милиони km2, или околу 21-37 проценти од вкупната површина под траен мраз.

Океаните

Океанските екосистеми веќе се менуваат и драматично ќе се изменат доколку има и само 1,5°C затоплување. Сепак, ограничувањето на затоплувањето на 1,5°C може да спречи многу влијанија кои би се јавиле со повисоки температури.

На пример коралните гребени се предвидува да се намалат за 70-90 со затоплување повисоко од 1,5°C. Доколку има и дополнително затоплување од половина степен, се очекува да се загубат повеќе од 99 проценти од коралните гребени во светот. Губењето на продуктивноста во рибарството на ниски надморски висини, ацидификацијата, мртвите зони и другите опасни состојби се предвидува да бидат поизразени доколку затоплувањето е поголемо од 1,5°C. На пример една студија цитирана во извештајот утврдила дека годишниот улов на риба од морињата би се намалил за 1,5 милиони тони со 1,5°C затоплување, а со 2°C тие загуби би биле 3 милиони тони.

Обезбеденост со храна

Ризиците од недостиг на храна во супсахарска Африка, во јужна Африка, Медитеранот и во Амазонскиот регион се предвидува да се помали доколку затоплувањето е 1,5°C наспроти последиците што би се јавиле со затоплување од 2°C. Рибарството и аквакултурата исто така помалку ќе бидат изложени на ризик доколку затоплувањето остане на 1,5°C.

Здравство

Ризикот за здравјето на луѓето, вклучително и од болести и смртни случаи предизвикани од топлина во урбаните подрачја е помал доколку затоплувањето е 1,5°C отколку 2°C.

Економски раст

Економските загуби се сé поголеми со поголем раст на температурата, особено во земјите со средни приходи (Африка, југоисточна Азија, Индија, Бразил, Мексико), кои најмногу ќе бидат погодени. На пример со затоплување до 1,5°C, загубите од светското БДП би биле 0,3 проценти до 2100 година. Со затоплување од 2°C загубите би биле 0,5 проценти.

Колку е потешко да се ограничи затоплувањето на 1,5˚C наспроти на 2˚C?

За ограничување на затоплувањето и под двете вредности ќе бидат потребни до сега невидени трансформации во сите економии, индустрии и земји.

За ограничување на затоплувањето на 1,5°C без или со мали пречекорувања, светот ќе треба да ги намали своите просечни годишни емисии за 25-30 GtCO2e во 2030 година. Со сегашните практики, до 2030 година ќе се емитува двојно повеќе од оваа количина (52-58 GtCO2e). За да се ограничи затоплувањето на 2°C ќе биде потребно во 2030 година да се намалат годишните емисии за околу 20 проценти под емисиите во 2010 година; а за затоплување од 1,5°C, емисиите треба да се намалат за 40-50 проценти. Емисиите на јаглерод диоксид ќе треба да достигнат нето-нула околу 2050 година со цел да се ограничи затоплувањето на 1,5°C или околу 2075 година за 2°C.

Фокусирање на 1,5˚C

Со затоплување под 2˚C ќе се избегнат многу катастрофални влијанија од климатските промени, но последиците ќе бидат многу пострашни отколку ако затоплувањето се ограничи на 1,5˚C. Потребите од адаптација се поголеми со поголемиот раст на температурите. За да не дојде до овој дополнителен пола степен затоплување ќе бидат потребни големи напори. Но, како што покажува овој извештај, вреди да се вложи таков напор бидејќи резултатот ќе бидат побезбедни заедници, побезбедни екосистеми и посилни економии.

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close