Климатските промени и акцијата која треба да ја преземе бизнис секторот

Климатските промени и акцијата која треба да ја преземе бизнис секторот



Компаниите може да бидат одлични сојузници во патот кон подобрена одржливост. Постигнување на успешни акции најмногу зависи од разбирањето на потребите на бизнисот и можностите, како и од обезбедувањето на соодветна поддршка на компаниите. Изводливо е, вели експертот Џефри Салиба

Замислете за момент, фабрика која произведува добра со рециклирани материјали, која ги третира своите отпадни води внатрешно, работи користејќи обновлива енергија, можеби дури и произведува повеќе чиста енергија отколку што троши. Научна фантастика? Не би рекол. Нереално? Воопшто не, баш напротив, овие се елементи кои стануваат се почести помеѓу водечките компании во бизнис заедницата.

Elepac, семејна фабрика за пластични производи од Малта, произведува голема количина од нејзината електрична потрошувачка преку соларните панели поставени на кровот. Многу фабрики исто така продуцираат обновлива енергија, некои дури размислуваат и за поголема инвестиција во соларни панели кои ќе ги претворат и во производители на електрична енергија.

Сепак, бесполезно е да се продуцира чиста енергија, ако операциите на фабриката значат и непотребно трошење на струја. Националната болница во Малта направи надградба на системите за ладење и топла вода со модерни и ефикасни технологии. Резултатот е заштеда на 200 тони на CO2 на месечно ниво.

Технологијата и знаењето постојано се подобруваат. Покрај комерцијално достапните решенија, постои цело богатство на информации за тие на кои им се потребни специфични решенија. Фабриката Trelleborg од Малта дизајнираше и изгради сопствена пречистителна станица за третирање и процесирање на целата отпадна вода.

Би било многу лесно да се земе во предвид овој развој и да се заклучи дека значителни инвестиции им се потребни на бизнисите да направат подобрување во нивните операции кои влијаат врз животна средина. Ова не секогаш е правило. DHL, мултинационален бренд, имплементираше нов производ во Малта, достава и подигнување на кутии на различни локации. Резултатот е значително намалување на емисии од возилата за транспорт на компанијата, постигнат преку подобрување на процедурите на работа.

Ова се само неколку примери на компании кои презеле конкретни климатски акции што потоа водеше кон подобрување на влијанието врз животната средина.

Овие подобрени перформанси се критичен дел од мерките за митигација и адаптација на климатските промени. Нашите општества имаат потреба од добра и услуги. Тоа нема да се смени или да исчезне потребата. Добрата и услугите се претежно обезбедени од компаниите. Најголемиот придонес кој бизнис заедницата може да го направи во поглед на климатските промени е едноставно да се фокусира на производство на повеќе со помалку.

Исто така има доста силни примери на компании за ваков вид на акции. Финансиските заштеди кои доаѓаат од енергијата, заштедата на вода и материјали се значителни. Во некои случаи компаниите може да стигнат до заштеди со двоцифрени бројки, во споредба со постојаната потрошувачка на материјали или сумите што ги плаќаат за сметки. Ако компаниите преземат ваков вид на мерки тоа само ќе додаде на нивната зголемена компетитивност и профитабилност.

За компаниите пред да преземат климатски акции вообичаено постојат три клучни предизвици. Првиот е знаење, малку од компаниите се свесни за најновите решение, дали се тие од енергетика, вода или во поглед на материјалите. Вториот се приоритетите, бизнисите често се втурнати во трката да најдат нови клиенти, да ја исполнат побарувачките, да ги одржат цените и постоечките договори. Третиот предизвик е финансирањето, парите секогаш се ограничени и секогаш има повеќе потреби кои треба да се задоволат. 

Првите два предизвика може да се решат преку координирана акција. Стопанските комори или останатите претставници на бизнис секторот многу успешно ги подржуваат компаниите да ги подобрат своите влијанија врз животната средина преку посветени проекти формирани делумно на долгорочни стратегии. Вклучувањето на такви ентитети во било која долгорочна стратегија може да биде од големо значење и важна цел со големи шанси да помогне да се постигне посилна транзиција кон одржливост на бизнисите.

Финансирањето може да биде поголем предизвик и бара решителна политика и поддршка финансиски институции. Различни модели се испробани во повеќе држави, во зависност од тоа со кои околности се соочиле и какви биле потребите на бизнис заедницата. Решенијата кои дале добри резултати вклучуваат банките за развој да им обезбедат на комерцијалните банки гаранции за заемите за проекти за одржливост со што ќе се зголеми апетитот на комерцијалните банки за финансирање на ваков вид на проекти. Иницијативи од типот на ЕСКО, каде доставувачите ги финансираат решенијата и ја покриваат нивната инвестицијата од заштедите кои произлегуваат од овие решение исто така добро функционираат. Во двата случаи национална политика и законска рамка се неопходни како и посветеност во поддршката на банките за развој.

Накратко, компаниите може да бидат одлични сојузници во патот кон подобрена одржливост. Постигнување на успешни акции најмногу зависи од разбирањето на потребите на бизнисот и можностите, како и од обезбедувањето на соодветна поддршка на компаниите. Изводливо е.

Џефри Салиба

Џефри Салиба, менаџер на енергетски кластер на Бизнис биро на Малта, директор на SDI Advisory

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close