Како долгорочните визии за климатски промени можат да ја подобрат економската агенда на Г-20

од Тарин Франсен и Џејмс Венер – 13 јуни, 2019


Министрите на најголемите и најмоќните нации во светот ќе се состанат кон крајот на неделава во Нагано, Јапонија на Министерскиот состанок на Г-20 за енергетски транзиции и глобална животна средина за одржлив раст.Г-20 постојано ја потврдуваат својата заложба за силен и одржлив раст, потенцирајќи дека "силната економија и здравата планета взаемно се зајакнуваат.“ Без акција за климатските промени, ние се соочуваме со зголемени ризици од природни катастрофи за нашите економии и животот на луѓето како што се поплави, суши и екстремни бури. Следната година претставува единствена можност да се исполни оваа обврска преку унапредување на климатската акција во рамките на Договорот од Париз за климатски промени. За да се направи тоа, од витално значење е земјите од Г-20 да преземат две акции: да развијат долгорочни стратегии за намалување на емисиите до 2050, идеално постигнувајќи нето нула емисии, и да ги подобрат нивните сегашни национални планови за климата, познати како „Национални придонеси кон климатските промени“ (NDCs).

Во изминатите две години, на покана на аргентинското и јапонското претседателство на Г-20, УНДП и Институтот за светски ресурси (WRI) заеднички ја советуваа Работната група за климатски промени и одржливост на Г-20 за клучната улога што долгорочните стратегии и националните придонеси кон климатските промени (NDCs) ја играат во унапредувањето на агендата на Г-20 и адресирањето на климатските промени. Шест земји членки на Г-20 веќе имаат доставено долгорочни стратегии, а ќе следат и други. Кога Јапонија ќе ја достави стратегијата што ја објави на почетокот на оваа недела, ќе бидат вкупно седум. Имено, Европскиот Совет ќе гласа подоцна овој месец за предлог да се стане климатски-неутрален до 2050 година и ќе разгледа дали може да се обврзе за подобрување на неговите NDCs во 2020 година. Исто така, Обединетото Кралство се обврза да донесе закон со кој се повикува на нето-нула емисии на стакленички гасови до 2050 година. Со оглед на забрзаните влијанија врз актуелната климатска криза, ние мора да продолжиме да го надградуваме овој напредок. Еве ги клучните работи што треба да се знаат од нашиот извештај објавен денес:

Акцијата против климатските промени е клучна за Агендата за економски раст на Г-20

Одржлив раст не може да се постигне, без да се запре зголемувањето на температурите. Најновите научни сознанија покажуаат дека ако не успееме да го ограничиме затоплувањето на 1.5°C, влијанието на климатските промени драстично ќе се зголеми. Тоа значи дека сушите, поплавите, порастот на нивото на морињата, екстемната топлина и екстремните временски услови ќе го зголемат својот интензитет и фреквенцијата, загрозувајќи го економскиот раст, како и човечките животи. Само минатата година, бевме сведоци на рекордни топлотни бранови и шумски пожари ширум светот и катастрофални бури кои ги уништуваат заедниците и одземаат животи. Оваа ситуација само ќе се влошува ако не се справиме со климатските промени.

Справувањето со климатските промени не само што ги ублажува овие влијанија, туку исто така создава и други далекусежни придобивки. Глобалната Комисија за економија и клима неодамна процени дека забрзувањето на климатската акција ќе изнесува 26 трилиони американски долари во економски придобивки до 2030 година. Исто така ќе креира 65 милиони работни места и ќе се избегнат околу 700.000 предвремени смртни случаи како резултат на загадувањето на воздухот. NDCs и долгорочните стратегии можат да помогнат да се остварат овие и многу други придобивки во врска со климата и економскиот развој.     

Долгорочните стратегии и NDCs работат заедно за унапредување на климатските и развојните активности

NDCs и долгорочните стратегии се од суштинско значење. Долгорочните стратегии служат за прикажување на аспиративната визија за иднината, трасирајќи патеки за постигнување не само на амбициозните климатски цели на земјата, туку и Целите за одржлив развој како што се искоренување на сиромаштијата и постигнување добро здравје. Долгорочното гледиште им овозможува на земјите да дадат приоритет на акциите кои ја поддржуваат имплементацијата на NDCs; избегнување на јаглеродно-интензивни технологии, користење на земјиште и инфраструктура; и поддршка на праведна транзиција за оние чии средства за живеење се моментално врзани за сектори со висока емисија.

Ако долгорочна стратегија прикажува маратонски курс, NDCs се  целта после секоја измината етапа. Ефикасен NDCs пресликува долгорочна визија во специфични акции кои земјите треба да ги исполнат на краток и среден рок за да се осигура дека тие ќе стигнат на целта на време. Силните планови за имплементација на NDCs, од друга страна, ги поддржуваат земјите да ги постигнат овие пресвртници, во соработка со силни рамки за управување со NDCs, системи за управување со податоци и буџетските процеси.

Државите од Г-20 мора да ја зголемат NDC амбицијата за да обезбедат одржлива иднина

Сегашните NDCs на земјите сѐ уште не овозможуваат исполнување на долгорочната визија за ограничување на затоплувањето под 2°C или 1.5°C. Дури иако сите тековни NDCs се имплементираат целосно, проекциите покажуваат дека ќе завршиме со приближно 3°C затоплување, или повеќе. (Тоа е разликата помеѓу 10% и 100% од топењето на мразот на Арктикот и сушите кои траат 2 месеци наспроти 10 месеци во просек.) Одговорни за речиси 80 проценти од глобалните емисии на стакленички гасови, земјите од Г-20 се единствените кои треба да го променат овој исход.

Важен чекор во вистинска насока ќе биде да се одговори на повикот на Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутиереш да дојдат на Климатскиот самит на ООН овој септември „со конкретни, реални планови за подобрување на нивните национални придонеси кон климатските промени до 2020 година, во согласност со намалување на емисиите на стакленички гасови за 45% во текот на следната деценија, и нето нула до 2050 година.“ За среќа, извонредниот напредок од 2015 на пример, драстично опаѓање на трошоците за обновлива енергија и невиден раст на електрични возила значи дека има многу можности за подобрување на амбициите на NDCs.

Државите можат заедно да се справат со долгорочните стратегии и подобрените NDCs

Долгорочните стратегии за климатски промени и подобрените NDCs треба да се испорачаат за многу краток период, до следната година. За среќа, процесите на развивање долгорочна стратегија и подобрување на NDCs се во синергија. И едните и другите можат да ги искористат заедничката институционална поставеност и процесите на консултација со засегнатите страни. И едните и другите можат да се засноваат на исти сценарија за развој и моделирање, кои ќе ги пресликаат во конкретни акции.

На крај, обезбедување на кохерентен пакет на долгорочни стратегии и – најважно, поамбициозни краткорочни и среднорочни акциски планови за климата ќе им помогне на Г-20 да ја испорачаат нивната агенда за одржлив раст. 

  

Текстот е преземан од  веб страницата на World Resources Institutes

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close