Северна Македонија со 100 постотно исполнување на барањата на ЕЕА за проток на податоци рангирана во првите три држави во Европа

Приоритетен проток на податоци кон Европска агенција за животна средина – EIONET Core Data Flows 2018


Ако главниот принцип на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) е преку користење на податоците на ЕИОНЕТ мрежата да ја процени на годишно ниво исполнителноста на земјите членки и соработнички, и успехот при редовното доставување на податоци и информации за повеќе медиуми во животната средина, Република Северна Македонија би требало да биде и повеќе од задоволна од последниот извештај на EIONET Core Data Flows. Имено, Core Data Flows претставува одредница и предизвик за сите земји членки и соработнички со ЕЕА, да укажат на состојбата на националните системи за мониторинг и управување со податоците за животната средина, но и за техничката подготвеност за имплементација на електронските известувања со податоци и информации кон ЕЕА, како и за човечките ресурси - експертизата на националната мрежа на експерти чиј составен дел се претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, но и од Институтот за Јавно здравје, Управа за хидрометеоролошки работи, како и од други државни институици .

Од особена важност е што ЕЕА, во известувањето за приоритетниот проток на податоци за 2018 година  - EIONET Core Data Flows 2018 – ja рангира Република Северна Македонија на листата со успех од 100% за исполнителноста од барањата на ЕЕА за релевантните податоци и информации од повеќе медиуми во животната средина. Согласно барањата, Македонскиот информативен центар за животна средина (МИЦЖС) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) спрема ЕЕА известува за квалитетот на воздухот, емисиите во воздухот, биодиверзитетот, ублажувањето на климатските промени (национални инвентари на стакленички гасови) и водата. Важно да се спомене е дека и покрај тоа што националниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот има сериозен проблем со застареноста на опремата, во изминатата 2018 година сепак и за овој медум на животната средина е обезбеден бараниот проток на податоци.

Овој успех, на МИЦЖС при МЖСПП означува своевидна одредница за земјите од Западен Балкан, бидејќи Република Северна Македонија е прва држава од регионот со постигнат највисок успех на EIONET Core Data Flows листата и е повеќе години рангирана подобро и од некои земји членки на Европска Унија.

Овој особен успех е нотиран од страна на Европката агенција за животна средина, како многу важен аспект на техничката подготвеност на Република Северна Македонија за членство во ЕЕА. И покрај фактот што членувањето на Република Северна Македонија во ЕЕА е поврзано со членството во ЕУ – техничката подготвеност за членство е потребно да биде препозната како национален приоритет, со одржливо планирање на финансиските, човечки ресурси и експертиза, како поради зголемувањето на обемот на работата во секторот животна средина во Европа, така и во однос на потребите за реализација на националните приоритети за здрава животна средина и заштита на животната средина, екосистемите, и човековото здравје и продуктивност.      



Линк до изворната информација објавена на порталот на ЕЕА




25 Години постоење на Европска агенција за животна средина 

Ова година се одбележува јубилејот – 25 години Европска агенција за животна средина. Република Северна Македонија со Министерството за животна средина и просторно планирање е помеѓу првите земјите соработнички со ЕЕА веќе 22 години.

По повод прославата на овој јубилеј, ЕЕА организираше и работен Семинар со претставници од Управниот Одбор и 39 земји членки и соработнички, Европската Комисија и Европскиот Парламент. Фокусот на Семинарот имаше за цел да се постават предлог насоки за нова 10 годишна стратегија за работа на ЕЕА и нејзината EIONET мрежа, со цел исполнување на својот мандат за редовно известување на граѓаните во Европа, со информации и проценки за состојбата и перспективата на животната средина во Европа, со користење на независни, проверени и сигурни податоци и информации – како одговор на се поголемата побарувачка за конкретни акции и справување со предизвиците од животната средина во Европа.    

Изворните информации за содржината се достапни на следниот линк


{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close