Климатски промени: Имаме 12 години за да ја спасиме планетата? Всушност, само 18 месеци

Дали се сеќавате на добрите стари времиња кога имавме „12 години за да ја спасиме планетата“?


Сега, сѐ повеќе луѓе се согласуваат дека следните 18 месеци ќе бидат клучни во изнаоѓање решение за светската криза со затоплувањето, која е само еден од многуте еколошки предизвици. Минатата година, Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) објави извештај во кој тврдеше дека за да се ограничи зголемувањето на глобалната температура во овој век под 1,5 C, емисиите на јаглероден диоксид ќе мора да се намалат за 45% до 2030 година.

Превземено од BBC News

Автор: Matt McGrath


Но денес, набљудувачите согледуваат дека одлучни, политички чекори кои ќе овозможат намалување на јаглеродните емисии ќе мора да се преземат пред крајот на следната година. Идејата дека 2020 е крајниот рок елоквентно беше изнесена од страна на еден од врвните научници за климата во светот, уште во 2017 година.

„Климатската математика е брутално јасна: Иако светот не можеме да го излечиме во следните неколку години, сепак, до 2020 година, може да му се предизвикаат фатални рани поради невнимание“, изјави Ханс Јоахим Шелнхубер, основач и сегашен почесен директор на Институтот за клима во Постдам.

Фактот дека крајот на следната година е последната шанса за климатските промени станува се појасен.

„Цврсто верувам дека во следните 18 месеци ќе се види дали сме способни да ги задржиме климатските промени на ниво на кое може да преживееме и да ја вратиме природата до рамнотежата која ни е потребна за да опстанеме“, изјави принцот Чарлс на приемот за министри за надворешни работи, одржан неодамна.

Зошто следните 18 месеци се толку важни?

Принцот Чарлс најави и неколку важни состаноци кои ќе се случуваат од сега па до крајот на 2020 година во Обединетите нации.

Уште откако беше потпишан светскиот договор за климата во Париз, во декември 2015 година, постојано се водат преговори за правилникот кој треба да се подготви врз основа на договорот.

Но сепак, согласно условите од договорот, државите исто така ветија дека ќе ги подобрат своите планови за намалување на јаглеродните емисии до крајот на следната година.



Еден од недоволно забележаните наслови во минатогодишниот извештај на Меѓународниот панел за климатски промени беше дека највисокото ниво на светските емисии на јаглероден диоксид мора да се достигне во 2020 година, со цел планетата да не се загрее за повеќе од 1,5 C.

Сегашните планови не се ни блиску до таквата цел за задржување на температурата под таканаречената безбедна граница. Како што стојат работите сега, до 2100 ќе имаме затоплување од 3 C, а не од 1,5 C.

Бидејќи државите своите планови вообичаено ги подготвуваат на пет или 10 години, доколку сакаме да ја достигнеме целта за намалување на јаглеродниот диоксид за 45% до 2030 година, тогаш плановите за тоа мора да се подготват до крајот на 2020 година.

Кои се следните чекори?

Првиот голем чекор ќе биде специјалниот климатски самит кој го свика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој ќе се одржи на 23 септември, во Њујорк.

Гутереш јасно нагласи дека сака државите да испратат претставници на самитот само доколку можат да понудат значителни подобрувања во сопствените планови за намалување на јаглеродните емисии.



По ова ќе следи 25. Конференција на страните кон Конференцијата на ОН за климатски промени, која ќе се одржи во Сантијаго, Чиле, каде најголемото постигнување ќе биде продолжувањето на самиот процес.

Но навистина, најважниот момент најверојатно ќе се случи во Обединетото Кралство на 26. Конференција на страните, која ќе се одржи на крајот на 2020 година.

Владата на ОК верува дека може да ја искористи можноста на 26. Конференција на страните, откако Брегзит ќе заврши, да покаже дека Британија може да собере политичка волја за напредок, на ист начин како што Французите ги искористија своите дипломатски мускули да го овозможат потпишувањето на Парискиот договор.

„Ако успееме со нашата понуда (да бидеме домаќини на COP26) тогаш нашата работа ќе ја засноваме на Договорот од Париз и ќе ги земеме предвид научните докази кои се собираат сега, а кои ни се потребни за да продолжиме понатаму со поголема брзина“, изјави министерот за животна средина Мајкл Гоув, во неговиот последен говор како министер.

„На 26. Конференција на страните потребно е да обезбедиме другите држави да се сериозни за преземените обврски, што значи да предводиме преку пример. Заеднички мора да ги направиме сите чекори кои се потребни за глобалното затоплување да не го надмине прагот од 1,5 C.“

Дали има причини за радост?

Дали поради топлотните бранови или поради протестите на шведската ученичка Грета Тунберг, или пак поради појавата на Бунтот против исчезнување (Extinction Rebellion), има забележливи промени во интересот на јавноста за климатските промени и граѓаните бараат решенија кои можат да ги спроведат сами.

Граѓаните бараат сѐ поголеми активности и политичарите во многу држави согледуваат дека мора да реагираат на овие промени.

Идеите како што е новиот зелен договор во САД, кој изгледаше неизводлив пред неколку години, сега добија на значење.

Некои држави, како што е ОК отидоа дури и понатаму и донесоа закони за нето нула емисии до 2050 година, долгорочна цел со која температурите ќе останат ниски.

Чувството на принцот Чарлс дека следните 18 месеци се од исклучително значење го делат и некои преговарачи за климата.

„Нашата група на мали островски држави во развој го делат чувството на принцот Чарлс дека итно мора да се преземат амбициозни климатски активности“, изјави амбасадорот на Белизе Џанин Фелсон, која е главен стратег за Алијанската на мали островски држави во ОН.

„Сите сме сведоци на истовремено поклопување на мобилизацијата на јавноста, влошување на влијанијата од климата и на сериозни научни предупредувања кои бараат одлучно лидерство во однос на климата“.

„Нема сомнеж дека 2020 година е краен рок тоа лидерство конечно да се покаже“.

Дали треба да се плашиме?

Со одличен тајминг, Конференцијата на страните која најверојатно во 2020 година ќе се одржи во ОК исто така може да биде и моментот кога САД засекогаш ќе се повлечат од Парискиот договор.

Но, ако Доналд Трамп не ги добие изборите повторно, таа позиција би можела да се промени, бидејќи доколку се избере претседател од Демократската партија, таа одлука најверојатно ќе се промени.

И двете можни ситуации ќе имаат огромни последици врз борбата со климата.

Во моментов многу земји се заинтересирани да го забават напредокот. Минатиот декември, САД, Саудиска Арабија, Кувајт и Русија од разговорите во ОН го блокираа специјалниот извештај на Меѓународниот панел за климатски промени за границата од 1,5 С.



Само пред неколку недели во Бон, беа изнесени дополнителни Саудиска Арабија изнесе дополнителни приговори поради што повторно беше изземен од преговорите во ОН, на големо разочарување на малите островски држави и државите во развој.

Ќе има голем притисок врз земјата домаќин за да се обезбеди значителен напредок. Но имајќи ги предвид тековните политички превирања околу Брегзит, Владата може да се најде во ситуација да не може да ги отфрли повеќекратните глобални предизвици кои ги предизвикуваат климатските промени.

„Ако не можеме да го искористиме овој момент да ја зголемиме амбицијата, нема да имаме шанса да го задржиме зголемувањето на температурата под границата од 1,5 или 2 степени“, изјави професорот Мајкл Џејкобс, од Универзитетот во Шефилд и поранешен советник за клима на премиерот Гордон Браун.

„Сега најважно е да се разбере ова и да се постигне посветеност од водечките земји. Од тие причини, генералниот секретар на ОН го одржува и самитот во септември.

„Одлично е што Конференцијата на страните може да биде во ОК, бидејќи имаме развиен граѓанскиот сектор и многу повисока свест за климата во споредба со другите земји. Но секторот тука сѐ уште не почнал сериозно да размислува за тоа како да изврши доволен притисок.“

Исто така Комитетот за климатските промени на ОК изрече сериозни предупредувања.

На почетокот на процесот за анализа на напредокот кој го врши Владата на ОК за справувањето со климатските промени, беше утврдено дека земјата не го постигнува ветеното и покрај законите со кои треба да се постигнат нето нула емисии до 2050 година.

„Владата мора да покаже дека е сериозна во однос на своите законски обврски …од тоа зависи нејзиниот кредибилитет“, изјави претседателот на Комитетот за климатски промени, Крис Старк.

„Има простор во следните 12-18 месеци, да се стори нешто за ова. Ако не го согледаме ова, мислам дека Владата ќе биде засрамена на 26. Конференција на страните."

И не е сѐ во врска со климатските промени

Иако одлуките кои ќе бидат направени за климатските промени во текот на следната година ќе бидат од огромна важност, постојат и многу други важни собири за животната средина кои ќе ја обликуваат природата во следните децении со цел заштита на разни видови и заштита на океаните.

На почетокот на оваа година беше објавена голема студија за загубите кои се евидентни во природниот свет, а кои се резултат на поширокото влијание на човекот, чии наоди предизвикаа вознемиреност во повеќе држави.

Извештајот на IPBES (Меѓувладина научно-политичка платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги) покажа дека во следните неколку децении  може да исчезнат еден милион видови.




За да се решава ова прашање, следната година во Кина ќе се одржи собир за да се постигне договор за заштита на сите видови суштества.

Конвенцијата за биолошка разновидност е орган на ОН кој доби задолжение да подготви план за заштита на природата до 2030 година.

Оваа средба следната година може да биде моментот кога ќе се потпише еден вид Париски договор за природата. Доколку се постигне договор веројатно фокусот ќе биде врз одржливото земјоделство и рибарството. Ќе се бара поголема заштита за видовите и ограничување на обесшумувањето.

Следната година, исто така ќе има средба на Конвенцијата на ОН за поморските закони со цел да преговара за нова светска спогодба за океаните.

Според министерот на ОК за животната средина Мајкл Гоув, сево ова има потенцијал да донесе вистински промени.

„Убедени сме од доказите за уништувањето на животната средина кое се случува без соодветна заштита“, рече тој во последниот негов говор.

„И токму поради тоа ОК реши да предводи и да обезбеди најмалку 30% од океаните за кои сме одговорни да се заштитат до 2030 година - што е поголем процент од сегашната цел. Ќе бараме од сите држави да се приклонат кон таа цел“.

Ако сето ова помине, светот може и да добие шанса да се бори за заштита на нашата природна средина.

Но постојат огромни предизвици и мала политичката волја.

Поради тоа, не очекувајте премногу!

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close