Вториот двогодишен извештај за климатски промени

како основа за интегрирано планирање на секторите енергија и клима

Вториот двогодишен извештај за климатски промени

како основа за интегрирано планирање на секторите енергија и клима


Вклучувајќи робустнo моделирање и интензивни консултации со релевантните мисистерства и другите чинители, македонскиот Втор двогодишен извештај за климатски промени е важна алатка за усвојување и усогласување со Стратегијата за енергетска унија и за зајакнто стратешко планирање на национално ниво на секторите енергија и клима.

        По поднесувањето на Националните придонеси за Договорот од Париз, и како дел од барањата за известување на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, земјата го подготви својот Втор двогодишен извештај за климатски промени (SBUR) кој е најнов документ базиран на робустно моделирање и интензивни консултации со релевантните мисистерства и другите чинители, со следните цели:
       •    Утврдување и валидирање на можни политики и мерки за ублажување на климатските промени во целните сектори согласно секторските политики и плански документи, како и во склад со Европската политика за клима и енергија;
        •    Утврдување и валидирање на претпоставките кои ќе се користат во моделирањето на определените политики и мерки согласно секторските политики и плански документи, како и во склад со Европската политика за клима и енергија;
      •    Приоритизирање на утврдените политики и мерки и дефинирање на насоки за развој на сценаријата за ублажување со постоечки и со дополнителни мерки.
       Во меѓувреме, земјата е во процес на развивање, дискутирање и усвојување на Стратегија за енергетика согласно новиот Закон за енергетика. Стратегијата има за цел да ги адресира петте клучни димензии на Енергетската унија (сигурно снабдување со енергија, солидарност и доверба; целосно интегрирани внатрешни енергетски пазари; енергетска ефикасност; декарбонизација на економијата; истражување, иновација и конкурентност) и заради тоа е поставена на следните пет столба:
                                                       


       Во многу аспекти, SBUR-от може да се смета како солидна основа за новата Стратегија за енергетика.
Прво, заради кaпацитетот, аналитички и институционален, како и пратиципативниот процес, кои беа создавани, применувани и јакнети при изготвувањето на SBUR-от, но исто така и на Националните придонеси, Првиот BUR и трите Национални извештаи за климатски промени и кои ја донесоа земјата во групата на шеснаесет земји (од 197) кои ги вградуваат своите национални придонеси како цели во националните закони и политики (Only 16 countries meet their commitment to Paris Agreement, new study finds). Конкретно, SBUR-от беше изготвен од високо стручен тим од 17 национални и 1 меѓународен експерт (од кои 40% се жени) применувјќи широк партиципативен пристап. 31 институции (13 владини, 5 меѓународни организации, 6 невладини организации, 5 академски институции и 2 приватни компании) или 124 лица (56% жени) беа вклучени за да обезбедат податоци (12 институции дадоа податоци, од кои најзначаен извор е Државниот завод за статистика), како и за да ги дискутираат и валидираат претпоставките и резултатите. Создадениот капацитет и партиципативна практика беа на располагање за употреба и во рамките на новата Стратегија за енергетика.
      Второ, сценаријата на SBUR-от дефинирани како како WOM (без мерки), WEM (со постоечки мерки) и WAM (со дополнителни мерки) или опстанок, сигурен начин и климатски шампион, одговораат еден на еден со трите сценарија од Стратегијата – референтно, умерена транзиција и зелено. Во двата случаи, користен е моделот МARKAL како алатка за моделирање на сценаријата. Исто така, принципот за дефинирање на сценаријата е ист – да рефлектираат различно ниво на амбиција за намалување на емисиите на стакленички гасови и различна динамика на енергетската транзиција, а со тоа се обезбедува конзитентност во енергетското планирање.
      Трето, политиките и мерките (PAMs) од SBUR-от имаат придонес кон столбовите на Стратегијата за енергетика, како што е прикажано подолу:

         


       Македонскиот SBUR оди подалеку од барањата во Упатствата на Конвенцијата на ОН за климатски промени из изготвување на Двогодишни извештаи кои се однеуваат на земјите што не се во Анексот 1 бидејќи, покарај економската и околинската оценка, во него се адресира и социјалниот аспект преку проценување на ко-придобивките од реализацијата на PAMs за ублажување. Така, проценките се дека преку 6.200 домашни зелени работни места ќе се создадат до 2035 година преку реализацијата на на мерките за енергетска ефикасност во згради и употреба на ниско-јаглеродни технологии за проеизводство на енергија. Оваа добра пракса може да се искористи и да се надгради во рамките на столбот „Истражување, иновација и конкурентност“ на Стратегијата за енергетика затоа што таа дава значајна влезна информација за носењето на политики и одлучувањето во врска со јакнењето на конкурентноста во енергетскиот сектор.
       Понатаму, треба да се спомене студијата СТУГРЕС (Студија за греење на Градот Скопје), која исто така се изготви во рамките на SBUR-от, и која секако дека има значајна улога кога се работи за вклучувањето на општините во локалното енергетско планирање и енергетска транзиција. Ова претставува важен придонес кон столбот „Декарбонизација“ на Стратегијата за енергетика.
       Претставувањето на PAMs од SBUR-от во табеларна форма, со елементи пропишани во Упатствата на Конвенцијата на ОН за климатски промени за изготвување на Двогодишни извештаи, е уште едена пракса која може да се примени во сегашниот, и дури повеќе во престојните енергетски плански документи, како што се Планот за енергетска ефикасност и Националниот акциски план за енергија и клима. Навистина, овој начин на претставување на PAMs со опис, преземени и предвидени чекори, добиени и предвидени резултати, проценети намалувања на емисиите, временска рамка, трошоци, имплементатори, како и индикатори за прогресот, дава солидна основа за следење, известување и верификација (MRV) на постигнувањето на секоја од PAMs, како и за постигнувањето на националните цели за енергија и клима (уделот на обновливите извори на енергија, подобрувањата во енергетската ефикасност и намалувањето на емисиите на стакленичи гасови). Ова подразбира дека на национално ниво е воспоставена и функционира соодветна институциоанлана рамка за MRV, како и ефикаснаен проток на податоци и соработка помеѓу институциите.
       Конечно, македонскиот SBUR, покрај PAMs од енергетскиот сектор, анализира и вклучува во своите сценарија и PAMs од секторите транспорт, земјоделство, шумарство, друга употреба на земјиштето, и отпад, кои исто така се важни целни сектори за климатска акција. На тој начин, SBUR-от ги приближува енергетиката и климатските промени и создава момент за нивно интегрирано планирање.
       Може да се заклучи дека сите овие својства на SBUR-от ја потврдуваат неговата значајна улога во промовирањето и искористувањето на врските помеѓу енергетиката и климатските промени. Кога се адресиираат сѐопфатно петте димензии на Енергетската унија, понатаму, кога се поставуваат патекита за постигнување на договорените цели за 2030 година и кога се гледа перспективата за 2050 година, јасно е дека сегашното и идното планирање на енергетиката може во голема мера да ги користи капацитетите, пркатиката на партиципативност, искуството, алактките и знаењето развиени во процесот на SBUR. Исто така, како што јасно се покажа при изготвувањето на SBUR-от, одржливото партнерство наука-креирање на политики е предуслов за издржано и мудро интегрирано планирање на енергетиката и климатските промени.


НАТАША МАРКОВСКА, ИЦЕОР-МАНУ

Наташа Марковска е научен советник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ и професор по Енергија и климатски промени на две магистерски и една докторска програма на Факултетот за електротехника и информациски технолгии/. Учествувала во 83 меѓународни и национални проекти поврзани со ублажување на климатските промени, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и енергетско планирање, поддржани од UNDP, USAID, WB, Европската комисија, GIZ, македонската и други влади.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close