Како националниот одговор кон Договорот од Париз за клима може да придонесе кон развојните политики на државата?

Климатските промени се можност и предизвик

Како националниот одговор кон Договорот од Париз за клима може да придонесе кон развојните политики на државата?

Климатските промени се можност и предизвик


Централната цел на Договорот од Париз е да се зајакне глобалниот одговор на заканата од климатските промени преку одржување на глобална температура во овој век под 2 Целзиусови степени споредено со пред-индустриските нивоа и да се продолжи со напорите за ограничување на зголемувањето на температурата дури и до 1,5 Целзиусови степени.

Дополнително, договорот има за цел да ја зајакне способноста на земјите да се справат со влијанието на климатските промени. За да се постигнат овие амбициозни цели, ќе се воспостават соодветни финансиски текови, нова технолошка рамка и рамка за зајакнување на капацитетите, со што ќе се поддржат активностите од земјите во развој и најранливите земји, во согласност со нивните национални цели. Договорот, исто така, предвидува зголемена транспарентност на активностите и поддршката преку поцврста рамка за транспарентност.
Договорот од Париз бара од сите Страни да ги вложат своите најдобри напори преку национално утврдени придонеси (NDC) и да ги зајакнат овие напори во наредните години. Ова ги вклучува барањата сите Страни редовно да известуваат за нивните емисии и за нивните напори за имплементација.
Токму ваквите глобални барања претставуваат особен предизвик за државите кои имаат цел да бидат дел од европското семејство, каде Европската Унија е лидер на глобалната сцена во преземање на акции за ублажување кон климатските промени и адаптација на најранливите сектори кон истите и каде законодавството за делот клима е едно од најобемните и се потпира на знаење, силни институционални и технички капацитети и човеков капитал. Рационализација на обврските за известување ќе бара ре-структурирање во повеќе области на општеството. Од друга страна, исполнувањето на овие обврски може да се смета за предизвик за воведување на трансформативни промени и можност за воведување нови пристапи во планирањето, развојот и спроведувањето на политиките.
Градењето на т.н климатски отпорно општество со обезбедување на понизок јаглероден раст и развој, треба да базира на синергетски пристап и минимизирање на негативните последици меѓу генералните политики за развој и климатските политики.
Ова значи поттикнување на зголемување на амбициите во секој следен циклус на национални придонеси на државите кон Договорот од Париз преку анализи и предлагање на политики и мерки чие спроведување резултира со максимизирање на ко-придобивките (како потенцијалот за генерирање на ,,зелени,, работни места, здравствени ко-бенефити итн). Се разбира дека веројатноста за успех од воведувањето на одредена нова политика на среден и долг рок, во голем процент зависи од прифатеноста и јасноста на таа политика, што значи унапредувањето на свеста и вклученоста на јавноста е елемент кој паралелно мора да биде адресиран заедно со аспектите на градење на институционланите и техничките капацитети.
Слично на тоа, стратегиите за развој и инвестициските планови треба да ги интегрираат климатските фактори, односно планирањето на просторот и урбаното планирање, како и секторските политики во областите енергетика (вклучително и транспортот), управувањето со водите, земјоделство, шумите, биолошката разновидност и природата, треба да се во насока на обезбедување пониско-јаглероден раст и развој и да се прилагодени на проектираните влијанија од климатските промени.
Ваквиот интегриран пристап бара адаптации во системите на образование, истражување и развој. Анализата на подцелите на целтта 13 за климатските промени, може да идентификува празнини во политиките чие спроведување истовремено би воделе и до остварување на целта 4 за квалитетно образовани. Во националниот контекст, се покажа дека интеграцијата на аспектите поврзани со климата во политиките за образование и политиките за истражување и развој е јаз, но, во некое време, тоа е можност земјата да генерира основа за "мудро" креирање политики со цел понизок јаглероден раст и развој и градење општество поотпорно на идните климатски влијанија, каде што партнерството меѓу науката-политики-бизнис заедницата-јавност е клучен предуслов.
Климатските промени бараат еколошки иновативни пристапи и технологии. Еко-иновациите ќе станат клучни за економскиот раст, конкурентноста и вработувањето. Клучот за создавање на нови работни места, економски раст и благосостојба на населението во Европа е во ефикасни еколошки иновации кои бараат високи стандарди за заштита на животната средина, во комбинација со широк спектар на други економски инструменти - намалување на данокот на додадена вредност за енергетски ефикасни стоки и услуги, зелени јавни набавки итн. Во национален контекст, ова значи вклучување на климатските аспекти и во индустриската и иновативните политики и вкрстено поврзување со целите на одржливиот развој кои се однесуваат на индустријата, иновативноста и инфраструктурата ( SDG број 9) и целта за одржлива потрошувачка и производство 12 ( SDG 12).


Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Државен советник за климатски промени

Др. Грнчаровска Теодора е државен советник за климатски промени во Министерството за животна средина и просторно планирање, одговорно лице за поглавјето клима во националната Програма за усвојување на правото на ЕУ и одговорно лице кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени. Има 20 годишно искуство во развивање на стратешки, програмски и плански документи од областа климатски промени и релевантни секторски политики на национално ниво и има објавено повеќе од 20 научни трудови на оваа проблематика. Принципи врз кои се раководи во својата работа се предлагање на решенија засновани на научни анализи и проекции за климатските промени, придонесувајќи кон пониско јаглеродедн раст и развој и грдење на поотпорно општество на промените на климата со почитување на принципите на транспарентност, инклузивност и партнерство со засегнатите страни.

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close