Пронајдете го своето место во Глобалното урбано движење за борба против климатските промени

Новости од областа на климатските промени


Градот Питсбург се фокусира на подобрување на квалитетот на воздухот и на создавање на работни места во секторот за производство на обновлива енергија. Париз ја поттикнува социјалната мобилност и повторно ги воведува пешачките зони. Заедничко за плановите за климатска акција на овие градови е заложбата за исполнување на обврските кои ги презеле 197 земји со потпишувањето на Парискиот Договор.

„Единственото правилно нешто што можат да го направат жителите на Питсбург и Париз е да се придржуваат до начелата на Парискиот Договор, со што се гарантира идното здравје и просперитет и на двата града - како и на секој друг град во светот“, напишаа градоначалниците Вилијам Педуто и Ен Идалго во весникот Њујорк Тајмс како одговор на објаснувањето на претседателот на САД Трамп за повлекување на САД од Договорот.

И навистина, силното лидерство во однос на климатските промени не е ново за градските предводници. Намалувањето на емисиите и подобрувањето на отпорноста се заеднички напори кои создаваат транснационални мрежи на урбани планери, носители на одлуки и загрижени граѓани, меѓу кои и C40Глобалниот пакт на градоначалниците за клима и енергија и Организацијата на локалните самоуправи за одржливост (ICLEI). Градовите предизвикуваат речиси 70 проценти од светските емисии на јаглерод и се ранливи пред некои од најштетните ефекти на климатските промени, меѓу кои и порастот на нивото на морето и лошиот квалитет на воздух - а најголем дел од градовите растат, со што се влошуваат овие проблеми.

Работата на WRI со овие урбани мрежи и директно со повеќе од 100 града во светот покажа дека најдобрите решенија доаѓаат од ангажирани граѓани и населени места, бизниси и групи граѓани во заедницата. Што може да направи еден човек, за градовите да станат поздрави, поодржливи и попродуктивни? Треба да се почне со поставување на три главни прашања.

Како се движите?

Ако градовите се на првата линија на борбата со климата, транспортот е првата битка. Од градовите потекнуваат 40 проценти од сите емисии на јаглероден диоксид од патниот сообраќај во светот, што значи дека начинот на кој луѓето живеат и се движат во градовите нуди можности значително да се намали влијанието врз животната средина. Ова може да биде можност за решавање на единствените локални предизвици. Дали велосипедистите се чувствуваат безбедно на улиците? Дали има лесно достапен, сигурен автобуски превоз?

Како поединец, можете да се борите за одржлива мобилност и да барате добро поврзан јавен транспорт и безбедна инфраструктура за велосипедизам. На пример, во Бразил, Светскиот институт за ресурси помогна во Куритаба и во Рио де Женеиро да се креираат и да се спроведат истражувања со повратни информации за нивните автобуски системи за брз транзит или BRTs, за да привлечат повеќе лица што ќе ги користат. Овие повратни информации доведоа до побезбеден, поудобен јавен транспорт и во двата града. Куритиба го подобри осветлувањето и безбедноста, ја реновираше инфраструктурата и ги зголеми капацитетите. Во Рио, задоволството на граѓаните се зголеми од 1,7 на 5,8 (на скала од 0 до 10). Ако јавниот транспорт е побезбеден и подостапен, тогаш ќе има помалку автомобили на патиштата, помалку гужви и помалку емисии.

Во каква зграда живеете?

Зградите во кои живеат и работат луѓето во градовите предизвикуваат 25 проценти од светските емисии на јаглерод диоксид . Ефикасноста можете да ја подобрите со тоа што ќе барате подобри енергетски карактеристики на зградите или со тоа што ќе изберете да живеете во зграда со помали емисии.

Во новата стратегија за отпорност, службените лица во Да Нанг, Виетнам, град во кој живеат повеќе од милиони луѓе, работат енергетската ефикасност да стане приоритет за инвеститорите и да ги прошират ресурсите и знаењето за употребата на енергијата во некои од нивните најголеми згради. Покрај штедењето енергија, ефикасноста на зградите е еден од најлесните начини за намалување на емисиите и подобрување на квалитетот на локалниот воздух. Проектот на WRI за подобрување на ефикасноста на зградите ќе работи со властите во Да Нанг на оваа и на неколку други иницијативи кои ќе се спроведуваат оваа година.

Како сте поврзани?

Последниот чекор е да ги поставите вистинските прашања за вашиот град. Дали вашиот градоначалник има план за климатска акција? А дали имаат план за отпорност? Дали се мерат локалните емисии? Има многу работи што градовите може да ги научат едни од други, но сепак секој град мора да најде сопствени единствени решенија.

Подобрувањето на начинот на кој се поврзувате со вашите сограѓани и долгорочниот план на вашиот град може да ја подобрат животната средина и вашата добросостојба. Не чекајте вашиот град да подготви климатски план; вие можете и денес да лобирате за подобри системи, почнувајќи од велосипедски патеки па до поважни прашања како што се рамномерниот развој.

На пример градот Порто Алегре, во Бразил во својата прва општинска стратегија за отпорност вклучи сеопфатни индивидуални индикатори. Светскиот институт за ресурси во Бразил помогна да се изработат мерила за социјална кохезија, перцепција на ризик, економски ресурси и едукација. Овие индикатори ќе обезбедат носителите на политики да ги земат предвид при изработката на долгорочните планови на градот.

Центарот Рос на Светскиот институт за ресурси за одржливи градови беше основан со идеја дека трансформативните урбани промени се случуваат во повеќе од една политичка администрација и во текот на една деценија или и подолго. Имајќи ги предвид ваквите начини на размислување за урбаната одржливост, можете да помогнете вашиот град да се движи во вистинската насока.

Преземено на 24.07.2017 од 

http://www.wri.org/blog/2017/06/finding-your-place-global-urban-movement-fight-climate-change?utm_campaign=wridigest&utm_source=wridigest-2017-06-27&utm_medium=email&utm_content=image


{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close