Зауздувањето на климатските промени и спречувањето на смртни случаи како последица од аерозагадувањето одат заедно

Јакнењето на обврските во однос на климатските промени ќе го подобри квалитетот на воздухот


Секоја година над 7 милиони лица умираат предвреме поради загaдениот воздух. Тоа е како сите жители на Хонг Конг наеднаш да умрат поради причина што сепак може да се избегне.

Неделава, Светската здравствена организација (СЗО) го постави овој проблем во фокусот на својата прва глобална конференција со цел да се подобри квалитетот на воздухот, да се поведе борба против климатските промени и да се спасат животи. Време е сите сојузници да се здружат во борба за чист воздух. Додека водечките личности во политиките, заедницата и  науката ги разгледуваат ефектите врз здравјето на луѓето и аргументите за чист воздух, оние што се занимаваат со климатските промени  исто така нудат некои значајни инструменти што може да придвижат пошироко дејствување.

 

Зауздувањето на краткотрајните атмосферски загадувачи може исто така да го намали 

бројот на смртни случаи што се должат на аерозагадување. Фото: Николо Лазати/ Глобал панорама/Фликр


Аерозагадувањето е климатски и здравствен проблем

Еден неодамнешен извештај од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) подиректно од кога и да е досега ги посочи аргументите за дејствување во однос на климатските промени:  Светот е далеку од целта да го ограничи глобалното затоплување на 1,5°C (2.7°F), крајната граница неопходна за да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени. Потребно е брзо да го промениме дејствувањето за постепено да се исклучи од употреба јагленот, да се зголемат обновливите извори на енергија, да се подобри енергетската ефикасност и да се револуционизира начинот на производство на храна – и притоа да се развиваме одржливо, подобрувајќи на квалитетот на воздухот и обезбедувајќи подобар живот за луѓето.


Со ваков фокус целите за заштита и на здравјето и на климата може да се постигнат во значителен степен. Факт за кој малку се говори е дека причините за загадувањето на воздухот и за климатските промени се преклопуваат. Во некои случаи, хемиските супстанции се всушност истите.

Краткотрајните атмосферски загадувачи, какви што се метанот, црниот јаглерод, хлорофлуоројаглероди (HFCs) и тропосферскиот озон имаат силно влијание врз глобалните температури, а многу од нив се и штетни аерозагадувачи. На пример, метанот е моќен стакленички гас со ефект на глобално затоплување 86 пати повисок од ефектот на јаглерод двооксидот во наредниот период од 20 години. Тој е, исто така, најголемиот претходник на тропосферскиот озон, главната состојка на смогот, кој може да ги влоши бронхитисот и астмата и да го оштети ткивото на белите дробови. Самата изложеност на тропосферски озон е одговорна за предвремената смрт на проценети еден милион лица годишно.



Во други случаи, загадувачите штетни за здравјето и смесите кои ја менуваат климата се емитираат во исто време. На пример, кога се гори јаглен за да се обезбеди енергија, се ослободуваат ситни честички штетни за здравјето, понекогаш обвиени со отровна жива, заедно со стакленички гасови какви што се јаглерод диоксидот, метанот и азотниот оксид.


Јакнењето на обврските во однос на климатските промени ќе го подобри квалитетот на воздухот

Инструментите за дејствување во поглед на климатските промени би можеле да дадат нов моментум за справување со аерозагаденоста и подобрување на здравјето на населението. Би требало да ги користиме.

На пример, меѓународниот Париски договор бара од земјите до 2020 година да поднесат зајакнати национални планови за климатските промени, или „национални утврдени придонеси“ (NDCs). Тоа се моќни инструменти за насочување на финансиските средства и за промена на траекторијата на глобалните емисии. Ова е неопходно не само заради ограничување на затоплувањето на 1,5°C, туку и затоа што има економски резон: Истражувањето од Нова климатска економија (New Climate Economy) укажува дека смела акција против климатските промени може да донесе глобална екномска добивка од 26 трилиони долари до 2030 година.

Поставувањето на краткотрајните атмосферски загадувачи во центарот на зајакнатите национални придонеси би можело да донесе напредок во остварувањето како на климатските, така и на здравствените цели. Една скорешна студија покажува дека зауздувањето на климатските промени може да ги спречи смртните случаи поврзани со загадувањето на воздухот – придобивка многу поголема од трошоците за намалување на емисиите. Всушност, вредноста на позитивните здравствени придобивки понекогаш може да е двојно поголема од трошоците за усилбите за намалување. Во Кина и Индија трошоците за намалување на емисиите на стакленички гасови може ќе се надоместат веќе со придобивките во здравството.

Еден нов работен документ на Светскиот институт за ресурси/Оксфам (WRI/Oxfam) изложува можности за тоа како можат земјите да ги инкорпорираат целите, политиките и активностите во однос на краткотрајните атмосферски загадувачи и клучните сродни сектори во нови ажурирани планови за националните придонеси. Ова ќе им овозможи на земјите да остварат брзи климатски и здравствени придобивки истовремено овозможувајќи тие што се најмалку одговорни за менувањето на климатските услови да не бидат оставени сами на себе да се справуваат со сѐ пожестоките ефекти.  


На кој начин раното дејствување во однос на краткотрајните атмосферски загадувачи (SLCPs) и долготрајните стакленички гасови (GHGs) би повлијаело на глобалното зголемување на температурите во овој век?


ОДБЕРЕТЕ ГОДИНА: 

До 2020: ќе се печеме со затоплување од речиси 1°C над прединдустриските нивоа

1,5°C Париска цел


Зафаќање со краткотрајните атмосферски загадувачи

Важно е да се спомене дека зауздувањето на климатските промени и намалувањето на ризиците поврзани со аерозагадувањето не се навистина исто. Изложеноста, вкрстувањето на луѓе и загадувачи, е клучната детерминанта на здравјето, додека квалитетот на амбиентниот воздух, концентрацијата на загадувачи во воздухот без оглед дали луѓето ги дишат, е клучниот фокус за климатските промени. Но, здружувањето на здравствените мерки со климатските мерки би можело да произведе неколку нови и иновативни стратегии што може да се користат. Зафаќањето со краткотрајните атмосферски загадувачи отвора важен пат кон справувањето со загадувањето на воздухот и зауздувањето на климатските промени.

Извор URL: https://www.wri.org/blog/2018/10/curbing-climate-change-and-preventing-deaths-air-pollution-go-hand-hand

Links                                                                                                                                                                                                     

[1] https://www.wri.org/profile/katherine-ross

[2] https://www.wri.org/profile/jessica-seddon

[3] http://www.who.int/airpollution/events/conference/Objectives/en/

[4] http://www.ipcc.ch/report/sr15/

[5] https://www.wri.org/blog/2018/10/8-things-you-need-know-about-ipcc-15-c-report

[6] http://report.ipcc.ch/sr15/pdf/sr15_faq.pdf

[7] https://www.wri.org/blog/2018/10/3-charts-explain-one-most-overlooked-opportunities-address-climate-change-and-poverty

[8] https://www.ipcc.ch/pdf/assessment-report/ar5/syr/SYR_AR5_FINAL_full.pdf

[9] http://ccacoalition.org/en/slcps/tropospheric-ozone

[10] https://newclimateeconomy.report/2018/key-findings/

[11] https://www.thelancet.com/pdfs/journals/lanplh/PIIS2542-5196(18)30029-9.pdf

[12] http://www.wri.org/publications/reducing-SLCPs

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close