Извештајот претставува 76 моментално достапни решенија кои ќе ги забават климатските промени

ТЕСА КОУМОУНДОУРОС


Ги имаме сите решенија кои ни се потребни за да избегнеме катастрофално затоплување, во моментов, тврди новиот извештај на Project Drawdown (Проект Повлекување). Не само што тие се лесни за спроведување, тие се и далеку поевтини од не превземање ништо.

Извештајот на The Drawdown е сеопфатна анализа на моментално достапни решенија за климатската криза, заснована врз работата на научници и истражувачи од многу сектори, од финансии до климатски науки, ширум светот.

Целта на непрофитниот проект е да нè насочи сите кон иднината каде стакленичките гасови престануваат да растат и почнуваат да опаѓаат - тоа е моментот кој се нарекува „повлекување“. Тоа значи дека мора да започнеме со отстранување на емисиите од фосилните горива од атмосферата, како што се јаглеродниот диоксид и метанот, како и да престанеме да ги испуштаме истите во неа.

„Повлекувањето е критична пресвртна точка за животот на Земјата и мора да се стремиме да го достигнеме брзо, безбедно и правично“, се вели во извештајот.

Веќе изгубивме цела деценија поради неактивност, а неодамна добивме и увид во дел од многуте застрашувачки последици, на пр. големата загуба на дивиот свет од досега невиденото лето на пожари во Австралија. Така што, ваквите решенија ни се потребни како никогаш досега.

„Моменталниот пат кој го одиме е неверојатно опасен“, предупредува извештајот, „и лесно е таа опасност да не’ парализира. Сепак, останува можноста да го промениме тоа“.

Проектот Повлекување проценува дека спроведувањето на 76-те решенија кои се истакнати ќе резултира со заштеда до околу 144 трилиони американски долари заради избегнување на климатски штети и трошоци за здравствена заштита поврзани со загадувањето. Додека трошоците однапред би можеле да достигнат до 26,2 трилиони американски долари, овој план ќе ни овозможи да го постигнеме врвот на емисиите н јаглерод диоксид до средината на 2040-тите.

Кога научниците ги групираа нивните решенија според сектори, тие беа рангирани на следниот начин:

  1. Енергија

  2. Отпад од храна, земјоделство, рехабилитација на земјиште

  3. Индустрија

  4. Ефикасност на градби

  5. Транспорт

„Откривме дека кога ќе ги додаме 80-те решенија за климатската криза кои веќе постојат заедно, имаме доволно за да имаме повлекување на стакленичите гасови помеѓу 2040-тите и 2060-тите години во зависност од тоа колку одлучно постапуваме“, изјави коавторот и климатскиот научник Џонатан Фоли за АБЦ.

Прегледот опфаќа три клучни области: намалување на изворите на емисии, заштита и зголемување на природните понори и како да се постигнат овие нешта подобрувајќи го општеството истовремено.

Се разбира, извештајот повикува на итна промена во начинот на производство на електрична енергија, со 30 проценти од решенијата вклучувајќи зголемена ефикасност во нашата потрошувачка на енергија и уште 30 проценти од истите со насоки за тоа како да ги замените фосилните горива.[...]

Неодамнешната анализа направена од истражувачи од Стенфорд исто така сугерира дека целосна транзиција без фосилни горива е можна со сегашната технологија, но за разлика од Проектот Повлекување, истражувачите од Стенфорд веруваат дека ова може да се постигне целосно со обновлива енергија и не се согласуваат дека нуклеарната енергија е неопходна за ваквата транзиција.

Некои од предложените решенија на Проектот Повлекување, како префрлување на LED осветлување и употребата на моќноста на батерии за складирање енергија, создаваат речиси моментални заштеди.

„LED-светлата, дури и ново купените, се поевтини од цената за замена / одржување на моменталната технологија за осветлување - дури и не сметајќи ги огромните оперативни заштеди подоцна.”

Dr. Jonathan Foley (@GlobalEcoGuy) March 3, 2020

Во извештајот се истакнува важноста не само за зачувување, туку и за зголемување на нашите природни понори на јаглерод, вклучително и заштита на екосистемите и промена на земјоделските практики. Сепак, за жал, светските лидери од Австралија и Бразил дозволуваат овие витални понори на јаглерод да бидат уништувани.

Извештајот го признава овој аспект, посочувајќи дека сегашните заложби за ублажување на климатските промени се далеку од она што вистински ни треба, а некои аспекти се „политички нереални“ во моментов. Но, нуди анализа за тоа како да се спротивставиме на ова преку градење на моќ во луѓето и заедниците.

Исто така, истакнува дека другите моќни решенија, честопати занемарувани, вклучуваат намалување на отпадот од храна и обезбедување на подобро образование и пристап до здравствена заштита за жените […].

„Она што го покажуваат овие резултати е дека е најважно сите решенија да се спроведуваат паралелно“, објаснува Чад Фрисман, потпретседател на Проектот.

„Ефектите од овие технологии и практики се случуваат само како дел од меѓусебно поврзан, интегриран систем. Спроведувањето на овој систем на решенија е вистинското решение за климатската криза“.

[…] Истражувачите предлагаат транзиција кон циркуларна економија и да се преместување на капиталот од изворите на проблемот кон решенијата.

Како и да е, ова е корисен водич за поединци, заедници и компании подготвени да напредуваат со потребните промени, без оглед на предизвиците.

Извештајот потврдува дека соочувањето со климатската криза е огромна задача, но не’ потсетува дека тоа е „исто така покана за неверојатно значајна работа“.

„Бизнисите навистина можат да бидат лидери, не само да бидат следбеници во транзицијата. Промените во бизнис заедницата не треба да бидат наметнати само од владите, туку и од самите бизниси кои можат да помогнат во дефинирањето на новата економија“, рече Фоли. „Паметните бизниси нема да бидат влечени кон климатски безбедна иднина. Тие ќе водат до неа“.

Ако доволно од нас го преземат овој предизвик како свој, тогаш можеби сè уште можеме да постигнеме значителен позитивен напредок и покрај тоа што фосилната индустрија сè уште се обидува да застане на нашиот пат.

Анализата на сите 76 решенија може да ја најдете овде (на англиски).

Извор: Science Alert 

https://bit.ly/2QCXSQ7






{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close