Нова студија открива дека само 16 земји ги исполнуваат своите обврски согласно Парискиот договор

Македонија е една од 16-те климатски најамбициозни држави


Само шеснаесет од 197-те држави (меѓу кои и Македонија) што го потпишале Парискиот договор, изработиле доволно амбициозен акциски план за борба со климатските промени за да го исполнат тоа што го ветиле, се вели во извештајот објавен во понеделникот (29 октомври) пред клучната конференција на ОН за климатските промени COP24 што ќе се одржи во Катовице (Полска) во декември.

Тие 16 земји се: Алжир, Гватемала, Етиопија, Индонезија, Канада, Јапонија, Коста Рика, пјр Македонија, Малезија, Норвешка, Папуа Нова Гвинеа, Перу, Самоа, Сингапур, Тонга и Црна Гора.
„Нашата анализа открива дека земјите се спори во преточувањето на своите обврски од „националните придонеси“ (или „климатски ветувања“ според жаргонот на ОН) во цели во националните закони и политики“, стои во извештајот.
Спроведувањето на Парискиот договор зависи од тоа дали земјите ќе ги вградат обврските што ги презеле со националните придонеси во националните закони и политики, каде се дефинираат квантитативни и мерливи домашни цели, се објаснува во извештајот.
Меѓутоа, се заклучува дека ова преточување на обврските не е доследно со националните придонеси на земјите, што создава сомнеж во поглед на веројатноста за постигнување на целите од Парискиот договор, предупредува извештајот.
Студијата „Усогласување на националните и на меѓународните цели за климатски проемни“ ја издаде Истражувачкиот институт за климатски промени и животна средина на Грантам (ориг. Grantham Research Institute on Climate Change and the Environment) и ЕСРЦ Центарот за економија и политики за климатски промени (ориг. ESRC Centre for Climate Change Economics and Policy), кои се дел од Лондонската школа за економија и политички науки (ориг. London School of Economics and Political Science), и Институтот за светски ресурси (ориг. World Resources Institute).
Слика
Извештајот прави споредба на квантификуваните цели што се дефинирани во националните придонеси на земјите и тоа што од нив е преточено во националните закони и цели за да се провери нивната доследност во поглед на временските рамки, дефинициите и амбициите.
„Со оглед на тоа што јаз веќе постои помеѓу целите од Парискиот договор и националните придонеси на земјите, пожелно е земјите да ги направат целите во своите национални закони и политики построги и потранспарентни“, се сугерира во извештајот.
„Ова е важен чекор напред кон поголема транспарентност на кредибилитетот на земјите да ги испорачаат своите цели.“


Повеќе од само празно ветување
Извештајот се повикува на тоа што можеме да го изгубиме, односно дека националните придонеси на земјите треба да бидат повеќе од само празно ветување.
Во сегашнава ситуација постои значителен јаз помеѓу проекциите за емисии на глобално ниво во 2030 г. и емисиите што се компатибилни со целите на Парискиот договор - односно, зголемувањето на глобалната просечна температура да се држи значително под 2°C над пред-индустриските нивоа и да се вложат напори зголемувањето на температурата да се ограничи на 1,5 °C - при што сегашните национални придонеси заеднички би го ограничиле глобалното затоплување од 2,7 до 3,7 °C.
Извештајот вели дека 157 од 197-те земји, или страни кон Парискиот договор во жаргонот на ОН, поднеле национални придонеси со цели за намалување на емисиите на стакленички гасови во своите економии во целина.
Овие 157 земји се одговорни за 95 проценти од глобалните годишни емисии во 2014 г., се посочува во извештајот.
„Меѓутоа, само 58 од страните кон договорот во своите домашни закони и политики имаат вградено цели за намалување на емисиите што ја опфаќаат целата економија, а пак само 16 од нив се амбициозни колку, или дури и поабициозни од, ветувањата во своите национални придонеси“, се подвлекува во извештајот.
Овој извештај за климатските политики се објавува само неколку недели по излегувањето на извештајот на МПКП за поставувањето на 1,5°C како максимална цел за глобалното затоплување која сè уште може да се постигне.
Но, за тоа ќе бидат потребни промени во општеството невидени досега, вклучително и во енергетските, транспортните, урбаните и индустриските системи.
Ќе биде потребно и вклучување на сите недржавни актери, како и интегрирање на климатската акција во пошироките јавни политки и развојни рамки.

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close