Започнува нова ера на глобални активности против климатските промени согласно Договорот од Париз за климатските промени

Новости на ОН за климатските промени


Владите усвоија голем пакет насоки за спроведување на целите поставени во Договорот од Париз за климатски промени од 2015.

Спроведувањето на Договорот ќе им користи на сите народи, особено на оние најранливите.
Договорениот „Климатски пакет од Катовице“ има за цел да го активира режимот за борба против климатските промени од Договорот од Париз. Под закрила на Секретаријатот на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, овој пакет мерки ќе промовира меѓународна соработка и ќе поттикнува поголема амбиција.
Пакетот ќе поттикне доверба меѓу народите дека сите држави ја исполнуваат својата улога во решавање на придизвиците што ги носат климатските промени.
Претседателот на 24-от Климатски самит, г. Михал Куртика од Полска, изјави: „Сите држави работеа неуморно. Сите држави ја покажаа својата посветеност. Сите држави можат да заминат од Катовице со чувство на гордост, знаејќи дека трудот не им бил залуден. Насоките содржани во Климатскиот пакет од Катовице обезбедуваат основа за договорот да почне да се спроведува од 2020.“
Пакетот од Катовице содржи насоки кои ќе ја операционализираат рамката за транспарентност.
Тој го утврдува начинот на кој земјите ќе обезбедуваат податоци за нивните Национални придонеси (NDCs) што ги опишуваат домашните мерки преземени против климатските промени. Овие податоци вклучуваат мерки за ублажување и адаптација, како и поединости за финансиската поддршка за мерки против климатските промени во земјите во развој.
Покрај тоа, Пакетот содржи и насоки што се однесуваат на:
•    Процесот за воспоставување нови финансиски цели за поддршка на земјите во развој за периодот 2025 натаму, што ќе се надоврзат на тековната финансиска цел за мобилизирање на 100 милијарди американски долари годишно од 2020.
•    Како да се спроведе Глобална оценка на ефикасноста на мерките против климатски промени во 2023 г.
•    Како да се оценува напредокот во развојот и трансферот на технологија.
Извршниот секретар за климатски промени на ОН, г-ѓа Патрициа Еспиноза, изјави: „ Ова е извонредно достигнување! Мултилатералниот систем испорача солиден резултат. Ова е детален план со кој меѓународната заедница решително ќе се зафати со климатските промени.“
„Насоките кои ги содржи Пакетот и на кои деноноќно работеа делегациите се избалансирани и јасно отсликуваат како одговорностите се расподелени помеѓу државите во светот,“ рече таа.
„Тие го инкорпорираат фактот дека различните земјите се со различни способности, различна економска и социјална реалност, но истовремено обезбедуваат темел за повисоки цели,“, додаде таа.
Договорените насоки значат дека сега земјите ќе можат да ги воспостават националните системи што се потребни за спроведување на Договорот од Париз по 2020. Истото ќе биде направено и на меѓународно ниво.
Дејствувајќи заедно, овие системи ќе осигурат земјите да можат да преземаат мерки во атмосфера на доверба и да го оценат напредокот остварен со мерките кои ги превземале против климатските промени.
„Иако некои поединости ќе треба да се доработуваат и подобруваат со текот на времето, системот е во голема мерка воспоставен,“ изјави г-ѓа Еспиноза.
Главните проблеми што допрва треба да се решат се однесуваат на користењето на корпоративни пристапи, како и на одржлив развоен мехнизам, како што е наведено во Членот 6 од Договорот од Париз. Овие мерки би им овозможиле на земјите да исполнат дел од своите домашни мерки за ублажување на состојбата користејќи ги таканаречените „пазарни механизми“.
Пазарните механизми обезбедуваат флексибилни инструменти за намалување на трошоците за намалување на емисиите, на пример пазарите за емисии на јаглерод диоксид.
Тука, Договорот од Париз ја согледува потребата од глобални правила со кои ќе се гарантира интегритетот на усилбите на сите земји.
Овие глобални правила се важни за да се осигури дека ќе биде земена предвид секој една тон емисии на стакленичи гасови испуштени во атмосферата.
На овој начин, напредокот кон остварувањето на целите од Договорот од Париз за ограничување на емисиите ќе може точно да се мери.
„Од почетоците на Конференцијата, многу брзо стана јасно дека ова е едно од оние подрачја во кои сѐ уште треба многу да се работи и дека деталите потребни за внесување во практика на овој дел на Договорот од Париз сѐ уште не се доволно истражени,“, објасни ѓа Еспиноза.
„По многу богати размени на мислења и конструктивни дискусии, најголемото мнозинство земји беа волни да се согласат и да ги вклучат насоките за операционализирање на пазарните механизми во целокупниот пакет,“, рече таа.
„За жал, на крајот, не беше возможно да се надминат разликите.“
Поради тоа, земјите се согласија да ги финализираат деталите за пазарните механизми догодина, за да се усвојат на наредната Конференци на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (COP25).

Дијалог Таланоа и активностите пред 2020
Дијалогот Таланоа поведен од Фиџи, целогодишен инклузивен дијалог за целта одредена со Договорот од Париз, заврши на 24-та Конференција, со Извештајот за глобалното затоплување од 1,5 целзиусови степени, поднесен од Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC) како главен придонес.
„Како што укажува усвоената одлука, присутно е јасно признавање на улогата на Меѓувладиниот панел за климатски промени во обезбедувањето научен придонес во информирањето на земјите кон јакнење на нивниот одговор на заканата од климатските промени“, истакна г-ѓа Еспиноза.
„Им благодарам на сите експерти за големиот труд и значајниот придонес кон работата на Меѓувладиниот панел за климатски промени“, додаде таа.
 Од последната сесија на високо ниво во Катовице произлезе Повикот “Таланоа за акција”, со кој се повикуваат сите земји и засегнати страни да почнат без одлагање да преземаат мерки.
Земјите се поттикнуваат да го претворат исходот на дијалогот во поамбициозни мерки и да ги ажурираат своите Национални придонеси, во кои се даваат деталите за мерките преземени во врска со климатските промени, во 2020.
Оценката на акциите предвидени во соодветните национални придонеси им даде на земјите можност да го проценат своето тековно ниво на посветеност. Следниот ваков циклус е предвиден во 2019.
„Иако има, се разбира, јазови што остануваат, увидот во мерките што трееба да се преземат пред 2020 и Дијалогот Таланоа јасно покажаа дека светот има изградено цврст темел за дејствување во однос на климата, согласно Договорот од Париз “ изјави г-ѓа Еспиноза.

Најважни објави
Голем број развиени земји ветија финансиска поддршка што ќе им овозожи на земјите во развој да преземат климатска акција. Ова е особено важно за надополнувањето на Зелениот климатски фонд (Green Climate Fund – GCF).

Земјите добиваат значајни позитивни сигнали за првото официјално надополнување на Зелениот климатски фонд, а Германија и Норвешка објавија дека ќе ги удвојат своите придонеси.
Фондот за адаптација доби вкупно 129 милиони американски долари.
Вклучувањето на мултилатералните развојни банки (MDBs), меѓународните организации, бизнисите, инвеститорите и граѓанското општество на 24-та Конференција, помогна да се изгради политичката волја за исходот од Катовице.
Многу од нив настапија со важни објави, коишто беа од клучна важност за градењето на моментум. Меѓу нив се:
•    Ветувањето на Светската банка за 200 милијарди американски долари за финансирање на климатските мерки за периодот 2021-2025;
•    Објавата од Мултилатералните развојни банки (MDBs), дека ќе ги усогласат своите активности со целите на Договорот од Париз;
•    Преземената обврска на петнаесет меѓународни организации своето работење да го направат неутрално во однос на климата;
•    Објавата од Коалицијата на градови C40, чии членки се градови од целиот свет, дека ќе работат со Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) на идентификување на начините на кои Извештајот за глобално затоплување до 1,5 целзиусови степени може да се примени во мерките против климатските промени што ќе ги преземаат градовите.
На настаните на Високо ниво беа слушнати и многу други најави и беа презентирани инспиративни примери на климатски мерки (за повеќе, видете овде).
Следната Конференција за климатските промени на Обединетите нации ќе се одржи во Чиле, а во догледно време, низ консултации, ќе се утврди градот и точниот датум на одржувањето на конференцијата.

За Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC)
Со своите 197 потписнички, Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) има речиси универзално членство и е првичниот договор од кој произлезе Договорот од Париз за климатските промени во 2015. Главната цел на Договорот од Париз е зголемувањето на глобалната просечна температура да се држи под 2 целзиусови степени и да се прават усилби порастот на температурите да се ограничи уште повеќе, на 1,5 целзиусови степени во споредба со пред-индустриските нивоа. UNFCCC е, исто така, првичниот договор за Протоколот од Кјото од 1997. Крајната цел на сите спогодби и договори согласно UNFCCC е да се стабилизираат концентрациите на стакленичките гасови во атмосферата на ниво кое ќе спречува нарушувања на климатскиот систем од страна на човечки фактор, во временска рамка која овозможува екосистемите природно да се приспособат и која овозможува одржлив развој.


{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close