Овој превкусен бургер спречува исто толку емисии колку и да тргнете два милиони возила од улиците

ИНСТИТУТ ЗА СВЕТСКИ РЕСУРСИ


Бургерите можеби се најприсутен оброк на чиниите на Американците, но се исто така меѓу оние јадења за кои се потребни најмногу ресурси да се подготват: за производство на говедското месо се користи речиси половина од земјиштето и се создаваат половина од емисиите кои произлегуваат од производството на храната што ја јадат Американците. Иако има сé поголем интерес за растителните бургери и за други алтернативи, за милиони луѓе кои сé уште сакаат да нарачаат говедско, има подобра опција: мешавина од говедско и печурки кој меѓу другото има и засолен вкус на месо со значително помало влијание врз животната средина.

Американците јадат околу 10 милијарди бургери годишно.  Замената на 30 проценти од говедското во тие бургери со печурки ќе придонесе за следното:

·         Ќе се намалат емисиите на стакленички гасови од земјоделство за 10,5 милиони тони еквивалент на јаглероден диоксид (CO2e) годишно, што е еднакво на ефектот што би се постигнал доколку 2,3 милиони автомобили (и нивните годишни емисии од издувните гасови) веќе не би возеле на патиштата. Тоа е како сите жители во Сан Диего од еднаш да престанат да користат автомобили;

·         Ќе се намали побарувачката за вода за наводнување за 83 милијарди галони, количина која е еднаква на годишната потрошувачка на 2,6 милиони Американци за домашна употреба; и

·         Ќе се намали глобалната побарувачка за земјоделско земјиште за повеќе од 14.000 квадратни милји, површина која е поголема од државата Мериленд.




Бургерите од говедско и печурки имаат одличен вкус, а помало влијание

Кулинарскиот институт на Америка и други организации препорачуваат да се измеша храната со растително потекло во оброците од месо како еден од начините да се смени исхраната на најголем број потрошувачи без да мора тие да го променат начинот на живот.  Печурките имаат текстура која е слична на месото, ја задржуваат влагата и имаат умами вкус кој може да го засили вкусот на бургерот а истовремено им овозможува на готвачите да го намалат внесот на сол во храната. Овие бургери може да се подготват и со помалку калории и заситени масти во споредба со бургерите кои се цели од месо со што се и поздрав избор. Меѓу оние карактеристики кои се важни за потрошувачите – како вкусот, текстурата, изгледот и способноста потрошувачот да се чувствува сит откако ќе заврши со оброкот - бургерот од говедско и печурки добро котира во однос на конвенционалниот бургер од говедско месо.


Бургерите од говедско и печурки се добри за бизнисот       

Измешаните бургери се возбудлива можност за да се постигне одржливост на рестораните и производителите на храна, бидејќи производството на говедско месо претставува значителен извор на емисии на стакленички гасови. Така на пример компанијата МекДоналд проценува дека 28 проценти од нивниот јаглероден отпечаток - износ приближен на количество енергија која се користи во сите ресторани и канцеларии на компанијата - доаѓа од производството на говедско. Слично на ова, ланците за снабдување со земјоделски производи предизвикуваат дури повеќе од 90 проценти од вкупната потрошувачка на вода во оваа компанија.  За производство на говедско се користи особено многу вода, бидејќи потребно е повеќе вода за наводнување на килограм производ од која било друга храна од животинско потекло. Имајќи предвид дека компаниите сé повеќе си поставуваат цели за намалување на емисиите и мудро користење на водата засновани на научни решенија, мешаниот бургер е одржлива стратегија која е рамо до рамо со обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, ефикасноста во употребата на водата и мерките за намалување на отпадот.

За среќа, бургерот од говедско и печурки исто така не го зголемува трошокот за производителите и продавачите. Влијанието врз трошоците и профитабилноста ќе зависи од релативните цени на говедското и печурките, од ефектот врз времето потребно да се подготви оброкот, потребата за дополнителна обука за готвачите и дополнителна опрема, како и од цената на мешаните бургери на менито. При тестирање на идејата во 2014-15 во едно училиште во Балтимор, се утврди дека мешаниот бургер би можел да биде барем со иста цена како традиционалните бургери од говедско месо. Со текот на времето, доколку производителите и дистрибутерите на храна продаваат претходно подготвени мешани бургери, со економијата од обем тие би можеле да станат дури и попривлечен бизнис за рестораните и синџирите за храна.

Мешаниот бургер веќе започнува да се пробива во САД. Минатиот месец, Better Buying Lab членка на Sodexo ја воведе “Природната мешавина”, мешавина од говедско и печурки чија цел е да се зголеми побарувачката на потрошувачите за одржлива храна која има помало влијание врз животната средина. Ќе се користи во јадења како бургери, лазањи и чили на работните места, универзитетите и во други ситуации во земјата. Уште еден член на Лабораторијата, Претпријатието за сместување и исхрана на Универзитетот Стенфорд ексклузивно нуди мешани бургери веќе неколку години. А кон средината на 2017 година, Sonic стана првиот национален синџир за бургери кој му се придружи на трендот, тестирајќи ги Sonic Slingers— како „најсочни бургери до сега”— на неколку локации во САД.

Better Buying Lab на Светскиот институт за ресурси, работи со другите компании членки и партнери во кулинарскиот свет да ги подобри и да обезбеди поголема застапеност на мешаните бургери на пазарот. Ова вклучува истражување и тестирање на подобри имиња кои исто така може да ја зголемат побарувачката. Потенцијалот е толку голем што оваа лабораторија го промовира мешаниот бургер како едно од сопствените три основни Можни јадења, одржливи јадења на менито со потенцијал да почнат нашироко да се користат.


Едноставна промена за поодржлива исхрана

Промената кон поздрава и поодржлива исхрана не мора секогаш да значи голема промена во животот на луѓето. Мешаниот бругер е одличен пример за производ кој има повеќе придобивки - подобар е за животната средина, подобар е за здравјето и им се допаѓа на потрошувачите.

Мешањето на растителни производи во бургерите е само почеток.  Имајте предвид дека само една третира од меленото месо се консумира како бургери во САД. Ако растителните производи се мешаат во  сите јадења со мелено месо - такоси, чили, лазањи, ќофтиња, сосови за тестенини и слично - вкупниот потенцијал за заштита на животната средина е многу поголем.

Производителите и дистрибутерите на месо, рестораните, готвачите, синџирите за продажба на храна и продавниците сите имаат своја улога во спроведувањето на оваа вкусна стратегија за промени.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close