Климатските промени-реалност или илузија

Правилна комуникација и споделување на податоци засновани врз научни истражувања со сите засегнати страни и на потребно ниво


(07.12.2018г.) „Климатските промени-реалност или илузија“ е темата на која денес претставниците на граѓанските здруженија разговараа со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) кои работат на темата климатски промени. Настанот е организиран по повод одржувањето на глобалната Конференција за климатски промени во Полска (СОР24, Катовице, 2-14 декември 2018г.).

Нагласувајќи дека постои цврст линк помеѓу климатските промени и другите области на животната средина меѓу кои и аерозагадувањето, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули рече дека ова е област каде што Македонија има исклучително добар напредок и  според светските критериуми е препозната како една од 16-те климатски најамбициозни држави. Според него, Македонија е   една од ретките земји каде веќе започна да се работи Четвртиот национален извештај и Третиот двогодишен извештај за климатски промени по што сме многу понапред и од некои држави членки на ЕУ. Успехот во оваа област Макрадули го гледа во исклучитело добрата соработка со академската заедница, пред се со МАНУ, со УНДП, проектната единица која што се грижи за климатските промени и секако и невладиниот сектор.

Заклучоците од последниот Меѓувладин панел за климатски промени на кој се разгледуваше како разликата од половина степен целзиусов  влијае врз климата и врз планетата Земја воошто, ги презентираше д-р Наташа Марковска од МАНУ. Според нејзе потребна е итна акција за да се ограничи температурата и да се зголемат амбициите.

Павлина Здравева, проектен менаџер од УНДП ги презентираше  активностите и истражувањата од Вториот двогодишен извештај за климатски промени, ги објасни  алатките за визуелизација на резултатите и ги најави  следните активности.

На претставниците на невладиниот сектор им беа презентирани и интернет алатките, со кои можат многу едноставно да ги споделуваат, но и да ги добиваат информациите од националната веб страница: www.klimatskipromeni.mk која треба да прерасне во национална платформа за #КлиматскаАкција.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close