Глобален настан за претставување на Националните придонеси кон климатските промени и „ Ветување за климата “

Воведни зборови на администраторот - главен настан на УНДП на Климатскиот Самит


Воведни зборови на администраторот – главен настан на УНДП „ Ветување за климата “ Г-ѓо Заменик генерален секретар, Амиа Мохамед, Екселенции, Почитувани гости, Дами и господа, Дозволете ми најпрво да им честитам на сите оние кои го организираа денешниов настан. Тие немаа пари за трошење, само голема амбиција и идеи коишто сакаа да ги споделат со светот. Задоволство ми е да Ве поздравам сите, додека се подготвуваме за Самитот за климатска акција на Генералниот секретар на ООН, кој се фокусира на круцијалното прашање за нашата генерација – можеби и за сите генерации.

За повеќето светски лидери кои планираат да присуствуваат, патувањето до тука нема да биде невообичаено. Тоа ќе го следи септемврискиот добро изоден, годишен пат до Генералносто Собрание. Ниту е невообичаено за носителите на одлуки да се собираат во оваа популарна зграда за да решаваат нерешливи проблеми. На Организацијата на обединетите нации не ѝ се туѓи невољите.
Но овој Самит за климатска акција е малку поинаков.
Тој ги замолува политичaрите, деловните лидери, финансиерите и активистите, млади и стари, не само да замислат различна иднина, туку и да објаснат како тие ја градат истата – и тоа брзо; бидејќи ефикасноста на климатските акции зависи од времето.
Итноста од глобалното затоплување е како воз кој излетал од шините. Јаглеродно-интензивните стилови на живот се на возачкото седиште, итаат кон бездна и ги влечат и останатите.
Или ќе го напуштиме тој начин на живот сега, ќе се збогуваме со нашата зависност од јаглерод и ќе градиме иднина со која ќе се гордееме, или ќе паднеме во бездната.
Да бидеме јасни: никој од нас нема намера да падне во бездната.
Затоа, овој Самит е шанса за сите сектори од општеството да презентираат што тие ќе прават, во време кога човештвото нема време за лоша имагинација.
Како што Заменикот генерален секретар штотуку посочи, три елементи ќе бидат клучни за климатскиот успех: амбицијата, забрзувањето и мобилизацијата, и тие ќе ја обликуваат нашата поддршка како Програма за развој на ООН во важните години што следуваат.


Амбиција
Прво, амбиција – ова е предизвикот на нашата генерација. Тоа не е нешто што може да се префрли на ’некој друг‘. Станува збор за тоа како секој од нас ќе преземе одговорност.
Иако се надеваме дека ќе слушнеме повеќе заложби во наредните денови, сега се појавува јасна слика за тоа дали земјите се доволно амбициозни да ги исполнат целите на Договорот од Париз.
Работејќи заедно, УНДП и ООН за Климатски Промени (УНФЦЦЦ), се обидуваме да им помогнеме на земјите да го одговорат прашањето: дали Договорот од Париз функционира?
Овој нов извештај Топлината е вклучена: Преглед на глобалната климатска амбиција, изработен во партнерство помеѓу УНДП и ООН за Климатски Промени, нуди најдетална анализа досега.
Па, што ни кажуваат доказите? Ни кажуваат дека за многу краток временски период, луѓето го сфаќаат Договорот од Париз многу сериозно.
Според извештајот, речиси половина од светот - 75 нации коишто се одговорни за 37% од глобалните емисии на стакленички гасови (GHG) – се длабоко посветени и превземаат вистински чекори сега. Тоа значи дека тие планираат да преземат повеќе климатски акции отколку што веќе ветија.
Ова ги вклучува оние земји кои се најранливи но и најмалку одговорни за зголемување на температурата.
Ова можеби не е за изненадување, но кажува нешто многу моќно: дека ова не е теорија, туку се работи за опстанок.
Само 14 земји посочија дека не планираат да ги ревидираат своите Национални придонеси кон климатските промени, но јас се надевам дека тие сѐ уште може да се премислат.
Потоа, тука се оние кои се на средина: 71 земји сѐ уште размислуваат – вклучително и многу од најголемите емитувачи на стакленички гасови. Јас се надевам дека тие ќе добијат инспирација да делуваат по примерите на лидерството што се појавуваат низ целиот свет.
На пример, Маршалските острови, планираат да произведат повеќе електрична енергија од локални, одржливи извори - ветер, биогорива од кокосово масло и соларни панели поставени во лагуни – да го заменат увозот на дизел. Во исто време, предвидено е да се зголеми заштитата на крајбрежјето и да се ревидираат градежните планови за да се осигура подигнувањето на новите згради.
Мароко, со една од најголемите светски соларни електрани на северниот дел од пустината Сахара ги поврзува ветерниците со електричната мрежа за да ја намали зависноста од фосилни горива. Исто така, презема чекори да се прилагоди на затоплување на климата, забавувајќи го опустинувањето со засадување овоштарници на арганови дрвја, за чие масло има голема побарувачка од козметичката и прехранбената индустрија.
Чиле, овогодинешниот домаќин на 25- та Сесија на Конференцијата на страните (COP25), неодамна ги објави плановите за затворање на осум термоелектрани во наредните пет години, и нивната намера да ги затворат сите преостанати термоелектрани до 2040 година и да постигнат јаглеродна неутралност до 2050 година - што значи дека како што растат, шумите во Чиле ќе впијат онолку CO2 колку што се испушта од човековите активности.
Така, следното прашање е како може повеќе земји и сектори да се охрабрат да го следат овој пример?


Забрзување
Овде, УНДП е горда да го промовира нашето „ Ветување за климата “ за да се осигура дека колку што е можно повеќе земји ќе ги ревидираат и ќе достават поамбициозни Национални придонеси кон климатските промени до 2020 година.
Една работа е да ги притиснеме земјите да ја зголемат својата амбиција, но треба исто така да размислиме и како тие ќе го направат тоа.
Во наредните 12 до 15 месеци, во согласност со Заедничкиот пристап на системот на ООН за Национални придонеси кон климатските промени, УНДП се обврзува да поддржи 100 земји за да го забрза зајакнувањето на националните климатски ветувања до 2020 година, надоврзувајќи се на нашето портфолио за климатска акција и постоечката поддршка за Националните придонеси кон климатските промени во над 140 земји.
Предизвикот за финансирање на оваа работа е нешто што се појавува во секој разговор за климатските промени. Затоа, УНДП ќе издвои 25 милиони американски долари за да ги поддржи овие напори.
Ветуваме дека ќе чекориме заедно со земјите бидејќи тие сериозно ги сфаќаат нивните обврски за климата.
Ова ветување ќе биде имплементирано во тесна координација со клучните партнери, вклучително и партнерството за Национални придонеси кон климатските промени како дел од пакетот за амбициозна #KлиматскатаAкција, Владата на Германија и Европската унија. Како дел од нашата улога во унапредувањето на интегриран пристап кон развојот, ние ќе се фокусираме да обезбедиме поддршка на земјите да ги усогласат климатските планови со Целите за одржлив развој и Агендата 2030.
Како институција, УНДП исто така презема одговорност во однос на својот јаглероден отпечаток. Ние си поставивме за цел агерсивно да ги намалиме емисиите за 50 % до 2030 година како и да ги „зазелениме“ нашите деловни практики, бидејќи не може да очекуваме од другите нешто што ние самите не сме подготвени да го направиме. Дозволете ми да бидам јасен, ние сѐ уште немаме идеја како ќе го направиме тоа, но ние сме решени да го исполниме ветувањето.


Мобилизација
Третиот важен столб е мобилизацијата. Како дел од нашата амбиција да станеме „Дигитална УНДП“,решивме да истражиме ново партнерство со заедницата за игри. УНДП развива нови начини за да ги мобилизира сите луѓе да информираат за климатската акција, да вклучиме нова публика користејќи ја технологијата, така што секој човек станува „играч“ во вистинска смисла на зборот, во градењето на нашата климатска иднина. Ќе Ви дадеме пример за тоа што следува денес, но информирајте се за претстојните објави за ’Мисија 1.5‘ оваа есен.
Дами и господа,
Овие три столба на амбиција, забрзување и мобилизација, ќе нѐ водат додека го поддржуваме напредокот кон договорот од Париз – планот за иднина со нула јаглерод.
Пред да им препуштам на моите колеги подетално да го образложат Извештајот и нашето ветување за климата, дозволете ми да го повторам овој повик: ова не е време за страв. Не е време само за зборување – иако зборувањето е важно за да се постигне договор. Време е за дејствување.
Во наредните денови, на Самитот за климатска акција на Генералниот секретар, се надевам дека сите ќе покажат како можеме да ја тестираме човековата генијалност за да креираме нов начин на живот и да го заштитиме својот дом.

Превземено од УНДП

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close