Леонардо ди Каприо објави фотографија од Скопје за климатските промени

Фотографијата со мајка и дете како се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад е дело на Роберт Атанасовски за АФП/Гети.


Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо сподели на Инстаграм извештај за влијанието на климатските промени на човековото здравје, илустриран со фотографија од Скопје. Фотографијата со мајка и дете како се разладуваат среде фонтаната на скопскиот плоштад е дело на Роберт Атанасовски за АФП/Гети.