#КлиматскаАкција! Кој ако не ние? Кога, ако не сега?

Амбициозна #КлиматскаАкција е предуслов за раст на 21 век

#КлиматскаАкција! Кој ако не ние? Кога, ако не сега?

Амбициозна #КлиматскаАкција е предуслов за раст на 21 век


Во време кога растот е воден од интеракцијата помеѓу брзи технолошки иновации, одржливи инвестиции во инфраструктурата и зголемената продуктивност на ресурсите, амбициозната #КлиматскаАкција не треба да се свати како трошок. Напротив, недамнешни истражувања покажуваат дека амбициозни климатски акции можат да донесат најмалку 26 трилиони американски долари економски придобивки до 2030 година. Амбициозна #КлиматскаАкција е предуслов за раст на 21 век.

Медиумите објавуваат се повеќе вести поврзани со климатски промени. Некои се предупредувачки, некои катаклизмични, некои технички но....Факт е дека се потребни акции СЕГА и од СИТЕ. Веќе не станува збор дека само Владата или општините се одговорни за акции поврзани со климатските промени. Да, тие треба да обезбедат стратешки анализи и препораки, но нивната имплементација во голема мерка зависи од приватниот сектор и од самите граѓани.
Резултатите од неодамнешното истражување на јавното мислење за климатски промени во нашата држава покажаа дека голем дел од од испитаниците се свесни за климатските промени и последиците од нив. Но, податокот што 48% од испитаниците не преземаат активности бидејќи немаат доволно информации или не знаат како и што можат да направат да ги намалат емисиите на гасови кои ги предизвикуваат климатските промени укажува на потребата од споделување на примери и добри практики
За таа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со програмата за развој на ОН, започна со серија на активности за информирање на граѓаните за тоа: “Што е всушност #КлиматскаАкција?” и “ Како да препознаеме што треба/може да направиме?”.
На платформата www.klimatskipromeni.mk има конкретни примери за #КлиматскаАкција, поделени во 5 категории.

Погледнете ги личните примери/акции од ваши соседи/пријатели/деца во делот за домаќинства. Поттикот е различен (да се намалат трошоци или да се подобрат условите за живот) но целта е иста: почиста и поздрава животна средина и намалени емисии на стакленички гасови.
Слободанка Митевска е фантастичен пример како БЕЗ користење на дополнителни финансиски средства како што се субвенции и грантови, со добро планирање на домашниот буџет, може да се направи многу. А како резултат, трошоците за одржување на домаќинството се намалени за 2/3.


Пред 5 години започнавме со промени. Полека, без никакви субвенции, со заштеди и кредити, со поддршка на пријателите и семејството. Ја изолиравме куќата, ставивме добри прозори, ставивме парно греење на пелети. Ја сменивме колата, купивме кола на бензин на старо и ставивме плин. И последно, ставивме соларен колектор за топла вода на покривот.
Заштедените пари ги инвестираме во образованието на децата.
Поголем мотив од нив, немам
.”



А двете сестрички од Козле активно учествувале во плановите на нивните родители да користат што помалку енергија за греење и ладење во куќата во која живеат и порачуваат: Инвестицијата во енергетска ефикасност и чиста енергија вреди!

Ние сме две сестри, Софија и Ева, од населбата Козле. Овде се доселивме пред четири години кога нашите родители ја надоградија семејната куќа на баба и дедо. Нашите родители одлучија да ги следиме трендовите и да користиме што помалку енергија за греење и ладење. Затоа кога го градевме домот потрошивме повеќе пари за да добро ги изолираме ѕидовите и кровот. Инсталиравме и топлинска пумпа која чини поскапо, но троши многу малку енергија за да ги затопли или излади нашите простории. Исто така, на кровот инсталиравме и соларен колектор кој чистата сончева енергија ја претвара во топлинска, па сега имаме изобилство на топла вода во секое време. Така, во зима учиме во топли простории и во лето читаме книги во пријатен амбиент, а сметките за струја се многу мали.”


Се надеваме дека примерите ќе Ви послужат за инспирација и ќе Ве мотивираат:
•     Да заштедите енергија или да ја подобрите енергетската ефикасност на Вашиот дом
•    Паметно да ја користите водата
•    Да го намалите отпадот кој вие/вашето семејство го создавате
•    Да купувате енергетски ефикасни апарати
•    Да користите поеколошки начин на транспорт
Внесете ја и Вие Вашата #КлиматскаАкција со еден клик на копчето ВНЕСИ НОВА #КЛИМАТСКААКЦИЈА

Павлина Здравева, раководител на проекти за климатски промени, УНДП и Ангелина Јовановиќ, МЖСПП

Павлина Здравева е експерт за климатски промени. Работи на развојот на сите национални политики и стратешки документи поврзани со климатски промени. Една од првите кои воведоа иновации поврзани со климатските промени во државата. Ангелина Јовановиќ е советник за информирање и соработка со медиуми во Министерството за животна средина и просторно планирање. По вокација новинар, со долгогодишно искуство во областа комуникација со јавност, информирање на медиуми, изработка и спроведување на кампањи за подигање на јавната свест, како и во организација на различни промотивни и настани

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close