Имате ли идеи за развој на животната средина што може да функционираат како одржлив бизнис - Пријавете се



И оваа година учествувај на регионалниот натпревар за зелени идеи. Повикот е отворен до 10 aприл 2020

Зелени идеи е годишен натпревар кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во нашата земја и во: Албанија, Косово, Црна Гора , Босна и Херцеговина, Србија и во Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. Четворицата претставници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 или 5.000 долари за реализација на идејата во својата земја.

И во 2020-та година, АРНО, во соработка со Фондот на браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД, распишува натпревар за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

Повикот за доставување на зелени идеи за 2020-та е отворен до 10-ти април 2020 (23:59 часот).

Критериумите за учество се објаснети во делот ПРАВИЛА. Новите формулари за аплицирање можете да ги најдете во делот АПЛИKАЦИЈА. Пред да пристапите кон пополнување на формуларите разгледајте ги насоките  УПАТСТВО (во делот на АПЛИКАЦИЈА)  и разгледајте го делот на Често поставувани прашања (ЧПП). Следете не’ на социјалните мрежи и во делот НОВОСТИ за објави на датуми за работилниците за подготовка на апликацијата.

Препознавајќи го потенцијалот и улогата на зелените бизниси во развојот на националната економија, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) повторно ќе додели ваучер за ваучер за патување на промотивен настан во странство на првопласираниот победник на национално ниво. Во духот на повеќегодишната соработка и поддршка на развојот на зелената и социјалната економија, трите национални победнички идеи и оваа година ќе добијат вредносни ваучери за консултантски услуги од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг „МКА2000“.

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА:

Фаза 1) Национално жири составено од експерти од областа на зелена економија, бизнис секторот и граѓанскиот сектор ќе изврши бодување на сите пристигнати зелени бизнис идеи врз основа на наведените критериуми (Погледнете го делот – ПРАВИЛА)

Фаза 2) Најдобрите десет идеи (согласно бодувањето на националното жири), ќе бидат повикани да ги презентираат своите идеи на посебно закажан настан во Скопје (почеток на мај, 2020-та/датумот допoлнително ќе биде утврден). На овој настан десетте преставници треба да ја презентираат својата идеја пред жирито, кое ќе избере три национални победници.
Формат и јазик: На избраните финалисти ќе им бидат пратен и насоки за PowerPoint презентација според кои треба да ја презентираат идејата. Јазикот за претставување на идејата за десетте селектирани идеи на национално ниво е македонски/албански. Времетрањето на презентацијата е 20 минути (10 минути презентација- 10 минути прашања од жири).

Напомена:
Задолжително за селектираните десет избрани идеи е присуството на настанот во Скопје, и секако, присуството на 3-цата победници на „Форумот за развој на филантропија“ (крај на јуни, Србија, датумот дополнително ќе биде потврден).

Фаза 3) Тројцата национални победници ќе бидат македонски претставници  на „Форумот за развој на филантропија “ кој ќе се одржи крајот на јуни во Србија. Избраните идеи  ќе треба да се презентираат од страна на претставниците за време на Форумот. Избраните 3 национални претставници од тимот на АРНО и тимот на МКА2000 ќе добијат насоки и поддршка во однос на подготовката за презентација на нивните идеи на Форумот. Сите трошоци за учество на избраните претставници на форумот (пат и сместување) ќе бидат покриени од страна на  АРНО и Фондот на Браќата Рокфлер. На Форумот ќе се изберат 4 најдобри идеи кои ќе добијат по 10.000 или 5.000 УСД за поддршка на имплементацијата на зелената идеја.

Формат и јазик: Пред регионалниот натпревар избраните финалисти ќе  подготват PowerPoint презентација, во соработка со тимот на АРНО. Јазикот за претставување на идејата на регионалниот натпревар е англиски (доколку е потребен превод, претставник од АРНО ќе ја има улогата на преведувач). Времетрањето на презентацијата е 20 минути (10 минути презентација- 10 минути прашања од жири).

Фаза 4) Доколку македонска идеја победи на регионалниот натпревар, таа ќе биде наградена со 10.000 или 5000 долари (во зависност во која категорија аплицира). Овие средства се исклучиво наменети за реализирање на идејата* и треба да се искористат во рок од една година.  Дополнително, носителот на идејата, во соработка со тимот на АРНО  ќе развие документ според кој ќе се утврдат процесите на реализација на идејата, детална финансиска рамка и начините според кои ќе се врши монторинг и имплементација на идејата. Победниците се обврзани да склучат договор со АРНО, во кој дополнително ќе се утврдат правата и обврските на договорните страни. Овде спаѓаат и редовни периодични, наративни и финансиски извештаи.

*Доколку носителот на идејата е физичко лице, во рок од 30 дена по објавата на наградата, треба да регистрира правен субјект.

Официјалната веб страница на конкурсот е http://www.philanthropyforgreenideas.org/. Ве охрабруваме да ја посетите и да се запознаете детално со идејата и концептот, како и со минатогодишните конкурси и победниците. Повеќе информации за минатогодишните избори можете да добиете и од објавите на медиумите пребарувајќи ја фразата „Зелени бизнис идеи“ .

За прашања и повеќе информации обратете се на телефонот  +389 77 855 832,  или на e-mail адресата arno.mkd@gmail.com.

Исто така, следете не’ на социјалните мрежи, таму споделуваме тековни објави за работилници за подготовка на апликацијата и новости, објавуваат од Зелени идеи.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close