Преговорите во Бон можат да бидат добра основа за повисока амбиција. Еве како.

Бон, Конференција за климатски промени


Преговорите на 24. Конференција на страните, кои се одржаа во декември 2018 година во Катовице, Полска, завршија со неколку насоки и упатства, кои разговорно се нарекуваат Правилникот за Париз, а во кој е наведено како земјите ќе ги исполнуваат своите обврски предвидени во Договорот од Париз. Откако ја заврши оваа важна задача, извршниот секретар на УНФЦЦЦ, Патриција Еспиноза упати силно барање до сите во 2019 година да се фокусираат на мотото „Амбиција, амбиција, амбиција“. Што може да значи овој фокус на амбицијата имајќи ги предвид јунските преговори во Бон, Германија?


Силна основа за повисока амбиција

Во септември 2019 година, на Самитот за климатска акција кој го свикува генералниот секретар на ОН во Њујорк, се очекува лидерите од светот да донесат конкретни планови за ревидирање и зајакнување на сопствените заложби во однос на климата (познати како соодветни национални придонеси или NDC). Поради тоа, може да се искористи сесијата во Бон за да се разговара за подготовките за Самитот на ОН и за напорите да се спроведат и зголемат амбициите во националните придонеси.

Овој момент, во кој фокусот е на амбицијата треба особено да се нагласи и засили преку постигнување напредок во преговорите во Бон, во однос на следните формални аспекти:

1.     Алатки и правила. Да бидеме сигурни дека ги имаме сите алатки и правила за да се осигуриме дека начинот на кој соработуваат државите не влијае негативно врз еколошкиот интегритет на Договорот од Париз. Страните заминаа од Катовице без договор за тоа како државите ќе соработуваат една со друга со употреба на пазарни механизми со цел да ги постигнат сегашните таргети за намалување и евентуално да ја зголемат амбицијата. Тие механизми мора да се дизајнираат внимателно за да се избегне двојно броење на емисиите.
Покрај тоа, преговорите ќе се осврнат и на должината на временската рамка за постигнување на националните придонеси и на употребата на заеднички обрасци за известување со цел да се евидентираат сите напори на државите на конзистентен и спроведлив начин. Ова подразбира и следење на напредокот за исполнување на климатските обврски и за протокот на средства за поддршка на таквите активности. Иако технички, овие прашања се важни и треба да се решат не само за да се спроведат и оценат напорите на државите, туку исто така и за да обезбеди дека нивото на напорите на државите не се потценува и правилно се разбира.

2.     Водени од науката. Напорите на државите мора да се водат од цврсти разбирања и ефективна употреба на препораките кои произлегуваат од најновите извештаи на Меѓународниот панел за климатски промени. Многу држави сѐ уште ќе го користат просторот за преговарање кој е достапен за дополнително да ги разгледаат импликациите од извештајот за зголемувањео на температурата од 1,5 степени на Меѓународниот панел за климатски промени, но потребно е и да се идентификува како врз основа на ова може да се направи ревизија на нивните национални придонеси и да се истражи можноста Секретаријатот на УНФЦЦЦ да подготви збирен извештај за националните придонеси на државите пред 26. Конференција на страните. Државите исто така може да се обидат да обезбедат доволно време на 25. Конференција на страните да ги земат во предвид препораките од извештаите на Меѓународниот панел за климатски промени за почвата и океаните, кои треба да се објават наскоро.

3.     Верификација. Климатските напори на 28 држави (вклучително и на Обединетото Кралство, Јужна Африка, Бразил, Јапонија, Русија, Нигерија и Австралија) ќе бидат анализирани од други држави со цел да се спроведе процесот на потврдување (верификација) согласно сегашниот режим на УНФЦЦЦ. Овој формат сличен на работилница обезбедува можност државите да разменуваат искуства и да учат од другите држави за успесите и неуспесите кога ги спроведуваат своите обврски. Ова исто така може да ги покаже и предизвиците и можностите кои државите треба да ги земат предвид кога се подготвуваат за следните рунди на национални придонеси и ги разгледуваат основните елементи за поголема амбиција.

И на крајот, во текот на сесијата ќе се организираат многу настани со цел да се осврнеме на односот меѓу климата и човековите права. Ова подразбира споделување на искуства за тоа како да се вклучат родовите аспекти во климатска акција, како да се максимизира улогата на домородните народи и како да се обезбеди праведна транзиција кон зелена економија.


Ефективни финансии и градење капацитети за исполнување на ветувањата од Договорот од Париз

За амбициозна климатска акција потребни се инвестиции, и поради тоа финансиите се секогаш главна тема на преговорите за климата. Покрај техничките преговори за стандардизирање на следењето на поддршката која ја обезбедуваат и мобилизираат донаторите и поддршката која е потребна и која ја добиваат државите, преговарачите ќе дискутираат  и за обезбедување и ефективноста на финансиите, како и за напредокот кон целта за мобилизирање 100 милијарди долари до 2020 година.

Иако тоа не е на дневниот ред за оваа сесија, Зелениот климатски фонд  (GCF) ќе биде на ум на многу преговарачи, бидејќи како најголем климатски фонд тој оваа година ќе го има првото надополнување. Надополнувањето е важен тест за волјата на богатите држави да ја покажат финансиската поддршка за она за што се залагаат и целосно да го обезбедат со финансиски ресурси механизмот чија задача е да им помогне на земјите во развој да ги исполнат целите на Договорот од Париз. Развиените земји треба да го следат примерот на Германија и Норвешка и најмалку да ги удвојат своите првични ветувања дадени во 2014 година.

Исто така има потреба и да се обезбедат соодветни ресурси и за Фондот за адаптација. Овој иновативен фонд добива придонеси не само до владите, туку и донации од поединци (меѓу кои и климатската активистка Грета Тунбегр). Тука ќе се слее и дел од приходот од механизмите за тргување со јаглерод кои се воспоставени согласно Конвенцијата за клима на ОН. Како што државите ќе преговараат за тоа како ќе функционираат пазарните механизми согласно Договорот од Париз, важно е да се обезбеди дека новиот систем овозможува сигурен проток на средства за поддршка на Фондот за адаптација кој има важна улога.

Секако, финансиите и не се толку важни ако државите немаат капацитет да пристапат до нив или да ги користат. Дали можат државите да ја претворат поддршката во соодветни активности на терен, врз основа на климатски податоци и политики кои се засноваат на докази? Најважно е да се градат и мобилизираат капацитети во обем и со динамика која е потребна —на поефективен и пооддржлив начин во споредба со претходно —со цел да се забрза преодот кон климатски-отпорна и ниско-јаглеродна економија која мора да ја видиме до 2050 година.

Имајќи го предвид тој контекст, оваа година, државите ќе мора да одлучат дали и како органите кои се формирани за да поттикнат градење на капацитети, како што се Парискиот комитет за градење на капацитети (PCCB) и Консултативната група експерти (CGE), ќе продолжат да ги водат државите во нивните напори. За да го направат тоа, државите ќе треба да го оценат напредокот постигнат до сега во однос на градење на капацитети, а истовремено и да ги согледаат тековните предизвици или сѐ уште нерешените прашања. Тие треба да се согласат за тоа кои се критичните функции, алатките и можностите на кои треба да се фокусираат PCCB и CGE во текот на следните неколку години.


Унапредување на напорите за справување со загубите и штетите

„Загуби и штети“ е едно од најконтроверзните прашања во преговорите на ОН за климатски промени. Тоа е поврзано со ситуации каде влијанијата од климатските промени се толку силни што заедниците не можат никако да се адаптираат (на пример кога нивото на морето толку ќе се покачи што луѓето нема да можат да живеат веќе на некој остров). Иако напорите за решавање на загубите и штетите постигнаа највисоко ниво со усвојувањето на Договорот од Париз, судбината на Варшавскиот меѓународен механизам (WIM) креиран во 2013 за да врши надзор над ова прашање сѐ уште е под знак прашање.

Страните мора оваа година да одлучат како WIM ќе продолжи да го унапредува собирањето на знаења и да ја координира и мобилизира поддршката која е потребна за надоместување на загубите и штетите предизвикани и од екстремни климатски настани и од климатски настани со бавен почеток во ранливите земји во развој. Во текот на преговорите во Бон, Страните ќе треба да изнајдат опции за процесот за ревизија на WIM: кои влезни информации се потребни, кои резултати треба да се создадат и кои се главните модалитети и постигнувања. Најтешкото, но и најважното прашање кое мора да се решава е да се обезбедат доволно средства за да се покријат загубите и штетите.

Следната сесија за преговарање која се случува во Бон во јуни, ќе започне неколку дена пред да се сретне Советот на ЕУ на ниво на шефови на држави за да одлучи кои ќе бидат главните климатски политики и како правично да се продолжи по состанокот на Г20 во Осака и министерскиот состанок за климатска акција. Во меѓувреме, во преку 110 држави продолжуваат климатските протести на младите, чија цел е климата да стане приоритет во агендите на најбогатите држави. Но сепак, иако главно технички, овие преговори во Бон се важни бидејќи можат да ги зајакнат или поткопаат амбициозните напори до 2020 година, но и напорите за по овој период.

Превземено од wri.org

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close