25-та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, 2-13.12.2019г, Мадрид, Шпанија

Учество на претставници на МЖСПП и на Еко-свест


Активности на претставници на МЖСПП и граѓански активисти на 25-та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени (COP25), 2-13.12.2019г, Мадрид, Шпанија

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, со свое излагање учествуваше во високиот сегмент во рамките на 25-та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која се одржува во Мадрид, Шпанија, 10-11 декември 2019 година.​Конференцијата за климатски промени во 2019 година се одржува во време на повици кон земјите да ги засилат сопствените и колективните амбиции на нивните придонеси за намалување на климатските промени. Чилеанското претседателство ја именува конференцијата како „Време за акција“, а многумина ја гледаат оваа конференција како пресврт во климатските амбиции кон Парискиот договор.
На конференцијата се разгледуваат теми кои имаат импликации за климатските амбиции пред и по 2020 година. Техничките аспекти, особено од воведувањето на нови пазарни механизми во рамките на Договорот од Париз, се разгледуваа во текот на првата недела, а во моментов се одвива високиот сегмент, каде министрите одговорни за креирање на климатските политики разговараат за ублажување, обезбедена поддршка и активности на Маракешкото партнерство за глобално климатско дејствување.
Во оваа насока, треба да се забележи дека Република Северна Македонија се приклучи и кон Алијансата за климатска амбиција (Climate Ambition Alliance), најавувајќи зголемен национален придонес до 2020 година.
Во своето обраќање, Министерот особено ја истакна потребата од интегриран, отворен и транспарентен пристап базиран на знаење и ја изнесе подготвеноста на државата за засилување на амбицијата за национален придонес кон ублажувањето на климатските промени до крајот на 2020 година. Дополнително, Министерот ја постави паралелата помеѓу висока амбиција и можност за нискојаглероден раст и развој, зелени работни места и праведна транзиција кон чиста енергија.

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко свест учествуваше на COP 25, за што објавуваше сејкојдневни извештаи кои се достапни на следниве линкови:

Информации за 2.12.2019г.,

Информации за 3.12.2019г.

Информации за 4.12.2019г.

Информации за 5.12.2019г.

Информации за 6.12.2019г.

Информации за 9.12.2019г.

Информации за10.12.2019г.

Информации за 11.12.2019г.

Информации за 12.12.2019г.

Информации за 15.12.2019г.








{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close