Три брзи лекции кои нѐ учат да ги сакаме нашите шуми

Меѓународен ден на шумите, 21.03.2019


Шумите се составен дел од нашите животи и тоа на многу сложени начини кои допрва почнуваме да ги разбираме. Почнувајќи од намалување на стресот па сѐ до апсорбција на јаглерод (http://bit.do/eMumw) и регулирање на климата (http://bit.do/eMuh6), тие имаат голема улога за нашето здравје и здравјето на нашата планета. 21 март е Меѓународниот ден на шумите и оваа година се фокусираме на образованието со кое ќе се обезбеди луѓето - децата, носителите на политики, финансиерите и луѓето кои живеат во заедници во близина на шумите – да ја знаат вредноста на шумите и зошто е важно да ги заштитуваат.

Во кампањата со која се промовира одбележувањето на Меѓународниот ден на шумите, преку моќни пораки и примери, Обединетите нации ја поттикнуваат светската заедница да научи да ги сака шумите на нашата планета. Подолу наведуваме некои од пораките преку приказните кои неодамна беа објавени на блогот на ГЕФ и на Медиум.

Разбирањето на шумите и одржувањето на нивното здравје е исклучиво важно за нашата иднина. Шумите ќе станат поважни од кога и да е кога населението во светот ќе достигне 8,5 милијарди до 2030 година. – Меѓународниот ден на шумите 2019 година, Главната порака на ОН.

Шумите покриваат една третина од површината на планетата. Шумите ја одржуваат биолошката разновидност, ги штитат земјените и водните ресурси и играат значајна улога во ублажувањето на климатските промени. Брзиот развој и борбата за употреба на земјиштето, особено за земјоделското земјиште и пасиштата, комерцијалните плантажи и ширењето на инфраструктурата предизвикаа губење на големи делови од шумите во светот.

Како што расте населението во светот, борбата за земјиштето ќе станува се поизразена. Веќе ги гледаме негативните влијанија од оваа борба за ресурси. Во текот на последните 25 години, површината под шуми во светски рамки се намалила за 3%.

Еден различен пристап за долгорочен развој може да се тестира во Амазонија, во сливот на реката Конго и во важните сушни предели во различни места во светот. ГЕФ презема важни чекори за да се заштитат овие подрачја од деградација на шумите. Можеме многу да загубиме. Сливот на Конго содржи толку многу апсорбиран јаглерод што неговото ослободување би било еднакво на вкупните емисии од фосилни горива во светски рамки за период од три години или на емисиите на стакленички гасови од САД во период од 20 години.

Во својот најнов блог, експертот за животната средина од ГЕФ, Жан Марк Синасами, пишува за своите обиди да ги донесе на едно место експертите и носителите на политики од неколку земји кои се лоцирани во сливот на реката Конго за да разговараат за одржливо управување со шумите. Прочитајте повеќе за програмата Одржливи предели во сливот на Конго и за регионалните консултации од Либревил.

Никогаш не сте премногу млади за да почнете да учите за дрвјата. Ако им помогнеме на децата да се поврзат со природата ќе создадеме идни генерации кои се свесни за придобивките од дрвјата и шумите и за потребата со нив одржливо да се управува.  – Меѓународниот ден на шумите 2019 година, Главната порака на ОН. 

Децата имаат природен интерес за шумските предели, но без образование, овој интерес може да избледи со растењето. Хасита Брамар, аналитичарка за заштита на дивиот свет во Светската банка дава совети за тоа како да се вклучат децата во едукацијата за шумите согласно нејзиното искуство од резерватот за тигри Пенч во централна Индија.

Нејзината прва препорака е да се искористи интересот на децата со тоа што ќе им се овозможи да истражуваат. Ништо не може да го замени директно практично учење со кое се активира љубопитноста. Погледнете ги нејзините најнови две препораки и прочитајте повеќе за ова во Медиум. И додека сте таму, не заборавајте да го следите и ГЕФ!

Инвестирањето во образованието за шумите може да го подобри светот. Образованието ќе обезбеди научниците, носителите на политики, шумарите и локалните заедници да работат заедно за да го спречат уништувањето на шумите и да работат на обнова на деградираните предели. – Меѓународен ден на шумите 2019 година, Главната порака на ОН. 

Без едуцирана група на луѓе коишто ќе работат за оваа цел, земјите нема да бидат добро опремени за да го заштитат шумскиот предел и да спречат деградација на животната средина. Потребно е да започнеме со повеќенаменски пристап за да ги решиме проблемите поврзани со животната средина, меѓу другото и да се воведе образование за животната средина и да се поттикнува доживотно учење за шумите и за другите богатства на животната средина и да се поттикне активизам за да се едуцираат носителите на политики за важноста на сите овие прашања.

Самите направете го првиот чекор и почнете да учите сега. Погледнете ги овие три видеа за шумите кои се поставени на нашиот Медиум.

Честит меѓународен ден на шумите! Никогаш не сте премногу млади - или премногу стари - да учите за шумите и за тоа како може да придонесете за нивна заштита! 



текстот е преземан од  GEF - Global Emvironment Facility    









{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close