Можности за ублажување на климатските промени согласно последниот извештај на IPCC

Никој не треба да биде изоставен !!!

Можности за ублажување на климатските промени согласно последниот извештај на IPCC

Никој не треба да биде изоставен !!!


Најновите научни извештаи потврдуваат дека доколку не успееме во мисијата за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C, ефектите од климатските промени драстично ќе се зголемат. Промената подразбира многу повеќе суши, поплави, драстично зголемување на нивото на морето, екстремни временски услови, загрозен економски раст, а да не зборуваме за човечките животи. Најлошото допрва доаѓа ако не се зафатиме со решавање на проблемот со климатските промени.



Колку е важно ограничувањето на глобално затоплување на 1,5°C?

Зависнo од географската локација, нивоата на одржлив развој и реализацијата на опциите за адаптација и ублажување, климатските ризици поврзани со природните и човековите системи се енормно поголеми за глобално затоплување од 1,5°С отколку што тие се денес, но неколку пати пониски при глобално затоплување од 2°С. Како пример може да се напомене дека растот, развојот, опстанокот и изобилството на голем број на видови растенија и животни се загрозени заради зголемено ниво на киселост на океаните што е последица од зголемување на концентрацијата на CO2. Застрашувачки е фактот дека влијанијата врз биолошката разновидност и екосистемите на копно, шумските пожари постојат дури и кога глобалното затоплување ќе се ограничи на 1,5°C. Kлиматските ризици се одразуваат и на здравјето и благосостојбата на луѓето, снабдувањето со храна, вода и електрична енергија и доколку се лимитира глобалното затоплување на 1,5°С, неколку стотици милиони луѓе би биле помалку изложени на наведените ризици и сиромаштија до 2050 година во споредба со глобално затоплување од 2°С.

Стратегиите на долг рок и националните придонеси се главни компоненти на климатските акции...
Според Глобалната комисија за економија и клима, справувањето со климатските промени истовремено создава и економски придобивки од околу 26 трилиони долари до 2030 година, со што би се создале и околу 65 милиони работни места и би се избегнале околу 700.000 предвремени смртоносни случаи кои се последица од загадувањето на воздухот. Националните придонеси, како и стратегиите на долг рок би помогнале овие придобивки да се остварат во склоп на идејата на климатски и економски развој.
Иако можеби 2100 година се чини и предалеку, сепак е потребно сега да се дискутира за различните проекции за глобално затоплување до 2100 година, базирани на сегашните национални придонеси на земјите и сегашните политики. Проекциите за затоплувањето според референтното сценарио се во рамките од 4,1°C до 4,8°C до 2100 година, но доколку сите држави во целост ги применат нивните национални придонеси, порастот на температурата во 2100 година споредбено со пред-индистриските нивоа би бил некаде околу 2,6°C до 3,2°C. Исто така голем број на научници симулираат проекции на затоплување за 2°C и 1,5°C со поамбициозни ветувања за кои постои шанса да се остварат.


 … како и транзиции во различни сектори!!!

Со цел да се постигне потребното намалување на CO2 емисии и да се ограничи глобалното затоплување на 1,5°C, потребно е да се вклучат различни портфолија на опции за ублажување (како што е прикажано на оваа табела), да се направи рамнотежа помеѓу намалувањето на употребата на енергија и расположливоста на ресурсите, нивото на декарбонизација и потпирањето на технологиите за отстранување на CO2. Различни портфолија имаат различни предизвици во реализацијата, како и различни синергии и компромиси кои се во контекст на одржливиот развој.


Ставањето цена за јаглеродот (данок за јаглерод или системи на тргување со емисии), и напорите за отстранување на субвенциите за фосилни горива се само дел од поширокиот пакет на политики за справување со климатските промени и остварување на енергетска транзиција. Приходите и заштедите од фосилните горива може да достигнат 2,8 трилиони долари до 2030 и истите може да се реинвестираат во јавниот сектор, како на пример зголемување на работни места, подобро здравствено организирање и целокупно подобрување на економските активности. Електрификацијата, примената на почисти горива и возила се дел од начините за намалување на емисиите од транспортниот сектор, кои се пак директно поврзани со енергетската транзиција.



Извор: https://www.ipcc.ch/site/assets/uploads/sites/2/2019/05/SR15_Chapter2_Low_Res.pdf


Често поставувани прачања 2.2, страна 162 од поглавје 2


Одржлива иднина

За да се осигура одржлива иднина, потребно е комбинирање на долгорочните стратегии и националните придонеси. Долгорочните стратегии помагаат да се креира иднината и да се пронајдат правилни патеки со кои може да се постигнат целите на одржлив развој, покрај амбициозните цели за климатски промени на секоја земја. IPCC ја воведува идејата на одржлив развој во последните извештаи, прикажувајќи ги синергиите со климатските промени. Климатските промени се дел од целите за одржлив развој кои бараат итни промени, како засилување на отпорноста и соодветен капацитет за климатските опасности и природни катастрофи, интегрирање на мерките за климатски промени во национални политики, подобрување на образованието, како и подигнување на свеста на луѓето. Комбинацијата од опциите за ублажување и адаптација имплементирани на интегриран начин може да овозможат брзи и системски транзиции во урбаните и руралните области, но нивниот ефект ќе зависи од брзината и големината на промените, портфолиото од опции и од начинот на кој се управува транзицијата.

Идејата за климатски отпорен свет е привлечна за сите

Дел од идејата на климатски отпорен свет се патеките за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C кои вклучуваат намалување во емисиите, како и стратегии за транформациски промени и комплексни врски со одржливиот развој, сиромаштијата и нееднаквоста. Идејата на патеките за климатски отпорен развој е комбинирање на адаптацијата и ублажувањето на климатските промени и нивните влијанија со трансформација на вообичаеното однесување во т.н. општествено одговорно однесување. На пример, голем број на земји веќе користат чиста енергија и имаат одржлив транспорт при што креираат зелени работни места и поддржуваат социјални програми за намалување на сиромаштијата. Транзицијата реализирана на овој начин промовира праведни и отпорни заедници преку ниско јаглеродно живеење, самодоволност на храна и проактивно делување на сите граѓани.

Според проекциите за глобалната средна температура, останатиот јаглероден буџет е 580 GtCO2 за 50% шанса и 420 GtCO2 за 66% шанса да се ограничи глобалното затоплување на 1,5°C. Светот има шанса од 66% да ја постигне целта од 1,5°C ако стане јаглеродно неутрален до 2047 година и 50% шанса ако јаглеродната неутралност е постигната до 2058 година. Вистинското време и правилниот избор на мерки се круциални, и секако, имаме лимитирано време до 2050 година да ги промениме фосилните горива со обновливи извори на енергија и да поставиме доволно високи цени за емитерите на стакленичките емисии.
 
И никој не треба да биде изоставен !!!


Емилија Михајлоска и Наташа Марковска

ЕМИЛИЈА МАХАЈЛОВСКА е млад истражувач во Меѓународниот Центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи - Македонска секција (SDEWES) и студент на магистерски студии при Факултетот за електротехника и информатичка технологија во Скопје. НАТАША МАРКОВСКА е научен советник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ и професор по Енергија и климатски промени на две магистерски и една докторска програма на Факултетот за електротехника и информациски технолгии.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close