Комплицираниот однос на нуклеарните централи и климатските промени



Ако сакаме да се справиме со климатските промени, нуклеарните централи мора да бидат дел од решението?

Во првиот дел од оваа колумна презентиравме сумирани податоци зошто обвновлите извори на енергија се далеку од решение за проблемот со климатските промени, без разлика какви политики би превземале. Објаснивме зошто ако се развиваат работите со постојната динамика, што е сосем солидна и сериозно поттикнувана со разни субвенции, закони, едноставно со многу кеш, ќе ни бидат потребни над 200 години да изградиме глобален „чист“ енергетски систем.

Факторот кој менува многу во ов аа приказна се нуклеарните централи. Енергијата која се добива од нуклеарни централни се смета за воглавно „чиста“ – барем од аспект на емисии на стакленички гасови (радијација, хаварии и проблемот со нуклеарниот отпад е друга приказна и да ја оставиме на страна). Луѓето со причина се загрижени за ризиците од нуклеарни централи, особено по неколкуте познати инциденти (кои, сепак, освен хаосот во социјалистичките земји, горе-доле успешно се изменаџираа низ западните земји). Како резултат, се разви силно анти-нуклеар движења низ цел свет, особено во Германија. Германија ќе ги згасне сите нуклеарни централи до 2022 (досега затворија 11). А Германија е еден вид на експеримент, тест држава за останатите земји кога станува збор за ова прашање.

Како што објаснуваат од Wired, проблемот е што енергијата која се добива(ла) од нуклеарките во Германија била замената со енергија која се добива од централите на јаглен кои истовремено испуштаат 36мил тони јаглерод диоксид на годишно ниво. Како резултат, емисиите на CO2 се зголемиле за 5%. Според проценките на едно истражување од научници од Беркли, уште поголем проблем е што зголеменото горење јаглен води до зголемено загадување што се проценува дека е виновно за дополнителни 1,600 луѓе годишно од респираторни или кардиоваскуларни заболувања. На страна што самото справување со загадувањето изискува сериозни трошоци (во Германија, проценките се дека ова е ~12милијарди долари годишно). Едноставно кажано, работата е полоша него со нуклеарните централи, земајќи го предвид и ризикот од топење на јадрото (значи, тешка хаварија) и трошоците за справување со нуклеарниот отпад.

Од Обединети нации, па и сите посериозни агенции, се едногласни дека ако сакаме да се справиме со климатските промени, нуклеарните централи мора да бидат дел од решението (пр. во САД учествуваат со 2/3 во енергетскиот микс на „чиста“ енергија). Сепак, политичките пречки се големи. Па и економските. Нуклеарките во услови кога обновливте извори на енергија јадат сериозни субвенции а јаглен-централите не го сносат целиот трошок од сопственото работење (загадувањето го плаќаат нашите бели дробови и „плави картони“), не се баш конкурентни.

Добрата вест е што Америте веќе работат на нов тип на нуклеарни реактори (т.н. NuScale реактор) – мали, модуларни, лесно преносливи и со модерен дизајн. И се очекува да ги минизираат сите стандардни ризици со нуклеарните централи кои постојат денеска – нема да има потреба од големи количини на вода за ладење, ниту пак големи евакуациони зони околу; ќе може да се пренесе на било која локација и ќе издржи било каква хаварија без топење на реакторот.

Едноставно, наука и капитализам. 

Извор: SmartPortal

Автор: Едвард Кардељ Џр.







{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close