Арнал: За намалени емисии, потрошувачка на енергија и подобри градби треба да се примени БИМ во градежништвото

градежништво; одржливост; енергетска ефикасност; БИМ; #КлиматскаАкција; емисии;


Градежниот сектор најмногу доцни со модернизација и дигитализација на процесите што е главна пречка за поефикасно користење на ресурсите, подобро планирање на градбите, зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа и намалување на емисиите кои се директни предизвикувачи на климатските промени. Шпанскиот БИМ експерт Игнаси Перез Арнал во интервјуто открива како градежништвото може да стане одржливо и да даде придонес во #КлиматскатаАкција

Во последните декади градежниот сектор е еден од најактивните бизнис сектори во државата. На глобално ниво градежните активности значително се модифицираат во линија на глобалните пазарни побарувања, но и од аспект на штедење енергетски ресурси, овозможување пасивно функционирање на градбите и зголемена свесност како во јавниот така и во бизнис секторот. Игнаси Перез Арнал, основачот на БИМ Академијата во Шпанија, ја истакнува важноста и придобивките од користењето на еден ваков модел. Како дел од ТРАИНЕЕ проектот од европската програма Хоризонт 2020, во последните неколку месеци тој редовно одржува семинари за одржливи енергетски системи на градење. Тимот на КлиматскиПромени направи интервју со цел да дознае какви се потребите за воведување дигитализација во градежниот сектор, новите алатки, модели и софтвери, кои ќе овозможат подобро дизајнирање и планирање на енергетски ефикасните градби.

Разговараше: Тамара Тодоровска, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал


КлиматскиПромени: Да започнеме од почеток. Што всушност значи „БИМ“ моделот и што се опфаќа? 

Арнал: БИМ претставува акроним (Building Information Modeling) кој во превод би значел - Моделирање на информациите во градежништвото. Ова е процес кој започнува со создавање интелигентен 3Д модел и овозможува управување со документи, координација и симулација во текот на целиот животен циклус на еден проект (план, дизајн, градење, работење и одржување). Поради тоа што станува збор за дигитален систем, моделот содржи илјадници складирани податоци поврзани со градбата, од најмалата навртка или завртка, до најголемиот бетонски столб во градбата. Секој елемент содржи и информации кој треба да ја заврши задачата, на каков начин, со каков материјал, до кога. Специфичното кај овој модел е што ги зема предвид моменталните услови во околината и според тоа ја пресметува најповолната експозиција и местоположба на објектот од аспект на тоа да овозможи максимално штедење на потребите за енергија.

Доколку имаме предвид дека секторот градежништво е еден од најмалку дигитализираните сектори во денешницата, ќе увидиме дека со спроведувањето на овие практики поттикнуваме огромни промени во самиот сектор и суштинска промена на методите на работа. И кога зборувам за промени, мислам на глобалниот ефект којшто се постигнува.
За споредба, гледајќи го периодот помеѓу 1960 година и денес, сите индустрии ја имаат мултиплицирано својата продуктивност за минимум 2,5 пати. Додека во градежниот сектор, иако навистина многу се работи, истиот се карактеризира со уште помала продуктивност од онаа која е забележана пред приближно 60 години. И сето ова се случува поради тоа што процесите во градежниот сектор се многу малку дигитализирани, а притоа многу малку се користат современи уреди и алатки кои можат значително да ја олеснат и подобрат работата. Токму затоа, потребни се радикални промени од овој аспект, а БИМ моделот го прави токму тоа – ја менува перцепцијата и начинот на којшто работите се планираат, распоредуваат и буџетираат. Сите овие проценки и пресметки се прават врз основа на прецизни податоци кои се внесуваат во системот и кои овозможуваат градбата да се анализира во реални услови, како што би функционирала и во пракса, во постојното опкружување од интерес.

КлиматскиПромени: Зошто примената на БИМ моделот е толку значајна, особено кога станува збор за климатските промени?

Арнал: За овој модел да функционира правилно, потребна е вклученост на најразлични профили уште од почетокот на самиот проект. Така, проектот се поставува во соработка помеѓу повеќе различни страни, која најчество вклучува проектанти, инженери, градежници, инсталатери, банки и тн. Тимот кој ќе соработува пред се зависи од тоа за каков градежен проект станува збор, но сепак суштината на процесот е во колаборативноста помеѓу сите засеганти страни во процесот на градење со цел постигнувања на максимална ефикасност. 

БИМ моделот овозможува 3Д приказ, со прецизни информации за секој посебен сегмент во процесот на градење. Информациите постојано може да се менуваат и надградуваат и така истите стануваат основен извор на информации во било кое време. Замислете го како софтвер којшто функционира на “dropbox” или “google drive” принцип. Отворен систем каде секој може да ја добие онаа информација која му е потребна, да врши промени, да ја продолжи работата од онаа точка каде што сте застанале вие. 

Во пракса, доколку се корисат застарени, недигитализирани модели на проектирање и комуникација ризикуваме да се случат пропусти во различни фази на изведба. Ова се случува од причина што не секоја промена која што се имплементира во пракса е во суштина ажурирана во сите нивоа на комуникација. Тука секако ја вклучувам и енергетската ефикасност на објектите која исклучително многу зависи од квалитетот на проектирање и комуникацијата помеѓу тимот. 

Според Обединетите Нации, се очекува до 2050 година светската популација да достигне 9.7 милијарди жители. Затоа, глобално гледано градежништвото, инженерството и архитектурата е неопходно да се базираат на паметни решенија, поефикасни начини на дизајнирање и градење, не само поради потребата да се задоволат глобалните побарувања, но пред се за да се создаде „паметен“ прилагодлив и одржлив простор. Токму од овие причини БИМ моделот забрзано се имплементира глобално и зазема се поголем замав. 


КлиматскиПромени: Колку е важен сегментот на енергетската ефикасност во градежниот сектор? 

Арнал: Она што го покажува моето искуство во областа на одржливоста и ефикасноста во градежните системи е дека ни требаа долги години да ги согледаме нештата, но веќе се наоѓаме на вистинската насока. Така почнуваме да размислуваме, така и дејствуваме. Гледано од овој аспект, во БИМ моделот имаме вкупно 10 димензии, од којашто шестата се однесува токму на енергетската ефикасност, одржливоста, безбедноста и здравјето. Со оглед на тоа што овој систем ни овозможува да внесуваме најразновидни податоци кои не засегаат, врз основа на одбрани параметри од средината го креираме и финалниот модел. На пример, при креирањето на финалните проценки системот ја зема предвид точната локација и местоположба на објектот кој ќе се гради, специфичноста на локалните климатските услови и останатите фактори од околината. 

Ова е особено важно, особено од аспект на директивите кои во 2020 се донесени на ниво на ЕУ, со што се донесе одлука сите згради да се градат по принцип на „приближно нула емисија“ или „приближно нула енергија“. Тоа значи дека градбите кои ќе се изведуваат во иднина нема да конзумираат никаква енергија, односно ќе бидат само-одржливи. Но за да може да се постигне ова, неопходно е тие многу прецизно да се дизајнираат. 

Како интегрален дел на БИM моделот, уште се зборува и за БЕМ моделот кој се однесува на моделирање на информациите во градежништвото од аспект на конзумирање енергија. На овoј начин се воведува појасен приказ на целокупната потрошувачка на енергија во објектот, како и материјалите и останатите ресурси кои што треба да бидат употребени. 

Во овој процес имаме тенденција да дизајнираме објекти со пасивен дизајн, кои при тоа ќе генерираат минимум потреби за потрошувачка на енергија. На тој начин нема да има потреба од дополнителни механизми за греење и ладење, само поради причината дека прецизно сме ги предвиделе сите фактори уште во фазата на дизајнирање. Сите овие фактори се земаат предвид во овој модел, како на пример проценка на најдобрата експозиција и локација на објектот со прецизност од 1 степен, понатаму, надморска висина, сончева радијација, карактеристични ветрови како и засенчување од останатите објекти во околината. И многу е важно сите овие податоци да се систематизираат со користење на дигитални уреди, поради тоа што секој од нив значително влијае во финалното равенство. 

КлиматскиПромени: Во однос на спроведувањето на овие мерки, рековте дека тие се веќе всушност дел од ЕУ директивите. Со оглед на тоа што Македонија има аспирации за влез во унијата, тоа значи дека ќе има обврска да ги спроведува овие регилативи и препораки. На каков начин можат професионалците во овој сектор да работат на подобрување на своите вештини и знаења и како тоа ќе влијае врз забрзувањето на овие процеси?

Арнал: Најпрво би сакал да споделам наоди од една вежба којашто редовно ја спроведувам на моите тренинзи тука. Имено, ги прашувам сите учесници дали може да споделат колкави им се сметките во домаќинството за потрошувачка на греење, струја и вода. Понатаму барам податоци и за тоа со колку луѓе живеат во исто домаќинство, на колкава површина и која е вкупната потрошувачка на вода во м3. Меѓутоа, речиси никој не знае колкава е вкупната потрошувачка на струја и вода во нивното домаќинство, односно никој не знае за колкава количина на енергија се однесуваат сметките кои тие секој месец ги добиваат и исплаќаат.

Како пример, ќе ја земеме потрошувачката на еден автомобил. Се информираме какво гориво користи и ги пресметуваме потребните количини за возење одредено растојание. И ова се информации коишто најголем дел од луѓето ги знаат. Но кога ќе ги прашаш за потрошувачката на енергија во сопствената куќа никој не може да даде ниту приближна вредност. Ова е нешто што мора во најбрзо време да се смени.

Па кога велиме, на кој начин може градежниот сектор да се подобри, пред се мислиме на употребата на квалитетни, издржливи и одржливи материјали. Одржливоста се однесува и на намалените количини на ресурси при што се генерира минимум отпад. Само со соодветно планирање на количините можеме да дискутираме за овие методи. 

Од друга страна, неопходно е да се работи и на надградување на вештините на градежните работници. Неопходно е работниците да се запонзаат со воведените новитети во секторот и при тоа јасно да им се објаснат постапките и ефектите кои ќе се постигнат. На пример, доколку работниците прават грешки при поставувањето на термалната изолација, односно поставувањето на термалните мостови во објектот, голема е веројатноста дека ќе се појави проток на воздух којшто ќе направи пат помеѓу надворешниот и внатрешниот дел од ѕидот. Ова е една од најчестите причини за појавата на влага и мувли, кои не се пријатни и многу тешко се менаџират под вакви околности. 

Затоа велиме дека употребата на современи, квалитетни материјали со примена на соодветен тренинг на работници, е еден од првите чекори коишто треба да преземат во современото градежништво. Доколку соодветно се спроведуваат овие препораки, можеме да очекуваме намалување на потребите од енергија и до 50%. 


КлиматскиПромени: Какви се досегашните реакции по тренинзите кои ги одржавте во Македонија? Дали сметате дека учесниците би сакале да спроведат нови методологии во своето работење? 

Арнал: Впечатокот ми е позитивен. Сите делуваат како да се навистина заинтересирани за примена на нови современи методи и најверојатно тоа го согледуваат како една можност за надградба на сопствените капацитети. Истовремено, покрај личната надградба, мотивот да се понуди конкурентен производ на пазарото е исто така од клучно значење. Енергетската ефикасност ќе станува уште поактуелна тема во периодот кој следи, па можноста да се обезбедат квалитетно дизајнирани и изведени објекти е од фундаментално значење. 

КлиматскиПромени: Дали воведувањето на БИМ моделот претставува голема инвестиција која ќе го оптовари градежниот сектор?

Арнал: Доколку зборуваме само за купувањето на софтверот, станува збор за навистина симболична инвестиција која започнува од 500 евра, зависно од производителот. Но сепак, во пракса не може воведувањето на овој модел да се гледа по индивидуални ставки. Потребно е најпрво да се сменат размислувањата и догогодишните навики. А тоа не е лесно, затоа што станува збор за порадикални промени. И токму овој дел од имплементирањето на процесот претставува најголемата ставка во инвестицијата.

Но сепак, се движиме натаму, напредокот е очигледен, а со оглед на тоа што пазарот се повеќе диктира побарувања за зголемена енергетска ефикасност, ваквите системи ќе бидат неопходни во секојдневието.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close