Интерактивно прикажување на отворени податоци - Иднината на донесувањето одлуки во јавниот сектор

Размената на податоци преку интерактивни визуелизации доведува до паметни политики и одлуки

Интерактивно прикажување на отворени податоци - Иднината на донесувањето одлуки во јавниот сектор

Размената на податоци преку интерактивни визуелизации доведува до паметни политики и одлуки


За прв пат во историјата, податоците се повредни од нафтата и секоја година се создаваат дупло повеќе податоци од претходната. Во денешно време, Data science е најбарана професија во светот, најверојатно поради сѐ поголемата потреба за анализа и презентација на податоците.

Во СмартАп, работиме на изнаоѓање практични решенија за овој проблем, конкретно, како да се претстават податоците на начин кој е разбирлив и визуелно привлечен за човековото око - податоци кои прикажуваат приказна и влечат одговори. Овде би сакале да кажеме „Здраво!“.

Пред да го споделиме нашето искуство со интерактивно прикажување на податоци, би сакале да ги посочиме предностите на отворените податоци.

Отворени податоци се група на информации што секој може да ги пристапи во било кое време, подобрувајќи ја индивидуалната и колективната способност за донесување одлуки. Загрижен граѓанин кој сака да дознае колку дрвја има во неговиот град, статистичар кој сака да ги спореди неговите заклучоци со веќе достапните податоци, или локална власт која сака да создаде нови стратегии и политики врз основа на дадените информации.

Во Естонија, на пример, градот Талин креираше мобилна и веб-апликација од достапните отворени податоци во јавниот транспорт. Преку јавните податоци за слободна употреба, граѓаните можат да ги гледаат задоцнувањата во сообраќајот, и во живо да ги следат автобусите, трамвајите и возовите на мапата. Дополнително, на официјалната веб мапа на Талин, можат детално да се информираат за сите тековни градежни проекти во урбаниот простор. Дури и сообраќајните камери се достапни за следење во било кој дел од денот!

Придобивките од отворените податоци се прекумерни - од подобрување на управувањето, овозможување моќ на граѓаните, креирање нови економски можности до решавање на оштествените проблеми. Отворените податоци позитивно влијаат врз целото општество, иницирајќи соработка, учество во заедницата и социјални иновации.

Да погледнеме едно теренско истражување на УНДП за тоа како граѓаните од Скопската котлина се греат во нивните домови, и нашиот пристап кон интерактивно преикажување на добиените податоци!

Во јануари 2017, УНДП, во соработка со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, спроведе теренско истражување за начинот на кој се греат домаќинствата, со примерок од 5044 домови во Скопската котлина. Заклучоците на ова истражување покажаа дека греењето е најголемиот допринесувач кон загадувањето во Скопската котлина, со тоа што греењето во домаќинствата има најголем удел. Како производ на ова истражување, #SkopjeSeZagreva беше креирано, со цел да се престават податоците визуелно, со отворен пристап за сите.

По теренското истражување, СмартАп започна со креирање на интерактивен приказ на податоците, што вклучува и градење на сценарија според добиените податоци, правејќи го #SkopjeSeZagreva тоа што ден денес е - платформа со отворен пристап кон податоци, достапни за секој. Алатката PowerBI беше употребена во процесот на визуелизација на податоците.

Што е PowerBi и како го инкорпориравме во нашата работа?

Накратко, PowerBI им овозможува на корисниците да визуелизираат отворени податоци, да ги споделат заклучоците со други организации или да ги прикачат на апликации или веб страни. Преку PowerBI, корисниците можат да се поврзат со стотици извори на податоци и да ги „оживеат“ преку интерактивни „темплејти“ и извештаи. Оваа моќна алатка ви дава можност да кликнете на било која слика, линија или збор, при што со секој клик се променува графиконот. Корисниците можат да собираат податоци од повеќе извори и на крај да создадат широк спектар на интерактивни извештаи кои лесно можат да ги споделат.


Какви можности нуди оваа визуелизација?

Ако сакаме, на пример, да откриеме како самохрани родители во Општина Аеродром ги загреваат своите домови, преку овој интерактивен приказ на податоците, можеме токму тоа да го сознаеме и многу друго - колку часа дневно се греат, колкави им се годишните трошоци за греење, дали имаат добра изолација итн.

Користејќи PowerBI, визуелизацијата нуди фокусирана анализа на податоци за потребите на експертите како и граѓаните. Сите овие податоци се користат за запознавање со социо-економските фактори кои влијаат врз навиките на потрошувачите.

Впрочем, ова е навистина потребно за сегашнатите предизвици со кои се соочува Скопје. Како еден од најзагадените градови во Европа и светот, локалните власти се соочени со изнаоѓање на практични и ефективни решенија во најбрз можен рок. Најдобар начин да се опреми и охрабри една локална власт е со лоцирање на потребите на своите граѓани. Земајќи ги социо-економските фактори во предвид (добиени од анализа на податоците) локалните власти можат да одлучат, на пример, какви субвенции се најефективни за одредена општина во Скопје.

Друг увид (објавен на klimatskipromeni.mk), откриен од анализа на отворените податоци на #SkopjeSeZagreva, е дека старите лица,особено жените се најпогодени од климатските промени, поради потешкотиите за обезбедување греење како резултат на високите трошоци за истото. Отворен пристап на ваквите податоци им овозможува на сите да прават брзи и ефективни одлуки за ублажување и адаптирање на климатските промени, како и намалување на загадувањето, со издржани аргументи од достапните податоци.

Со овој увид, многу други, #SkopjeSeZagreva и неговиот пристап на интерактивно прикажување на податоци може да ни помогне на сите нас да го направиме Скопје чист, одржлив и енергетски-ефикасен град.

Ние од СмартАп сме посветени на решавање на сегашните предизвици во општеството преку изнаоѓање на креативни решенија во сите сфери.

Како резиме, визуелизација на податоците може да ни помогне во:

   *  Стекнување увид во однесувањето на потрошувачите
   *  Формирање нови политики во јавните институции
   *  Олеснување на процесот на донесување одлуки, засновано врз податоци
   *  Донесувањето на издржани одлуки за субвенции


Интективниот приказ на податоци е од голема потреба во денешно време со тоа што им помага на сите организации полесно да растат и да се развијат во време на безброј информации и податоци. Развој на различни сценарија со вклучени графички елементи, превод и мануeлно опремување и маркетинг на алaтката, се само дел од причините зошто PowerBI e од огромно значење и зошто ние во СмартАп ја користиме токму оваа алатка.

SmartUp - Social Innovation Lab Skopje

Ние од СмартАп сме посветени на решавање на сегашните предизвици во општеството преку изнаоѓање на креативни решенија во сите сфери. СмартАп има улога на еко-систем кој ги поврзува сите засегнати страни, промовира и развива социјални иновации и се стреми за социјална, економска и еколошка одржливост во општеството.

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close