Како до зголемена електромобилност во Македонија

Неопходноста на Стратегијата за електрификација на транспортот

Како до зголемена електромобилност во Македонија

Неопходноста на Стратегијата за електрификација на транспортот


Бенефитите од електромобилите се веќе јасно познати, како во делот на борбата против загадувањето на воздухот и животната средина така и во делот на намалување на бучавата, поради што електричните возила се веќе реалност и многу држави во светот ги прифатија како нов тренд во мобилноста.


Енормната загаденост на воздухот во Скопје и низ целата држава за жал ја вбројува Македонија меѓу најзагадените држави во Европа. Сообраќајот како причинител зема сериозен удел со 20% од вкупното загадување на воздухот во нашата држава.

Како една од основните начини за борба против загадувањето од сообраќајот потребно е д страна на Централната и локалните власти да се креира Стратегија за електрификација на транспортот, по примерот на многу градови и држави во Европа. Во изготвување на една ваква стратегија покрај државата активно учество треба да земе граѓанскиот сектор, научната фела и приватниот сектор.

Како еден од основните активности кои треба да го опфати ваквата стратегија претставува инфраструктура од брзи полначи поставена по главните коридори во државата, што би овозможило брзо и непречено гравитирање на електричните и приклучни хибридни возила низ Македонија. Воедно ваквата инфраструктура би ја поврзала нашата држава со останатите држави од регионот во процесот на транзит на електрични и приклучни хибридни возила кои доаѓаат од други држави од Европа.

Македонија е реално мала држава и најдолгите делници по главните коридори во најголем број од случаите не се подолги од 200 км. Како пример:

-          Граничен премин Блаце (Србија) – Богородица (кон Грција) – околу 175 км;

-          Граничен премин Блаце (Србија) – преку Радовиш – Граничен премин Ново село (кон Бугарија) – 170 км;

-          Граничен Премин Блаце (Србија) – Граничен премин Деве Баир (кон Бугарија) – 80 км;

-          Скопје – преку Кичево - Битола – Граничен премин (кон Грција) – околу 200 км.

Ако се користат меѓународните пракси, поставување на брзи полначи е препорачливо на растојание од околу 60 км. Примената на оваа пракса на територијата на Р.Македонија би значело покривање на целата територија на државата по главните коридори со не повеќе од 10 – 12 брзи полначи. Финансиската конструкција за еден ваков проект за една држава е безначаен доколку ги земеме во предвид бенефитите и предностите кои би ги добиле во насока на обезбедување на основни предуслови за користење на електричните возила без разлика на нивниот опсег (range) на изминати километри со едно полнење на батериите. Ваквиот предлог од инфраструктура за брзи полначи се базира на фактот што во Македонија веќе е во фаза изградба на инфраструктура од полначи со помала моќност (и подолго време на полнење на возилата) од страна на приватни инвеститори која е лоцирана во градовите низ државата.

Визуелниот пример како би изгледала една ваква инфраструктура од брзи полначи е прикажан на сликата подолу:



Покрај инфраструтирата од брзи полначи стратегијата за електрификација на транспортот потребно е да ги содржи и следните мерки значајни во процесот на посериозен и темелен пристап во прифаќање на електромобилноста:

Субвенции за набавка на електрични и приклучни хибридни возила и е-возила од различни рангови (е-скутери, е-велосипеди, е-автобуси, товарни е-возила....) ;

Субвенција при набавка на полначи за електрични возила за сопствени потреби;

Субвенционирање на физички и правни лица кои ќе извршат конверзија на возило од мотор со внатрешно согорување во возило на електричен погон;

Мотивациони бенефиции за идните и актуелни сопственици на е-возила и приклучни хибридни возила (бесплатни паркинзи без ограничување на времето на престој, бесплатни патарини, намалени трошоци за регистрација, намалени увозни трошоци ....);

Електрификација на јавниот транспорт (трамвај, e-такси, e-автобуси). Скопје конечно заслужува модерен и квалитетен еколошки транспорт кој значително ќе допринесе кон промена на навиките на граѓаните, намалување на бучавата и загадувањето на воздухот и животната средина. Ова воедно ќе значи и постепено исклучување на дизел автобусите и такси возилата кои генерално изминуваат најголем број на километри во текот на денот и значително го загадуваат воздухот;

Стимулативни мерки за компаниите за замена на застарениот возен парк со е-возила

(такси компании, компaнии за дистрибуција и транспорт, поштенски сервиси ...). Се работи за правни лица кои во моментов прават голема километража со своите возила низ целата територија на државата во остварување на своите деловни обврски;

Набавка на е-возила за потребите на јавната администрација. Државните институции мора да бидат јасен пример за значењето на електричните и приклучните хибридни возила во насока на подигнување на јавната свесност;

*Стандардизација и усогласување со Европската регулатива во делот на електромобилност (Renewable Energy Directive (2009/28), Fuel Quality Directive (2009/30), Clean Vehicles Directive (2009/33), Regulation of pollutant emissions, Regulation of CO₂emissions, the Directive 2014/094 on the deployment of infrastructure for alternatively fuelled vehicles…). Македонија како земја аспирант за влез во Европската Унија треба сериозно да се заземе кон усогласување на ваквите директиви во насока на намалување на загадувањето од сообраќајот преку примена на зелени транспортни средства.

Едукација (основно, средно и високо образование). Едукацијата и подигнување на свесноста кај најмладите за значењето на електричните возила, на долг рок е еден од најзначајните аспекти во прифаќањето на новите трендови.

Фонд за субвенционирање (еколошки такси) – Фондовите за субвенционирање мора да се темелат на база на различни извори, како на пример преку зголемување на еколошка таксата од гориво, еколошката такса при регистрација да зависат од емисијата на штетни гасови (оние кои најмногу загадуваат најскапо плаќаат), еколошките такси при увоз да се плаќаат и за нови возила зависно од емисијата на штетни гасови .... ;

Промена на законодавството во делот на увоз на стари возила. Лошите политики во минатото за увоз на стари возила е една од главните причинители за застарениот возен парк во нашата држава кој што во моментов ги покажува за жал лошите ефекти и допринесува сообраќајот со сериозен удел од 20% за биде втор главен загадувач на воздухот;

Демотивирачка политика за употреба на дизел возилата и возилата со висок степен на емисија на штетни гасови (еколошки налепници, ограничување на користење на возила под Еуро 4 во централното градско подрачје и сл.);

Можност за изработка на мали електрични возила и конверзија од класично во електрично возило, ICT for Electromobility (start-up програми финансирани преку фондот за иновации и технолошки развој ). Електромобилноста нуди огромни можности за нови бизнис идеи и проекти кои на почетокот може да бидат и стимулирани од страна на државата.


Се со цел координирана имплементација на една ваква стратегија за електрификација на транспортот и стандардизација на инфраструктурата за полнење на возилата препорачливо е креирање на државна институција (т.н. Агенција за електромобилност) кое како пракса постои во некои држави во Европа. Ваквата институција покрај другото воедно ќе има и задачи да аплицира за грантови и фондови од Европската Унија за промовирање на електричниот транспорт и заедно со невладиниот сектор, научната фела и приватниот сектор да работи на подигнување на свесноста на граѓаните за значењето на електричните возила и следење на ефикасноста од спроведените мерки во рамки на ваквата стратегија.

Само на еден ваков темелен начин може да бидеме сигурни во резултатите кои на крајот треба да доведат до поздрава животна средина, нови навики и поздраво општество.

Оливер Велковски

Здружение за електрични возила Електромобилност Македонија

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close