Правна, стратешка и институционална рамка

и интегрирање на климатските промени во секторските политики


Релевантни податоци околу правната, стратешката и институционалната рамка за климатски промени на национално ниво, меѓународните договори кон кои Република Северна Македонија има пристапено, како и интегрирањето на климатските промени во секторските политики и националните известувања

Правна рамка за климатски промени 

Главната законска основа во однос на климатските промени на национално ниво моментално се наоѓа во:

  • Законот за животната средина (2005) (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16)

    • каде член 187 се однесува на Националниот план за ублажување на климатските промени, а член 188 се однесува на Националниот инвентар на антропогени емисии по извори и понори на стакленички гасови.

  • Сепак, во развој е Законот за климатска акција 

    • со кој се очекува целосно транспонирање на законодавството на ЕУ за клима, овозможувајќи ниско-јаглероден развој и отпорност на климатската криза. Истиот се очекува да биде завршен во 2020-та година. 

Во однос на прилагодување на националната правна рамка за климатски промени на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, Република Северна Македонија ги има донесно следните закони:


Интегрирање на климатските промени во секторски политики

Различните аспекти на климатските промени се интегрирани до различен степен во следните секторски закони на национално ниво:


Стратешка рамка за климатски промени

Во стратешката рамка за климатски промени на национално ниво спаѓаат стратешките документи, националните акциски планови и програми кои содржат аспекти поврзани со климатските промени:




Меѓународни договори за климатски промени 
кон кои Република Северна Македонија има пристапено

Државата има пристапено и ги усогласува своите политики и со релевантни меѓународни иницијативи во борбата против климатските промени:

Република Северна Македонија е земја која не е спаѓа во Анекс I земјите при Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (УНФЦЦЦ), но таа е земја кандидат за членство во Европската Унија. Поради тоа државата мора да се придржува до ЕУ законодавството за клима и енергија, со што всушност ги презема обврските за земјите кои се дел од Анекс I при УНФЦЦЦ.

Државата исто така учествува во Договорот за Енергетската заедница кој брзо напредува во спроведувањето на регулативите на ЕУ за мониторинг, известување и верификација на стакленички гасови и презема чекори за справување со климатската криза.



Институционална структура за климатски промени на национално ниво

Министерството за животната средина и просторно планирање (МЖСПП) е институцијата одговорна за политики за климатските промени, национално тело за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатските промени (UNFCCC) и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото.

Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се:

Останати релевантни институции и тела со одговорности во однос на климатските промени:

  • Канцеларијата на заменик премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд (GCF)

  • Националниот комитет за климатските промени е формиран од Владата, и претставува сеопфатна политичка платформа која обезбедува високо ниво на поддршка за развој и реализација на активностите за климатски промени. Се состои од претставници номинирани од клучните засегнати страни т.е. од националните институции, академските институции, приватниот сектор и граѓанското општество и координаторите за климатски промени кои се назначени во министерствата.

  • Техничката група во Советот за одржлив развој, како и други главни засегнати страни од владата и од граѓанското општество, исто така учествуваат во процесот на креирање на политиките поврзани со климатски промени.

Национално одговорни лица за контакт кон Рамковната конвенција на ОН:

  • Национално одговорно лице за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатските промени: Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Државен советник за климатски промени, Министерство за животна средина и просторно планирање

  • Национално одговорно лице за род и климатски промени: Елена Грозданова, Министерство за труд и социјална политика

Меѓународни институции и донатори кои обезбедуваат финансиска и техничка поддршка за процесот на известување:

Известување кон Рамковната конвенција за климатски промени

Процесот на подготовка на Националните планови и Двогодишните извештаи за УНФЦЦЦ го предводи Министерството за животна средина и просторно планирање. До сега кон Конвенцијата се поднесени следните известувања:



{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close