Коалиција на Иднината

Коалиција на Иднината



Целта на Коалицијата на Иднината е да биде платформа за градење на колективна визија за иднината која ја сакаме за себе и идните генерации (во државата и регионот). Меѓусекторската Коалиција на Иднината е составена од групи и индивидуи кои имаат за цел заеднички да создаваат и имплементираат чекори кои ќе се стремат кон стигнување до таа иднина. Доколку сакате колективно да работите, веќе работите, или сте дел од група која работи на подобрување на животите на луѓето во било која сфера на постоење, Коалицијата на Иднината има потреба од Вашиот придонес! За оние кои не беа во можност да дојдат на првиот широк Форум на Коалицијата - слободно пополнете ја оваа кратка пријава доколку сакате да придонесете во работата на истата: shorturl.at/AJNW1 За да смениме се' потребни ни се сите!

Живееме во време на огромни социјални и економски нееднаквости, длабока сиромаштија, бескруполозна корупција, концентрирана одлучувачка моќ во богатите елити, експлоатација на ресурси и труд, војни за профит, сенка на империјализмот, хетеро-патријахална надмоќ, континуирано уништувани екосистеми, масовно истребување на видови, и преминување на неколку планетарни граници. 

Последиците од горенаведените состојби на денешницата ги чувствуваме сите, но во зависност од слоевите на ранливост и угнетеност во неолиберален капиталистички систем, некои индивидуи, групи и заедници, ги чувствуваат овие неправди многу повеќе и поболно од многу други; како во нашата земја, така и на Балканот и ширум светот.

Последните три специјални извештаи на Меѓувладиниот Панел за Климатски Промени (IPCC) укажуваат на итната потреба за значителна промена на моменталниот социо-економски екстрактивен систем во наредните неколку години, и истакнуваат дека ублажувањето и/или приспособувањето на климатскиот и еколошкиот колапс не смее уште повеќе да го зголеми веќе големиот товар врз засегнатите популации во сите општества, кои всушност имаат најмалку придонесено кон моменталната климатска, социо-економска и политичка криза. 

Процесот на транзиција кон социјално-праведно и еколошки-безбедно општество треба да се стреми да обезбеди услови за достоинствено постоење на сите, но и репарации на историски најпогодените. За да биде климатско праведна, транзицијата мора да се случи на сметка на големите загадувачи, корпоративните елити, политичките криминалци и слугите на неолибералното општество, чија трка за краткорочни профити нe’ има донесено до моменталните состојби, а не на веќе засегнатите заедници и просечниот граѓанин.

Ваквата транзиција е веќе започната во државата и ширум светот; сведоци сме на зголемен и зајакнет граѓански отпор кон екстрактивни проекти и планови кои се донесени без консултација на околното население, моќни борби за работнички права, имплементација на алтернативни модели на здружено управување со општествени ресурси, партиципативно носење на одлуки, дискусии за Green Deal…

Но, ургентноста на климатскиот, еколошкиот и социо-економскиот колапс бара моќно меѓусекторско здружување и усогласување на нашите идеолошки и секојдневни акции и практики, колективитет вкоренет во грижа за заедницата и природата, и врз база на тоа, заедничко планирање, организирање и градење на локални и регионални решенија за подобрување на животите на нашите семејства и заедници, транснационална солидарност и стремеж кон пост-екстрактивна, праведна иднина. Дискусиите начнати од Young Friends of the Earth Macedonia кои ги започнавме минатата година за национален и регионален Green Deal ги покриваат повеќето од овие теми, така што ги земаме истите како основа на која заеднички би го граделе делувањето на Коалицијата на Иднината. 

Целта на Коалицијата на Иднината е да биде платформа за градење на колективна визија за иднината која ја сакаме за себе и идните генерации (во државата и регионот). Меѓусекторската Коалиција на Иднината е составена од групи и индивидуи кои имаат за цел заеднички да создаваат и имплементираат чекори кои ќе се стремат кон стигнување до таа иднина.

Доколку сакате колективно да работите, веќе работите, или сте дел од група која работи на подобрување на животите на луѓето во било која сфера на постоење, Коалицијата на Иднината има потреба од Вашиот придонес!

Првиот широк Форум на Коалицијата се одржи на 1ви февруари 2020та година, и го означи почетокот на колективно визионирање за подобра сегашност и иднина за сите, по што ќе следува и генерирање на акциски план - патека за како да стигнеме до замислената иднина.

За оние кои не беа во можност да дојдат на првиот широк Форум на Коалицијата - слободно пополнете ја оваа кратка пријава доколку сакате да придонесете во работата на истата.

 

За да смениме се' потребни ни се сите!





Young Friends of the Earth Macedonia

Young Friends of the Earth Macedonia

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close