Македонската жена го трасира патот за справување со климатските промени и….

Серија на блогови за родовите прашања и климатските промени

Македонската жена го трасира патот за справување со климатските промени и….

Серија на блогови за родовите прашања и климатските промени


Медиумите се преплавени со вести за климатските промени: „Светот е далеку од постигнување на целта за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени…Мора да ги забрзаме климатските акции за да ги избегнеме сценаријата што ги предвидуваат научниците…Брзо мора да делуваме“.

Владата, научниците, бизнис-заедницата, невладините организации, граѓаните…сите се дел од еден ист тим кој е под притисок да го постигне тој еден победнички погодок, погодокот на нашето време – да се ограничат емисиите на стакленички гасови до ниво што ќе го спречи нивното штетно влијание врз климатските промени. Со оглед на големината на овој предизвик, неопходни се нова стратегија за натпреварот и итни идеи и решенија. Добрата вест е дека тие постојат и само треба да ги поврземе и приспособиме.

Токму тогаш стапува на сцена родовата перспектива. Родовата различност внесува свежи идеи и перспективи. Не само преку обезбедување родова еднаквост во составот на тимовите, туку и преку промена на фокусот…Затоа што не секогаш важен е бројот, туку важни се луѓето кои ќе ти бидат соиграчи. За да постигне погодок, на тимот му се потребни шампиони.
​Иако на еден кошаркарски натпревар најмногу може да се забележат мажи, македонскиот тим за справување со климатски промени е предводен од жени.
Запознајте ги македонските жени кои им пркосат на стереотипите, искусни тимски играчи ослободени од традиционалните шаблони на размислување и делување.


Жената која го трасираше патот за климатските промени во социјалните медиуми

 #ДалиЗнаетеДека жената што ги популаризираше #КлиматскитеПромени на twitter е Холи Голајтли или Калина Миљовска алијас @BreakAtTyffanys?

 Инспирацијата од „Пред поплавата“ со Леонардо Ди Каприо и беше доволна за акција.


Жената што со својата посветеност, ентузијазам и љубов кон својата работа и даде посебен печат на КОМУНИКАЦИЈАТА на климатските промени

Image

Запознајте ја Ангелина Јовановиќ е жената што со својата посветеност, ентузијазам и љубов кон работата што ја работи и даде свој печат на комуникацијата на климатските промени.

Секогаш подготвена да одговори на предизвикот, но и со доволна отвореност и способност да ги следи, прифати и да се прилагоди кон новите комуникациски трендови особено во услови на брзорастечка дигитализација на општеството.


Жената која преку ПРЕВОДОТ И ТОЛКУВАЊЕТО ги премостува јазичните и културолошките бариери во разбирањето на климатските промени

 “Загубено во преводот?”Никогаш со Ана како преведувач или толкувач.
 Запознајте ја Ана Попова Манасиевска, гласот од првите линии и основачот на македонската терминологија поврзана со климатски промени.


Жената која го трасира патот за климатски промени и ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

 Само 5% од македонските рурални жени поседуваат земјоделско земјиште.

 Запознајте ја Васе Мојсовска, претседател на Националната федерација на фармери, жената што ја воздигнува целата заедница и ги приближува македонските земјоделци поблизу до климатската отпорност



Жената која го трасира патот за климатски промени и НИСКО - ЈАГЛЕРОДНИТЕ ПОЛИТИКИ

 Секоја земја што ја ратификувала Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени има номинирано најмалку една личност за контакт. Само 33% од нив се жени.

 Запознајте ја Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, лидер и жената која стои зад националните ниско јаглеродни политики



Жената која го трасира патот за климатски промени и ЕНЕРГЕТИКАТА

 Енергијата се смета за сектор во кој доминираат мажите. Но жените имаат важна улога во науката и инженерството со генерации и сега започнаа да го водат секторот.

 Запознајте ја Наташа Марковска и дознајте како е да се биде жена со кариера во енергетскиот сектор, предвесник и поборник за енергетската транзиција…


Павлина Здравева, раководител на проекти за климатски промени, УНДП

Експерт за климатски промени. Работи на развојот на сите национални политики и стратешки документи поврзани со климатски промени. Една од првите кои воведоа иновации поврзани со климатските промени во државата.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close