Комисијата за еднакви можности на жените и мажите дебатираше за родовиот аспект на климатските промени

Климатските политики и родовите политики на државата се амбициозни, но споени во една целина, ќе овозможат поголема ефикасност при спроведувањето на климатските акции


Во рамките на проектите за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), и во тесна соработка со Комисија за еднакви можности на жените и мажите, се одржа Јавна расправа за родовиот аспект на климатските промени. Климатските политики и родовите политики на државата се амбициозни, кога се разгледуваат посебно. Но споени во една целина, ќе овозможат поголема ефикасност при спроведувањето на климатските акции и ќе дадат подобри резултати во различни сектори.

Во рамките на проектите за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), и во тесна соработка со Комисија за еднакви можности на жените и мажите, се одржа Јавна расправа за родовиот аспект на климатските промени. Климатските политики и родовите политики на државата се амбициозни, кога се разгледуваат посебно. Но споени во една целина, ќе овозможат поголема ефикасност при спроведувањето на климатските акции и ќе дадат подобри резултати во различни сектори.
Оваа проблематика е важна, но генерално не е разбрана. Последиците од климатските промени, како што се поплавите, сушите и лизгањата на земјиштето најмногу влијаат врз сиромашните, беспомошните и оние кои се директно во контакт и зависат од природните ресурси за да преживеат. Жените, кои вообичаено имаат најниски приходи во општеството и кои вршат голем дел од неплатената работа во семејството, претставуваат најголем дел од овие ранливи сегменти од населението.


На јавната расправа свое излагање имаше и државниот секретар во МЖСПП Ана Петровска, која ги образложи напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање за донесување и реализација на родово одговорни политики во областа на климатските промени.
Притоа Петровска направи осврт на она што е неопходно да се реализира во наредниот период, но и што се Владата досега има направено на планот на родово одговорни политики при намалување на влијанието од климатските промени во државата, нагласувајќи дека за силно политичко водство е потребна едукација.
Комисија за еднакви можности на жените и мажите ја согледа важноста на оваа проблематика и презема иницијатива и политичко водство за зголемување на информираноста меѓу носителите на политики за родовиот аспект на климатските промени. Претседателка на Комисијата Даниела Рангелова потенцираше дека жените поседуваат уникатни перспективи и вештини кои се корисни за ефикасна адаптација и ублажување на влијанието од климатските промени, но дека исто така е многу важна помошта која државата ќе биде во состојба да им ја обезбеди за поефикасно надминување на овие негативни ефекти, а истовремено секоја жена влијае и на едукацијата на идните генерации во рамки на секое семејство.
Светлана Цветковска, од Министерство за труд и социјална политика посочи дека Министерството за труд и социјална политика активно учествува во креирањето на родово одговорни политики и секогаш ги поддржува сите активности на оваа тема, а тоа ќе го прави и во иднина.
“Жените се агенти на промени, жената чувствува поголема потреба за акција во справувањето со климатските промени и е поверојатно дека ќе го промени своето однесување и ќе дејствува” нагласи Цветковска.
Павлина Здравева, раководител на проектите за климатски промени во чии рамки се иницираше оваа проблематика истакна: “Земјоделството е сектор најранлив на климатските промени. Иднината ќе донесе потопли лета и сè поретко дожд. Ненадејни поројни дождови и град ќе бидат се почести. Климатските промени носат предизвици, носат ризици. Треба да се адаптираме ако сакаме да опстанеме.”


На работилницата се обрати и консултантот за родова еднокавост Олгица Апостолова, која образложувајки ја врската род - климатски промени, истакна:
 „Пристапите кон климатските промени ќе бидат поефикасни, ефективни и одговорни и ќе обезбедат пошироки бенефити доколку и мажите и жените подеднакво се вклучени во креирањето на политиките. Програмите за климатски промени кои се родово слепи се потенцијално штетни за развојот поради тоа што имаат тенденција на влошување на постојната нееднаквост“.
Нацрт-акциски план кој беше презентиран на јавната дебата, е еден од првите чекори за интегрирање на родовите прашања во климатските промени. Истиот предвидува конкретни чекори со кои преку зголемување на знаењето и свесноста на сите релевантни засегнати страни за родовите прашања и за прашањата поврзани со климатските промени, ќе се изградат институционални капацитети за конкретни акции во оваа област, и на ниво на креирање на политики и на нивна имплементација.
Во рамки на јавната расправа беше прикажан документарниот филм ПО ДОЖДОТ, кој портретира 4 жени - земјоделки, на возраст меѓу 40 и 80 години. Иако со различно потекло, секоја има многу различен став кон начинот на кој ја обработуваат земјата. И покрај тоа, сите тие доживуваат исти стравови и предизвици поврзани со климатските промени.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close