Новиот извештај на ОН ги посочува новите трендови за климатската акција

ООН КЛИМА, ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕДИУМИ / 09 AUG, 2019


Извршната секретарка на УНФЦЦЦ, Партисиа Еспиноса изјави: „Следните две години се многу важни за сите држави, но и за другите организации - треба да се искористи сегашната рамка, да се искористи моментот и да се направат промените кои многу ни се потребни.”

На помалку од два месеца пред клучниот Самит за климата на ОН кој ќе се одржи во Њујорк на 23 септември, ОН објави Извештај кој ги претставува активностите кои ги презеле државите и кој содржи цело богатството на знаење и искуства кои можат да ги искористат другите земји со цел да ја зголемат својата амбиција во справувањето со климатските промени.

Извештајот со наслов „Климатска акција и трендови за поддршка“ е подготвен како влезна информација за Самитот за климата на ОН и го покажува напредокот кој е постигнат во последните 25 години од усвојувањето на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ). Самиот извештај може да помогне да се прошират идните активности, во момент кога владите се подготвуваат да ги достават следните национални планови за климатска акција, познати како национални придонеси (NDCs), до 2020 година.

Извршната секретарка на УНФЦЦЦ, Партисиа Еспиноса изјави: „Следните две години се многу важни за сите држави, но и за другите организации - треба да се искористи сегашната рамка, да се искористи моментот и да се направат промените кои многу ни се потребни.”

„Добрите вести се дека многу од ова веќе е започнато. Има цврста основа врз која може да градиме амбиција и веќе се согледува итноста со која мора да се решаваат заканите од промените во климата. Но сето тоа се случува премногу бавно и нештата мора да се забрзаат.”

Извештајот предупредува дека по краткиот период на стабилизација, светските емисии на стакленички гасови продолжуваат да растат. И покрај видливиот напредок во некои области, напорите кои во моментов ги вложуваат државите со цел да ги спроведат своите национални планови за климатска акција не се доволни за да се постигнат целите на Парискиот договор.



Сѐ поголемото чувство на итност го делат многу земји кај кои се забележуваат сѐ поголеми влијанија и опасности предизвикани од климата.

Новиот извештај на ОН ги претставува и влијанијата и мерките кои државите ги спроведуваат за да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да изградат отпорност пред климатските промени.

Исто така детално ја претставува и поддршката која ја даваат и добиваат земјите во развој за намалување на влијанијата, во вид на средства, технологија и градење капацитети, кои се многу важни за државите да ги постигнат своите климатски цели.

Извештајот покажува дека државите ги зајакнуваат институционалните процеси за планирање, финансирање, спроведување, мониторинг и евалуација на климатската акција и дека портфолиото на активности за намалување на емисиите и за адаптација кон климатските промени се проширува.

Но, како што вели во извештајот Патрисиа Еспиноса, главен службеник во ОН одговорен за климата, иако се поставени основите за ефективна акција и сѐ повеќе постојат алатки за ова да се спроведе во пракса, сепак меѓународната заедница сѐ уште треба максимално да ги искористи можностите кои се на располагање оваа година со цел да ги забрза работите, а особено Самитот за климата на 23 септември во Њујорк и Конференцијата на страните во Чиле.

„На Самитот ќе се сретнат претставниците на владите и на компаниите од светот решени да преземат дејства, а не само да зборуваат. Но сепак, тие ќе мора јасно да кажат како ќе придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и за адаптација на влијанијата на климата, со што ќе спречат планетата да се затопли за повеќе од 1,5 степени Целзиусови“, изјави таа.

Други главни активности кои одат во прилог на моментот за преземање поамбициозни климатски активности се Неделата на климата во Латинска Америка и Карибите која ќе се одржи од 19 до 23 август во Салвадор, Неделата на климата во Пацифичка Азија од 2 до 6 септември во Бангкок и Конференцијата на ОН за климатските промени, односно 25. Конференција на страните која ќе се одржи од 2 до 13 декември во Чиле.


Текстот е презаман веб страницата на UN Climate change

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close