Двогодишни извештаи

за климатски промени


BUR е Двогодишен извештај за климатски промени, или извештај што се доставува на две години до Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени (УНФЦЦЦ) од државите кои ја ратификувале Конвенцијата.

Двогодишните извештаи за климатски промени се состојат од неколку делови:

  1. ​Инвентар на стакленички гасови. Во овој дел се наведени сите проценети емисии од различни стакленички гасови во различни сектори. Во Инвентарот исто така се оценува и колку јаглерод е апсорбиран или врзан во шумите и почвите. Во овој дел се опишуваат промените во однос на почетната година во која се мереле емисиите (во Република Македонија почетната година е 1990) и ги опишува другите трендови низ времето.
  2. Активности за намалување на емисиите на стакленички гасови (ублажување на климатските промени). Во овој дел се наведени и опишани чекорите кои ги презема земјата за да ги намали емисиите на стакленички гасови. За да се опише влијанието на различните политики и мерки врз емисиите, се користат и резултати од компјутерско моделирање.
  3. Недостатоци, потреби и добиени ресурси. Во овој дел се наведуваат недостатоците со кои се соочува земјата при преземањето активности за ублажување на климатските промени; институционалните, техничките и финансиските ресурси кои се потребни за тие да се намалат; и финансиските средства кои земјата ги добила од мултилатерални организации, финансиски институции и други донатори, како и средства кои сама ги вложила.
  4. Мерење, известување и верификација. Во овој дел е опишан системот што земјите го користат или планираат да го користат за ефективно да известуваат за своите емисии и за мерките кои ги преземаат против климатските промени.

Земјите исто така обезбедуваат информации и за своите национални околности, како и за други теми поврзани со климатските промени кога сакаат да известат за некои дополнителни активности.

  Втор двогодишен извештај за климатски промени на Република Македонија

      Дополнителни документи:

           Вашиот водич за Вториот двогодишен извештај за климатски промени

           Техничка ревизија од страна на UNFCCC

           Национален инвентар на стакленички гасови

          Ублажување на климатските промени

          Мапирање на постоечки релевантни МРВ системи

          Национални обврски и синергии при известувањето за климатските промени до УНФЦЦЦ и ЕУ

          Ограничувања и недостатоци, и релевантни финансиски, технички и потреби за капацитети за интеграција

                  во политиките за климатските промени

           Извештај за напредокот на спроведување на Стратегијата за комуникација на климатски промени и 

                  акцискиот план

                  Kомуникациска стратегија и акциски план за климатски промени

  Прв двогодишен ревидиран извештај за климатски промени

      Дополнителни документи:

     

         Техничка ревизија од страна на UNFCCC

         Кратка брошура

         Ублажување на климатските промени

        Документ за политики за климатски промени (АНГ)

      Рамка за мониторинг, известување и верификација (АНГ)

       Инвентар на стакленички гасови (АНГ)

       Родови аспекти на климатските промени (АНГ)

       Јавното мислење за ефектот на климатските промени

      Анализа на проекти за климатски промени





{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close