Македонија отпочна со подготовка на Четвртиот Национален план за климатски промени

Воведна работилница


(17.10.2018г.) Денеска, во Скопје се одржа воведна работилница на новиот проект за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот двогодишен извештај за климатски промени, кој се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации.

Нагласувајќи дека националните политики за климатски промени Владата на Р. Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се трудат да ги базираат на факти и да ги дефинираат низ транспарентно и широко партиципативно учество на сите засегнати страни, државниот секретар во МЖСПП, Ана Петровска во воведното обраќaњe истакна: „Низ процесот на развивање на извештаите, се подобрува точноста и конзистентноста на податоците за емисиите на стакленичките гасови, што придонесува кон поефективно планирање на мерки за ублажување на овие емисии, како и за прилагодување на ефектите од климатските промени. Истовремено, се зајакнува соработката со различни институции со цел интегрирање на политиките за заштита на климата во другите сектори.


Во рамки на овој четригодишен проект ќе биде ажурирана националната база на емисии на стакленички гасови до 2019г. со примена на современи и иновативни алатки, ќе бидат развиени соодветни критериуми за поставување на приоритетни мерки за ублажување на климатските промени, а изготвениот Извештај дополнително ќе даде поддршка во процесот на воспоставување на систем за следење, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови. Воедно, ќе се надградат анализите на ранливост од Третиот Национален план за климатски промени, и ќе се ажурираат мерките за адаптација потребни да се задоволат специфичните потреби кои произлегуваат од несаканите ефекти предизвикани од климатските промени.

На настанот се направи осврт на досега изработените национални планови и двогодишни извештаи за климатски промени и беа презентирани планираните активности во рамки на Проектот, а сите присутни имаа можност да земат учество во дискусијата со што дадоа сопствен придонес во изготвување на мерките за адаптација  и подготовка на што поквалитетен Извештај.


Според Нарине Сахакјан, заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, овие извештаи ќе продолжат да го отвараат македонскиот пат кон ниско јаглеродно општество, по кој државата ќе се движи навидум со мали и бавни чекори, но со постојано зголемување на амбициите за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Проектот ќе се реализира со поддршка на Глобалниот Фонд за животна средина во висина од 850 000 американски долари,  преку УНДП како имплементирачка агенција и е надградба на континуираната заложба на државата во реализацијата на обврските кои произлегуваат од Рамковната конвенција за климатски промени на ОН  и меѓународните договори за клима.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close