Преку вебинари презентирани ажурираните инвентари на стакленички гасови



Кус преглед на инвентарите на стакленички гасови ажурирани во раките на изработката на Третиот двогодишен извештај за климатски промени, проект кој го спроведува Министерство за животна средина и просторно планирање, со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ, а со вклучување и на истражувачи од Македонската академија на науки и уметности и локални консултанти.


Вебинар 1:

Инвентар на стакленички гасови за секторите енергетика, индустриски процеси и отпадот од овие сектори во рамките на Трет двогодишен извештај за климатски промени

Вебинарот започна на 19 март 2020 година во 09:45 часот и имаше 35 учесници (71% жени, 29% мажи) од релевантните институции. Целта на вебинарот беше презентацијата на последниот подготвен инвентар на стакленичките гасови, во рамките на Третиот двогодишен извештај за климатски промени. Проектот го спроведува МЖСПП – Министерство за животна средина и просторно планирање, со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ, а во изработка на инвентарот беа приклучени истражувачи од МАНУ, како и локални консултанти.

Првично модераторот на вебинарот, Павлина Здравева, даде воведни информации за инвентарот на стакленичките гасови и за начинот на неговата подготовка во нашата држава.

“Со овој последен инвентар серијата на емисии од 1990-2014г. се дополни до 2016 година. Се прават напори до крајот на 2020-та година да се дополнат емисиите на стакленички гасови до 2018-та година. “
 
Потоа, инвентарот за секторите енергетика, индустриски процеси, користење на производи и отпад, и трендовите на емисиите во овие сектори ги презентираше Верица Тасеска-Ѓеоргиевска (научен соработник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој ИЦЕОР при МАНУ). Таа ја истакна важноста на дефинирање на улогите и идентификација на клучните субјекти во изработката на инвентарите и обезбедување на податоци. Енергетиката е сектор кој најмногу придонесува во емисиите на стакленички гасови (74% во 2016), но добро е што емисиите имаат надолен тренд. Опаѓањето на емисиите се должи на намалено производство на јаглен, поголем увоз на електрична енергија и намалена потрошувачка на нафта за ложење/цврсти горива во домаќинствата.

Инвентарот за секторот отпад и трендовите на емисиите во овој сектор ги презентираше Александар Дединец (научен соработник во МАНУ).

Секторот отпад беше вклучен во сите 3 вебинари од серијата на овие вебинари токму заради тоа што отпадот е поврзан со сите овие сектори (т.е. сите овие сектори создаваат отпад или придонесуваат на емисиите на стакленичките гасови во овој сектор). Во моментот, секторот отпад придонесува само околу 6% од вкупните емисии на стакленички гасови, но овој сектор има нагорен тренд и во блиска иднина може да се очекува значително зголемување на емисиите.

По презентациите следеше продуктивна и интересна дискусија и коментари од учесниците во врска со подобрувањето на влезните податоци, методологијата, можностите за подобрување и како да се стави целиот овој процес (собирање податоци, обработка и дистрибуција) во институционален контекст во рамките на Законот за климатска акција кој е во фаза на подготовка.

Секторот енергетика, иако најмногу придонесува во емисиите на стакленички гасови, има најдетални податоци кои се сосема доволни за подготовка на инвентари на стакленички гасови. Подобрениот квалитет на инвентарите се должи и на добрата меѓуинституционална соработка не само меѓу владините институции, туку и со академијата и со приватниот сектор.

Понатаму, се дискутираше за начинот на пресметување на метанот во различните депонии според категории (имајќи во предвид дека во Македонија има една полу-стандардна депонија која нема контрола на метанот кој се создава). Во врска со ова, Ана Каранфилова, раководител на Сектор отпад, во Министерство за животна средина и просторно планирање ги сподели националните политики во однос на отпадот (воспоставување на регионален систем, затворање на нестандардни депонии, градење на една стандардна депонија по сите прописи, и третирање на водите). Овие политики се веќе вклучени во сите стратешки документи, националните планови и новите закони. На овој начин ќе има и контрола и подобрување на влезните податоци.

Во врска со отпадот, се заклучи дека политиките за креирање на стандардни депонии предвидуваат и зафаќање и преработка на метанот, кои се всушност мерки за намалување на стакленичките гасови. Во врска со ова, се повика невладиниот сектор да помогне да се направаат пораки до граѓаните кои придонесуваат на намалувањето на емисиите на сталенички гасови.

Вебинар 2

Инвентар на стакленички гасови за секторите транспорт и отпадот од овој сектор во рамките на Трет двогодишен извештај за климатски промени

Презентацијата на инвентарот од секторите транспорт и отпад се одвиваше на 19.03.2020 каде беше даден осврт на сериите на емисии 1990-та до 2018-та година. Вебинарот беше проследен од 31 учесник (71% жени, 29% мажи).

Свое излагање по сектори дадоа:

1. Транспорт – Александар Дединец

2. Патен сообраќај – Елена Гаврилова

3. Отпад – Верица Тасеска Ѓоргиевска

4. Студија за секторот транспорт - Анализа на политики и мерки – Александар Дединец

Транспортот е сектор кој има нагорен тренд во односна емисиите на стакленички гасови (27% повисоки емисии во последните две години). Во 2016 година има за 15,3% повеќе регистрирани возила во однос на 2012 година (најголем дел се патнички автомобили), а емисиите на CO2 се зголемени за 31,2% за периодот 2014-2018 година. Анализите за соодветните пресметки се правени со повисок (Tier 2) метод, во рамките на две софтверски алатки - IPCC и COPERT софтверите. И двата софтвери се алатки кои овозможуваат носење на политики засновани на податоци со кои ќе се намалат емисиите на стакленички гасови но и локалното загадување.

За пресметка на емисиите на стакленички гасови за секторот транспорт, користена е база на регистрирани возила од МВР. Базата не е доволно прецизна, што претставува ограничкувачки фактор. Потребно да се воведат измени и унифицирано внесување на податоци, но и издвојување на податоците по :
категории на возила кои базата ги идентификуваше како најголеми емитери на стакленички гасови (тешки товарни возила, дизел патнички возила и дизел комерцијални возила) род на сопстваникот (жените се сопственици на само 15% од возилата во државата. Со обезбедување на подетални податоци по род, може да се креираат поефикасни политики со кои ќе се обнови возната флота во државата, ќе се намалат емисиите на стакленички гасови но и локалното загадување).

Потоа, беа презентирани и две студии во кои се прикажани политиките и мерките кои треба да се превземат со цел да се намалат емисиите на стакленички гасови на национално ниво (за целата држава) и на локално ниво (за Скопје, како град каде има највеќе регистрирани возила). Дополнително, вреди да се истакне дека со студијата за Скопје, за прв пат е направена корелација меѓу климатските промени и загадувањето на воздухот, па политиките и мерките со кои најмногу се намалуваат емисиите на стакленички гасови, значително го подобруваат и квалитетот на воздухот во градот Скопје.

Беше даден осврт и за отпадот кој се произведува од овој сектор, т.е. старите/извозени автомобили (скоро половина од автомобилите кои денес се возат низ државата). Од Министерството за животна средина напоменаа дека сите законски одредби за ваквите возила се веќе покриени во end of life vehicle директивата на ЕУ, која е кај нас транспонирана, но недостасува имплементација. Беа дадени предлози за употреба на средства за праведна транзиција, воведување даночна политика и мерки за субвенционирање.


Вебинар 3

Инвентар на стакленички гасови за секторите земјоделство, шумарство, сточарство, промена на користење на земјиштето и отпадот од овие сектори (АФОЛУ), во рамките на Трет двогодишен извештај за климатски промени

На ден 20.03.2020 година, се одржа третиот вебинар за презентација на ажурираниот национален инвентар на стакленички гасови до 2016 година за секторите земјоделство, шумарство, сточарство, промена на користење на земјиштето и отпадот од овие сектори (АФОЛУ) во рамките на подготовката на Третиот двогодишен извештај за климатски промени. На вебинарот присуствуваа над 50 учесници (51% жени, а 49% мажи).
Проектот го спроведува МЖСПП – Министерство за животна средина и просторно планирање, со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ, а во изработка на инвентарот за прв пат беше целосно институционалнилизана, односно подготвена од националната академска заедница (Земјоделски институт, Факултет за Шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Факултетот за Земјоделски науки и храна и МАНУ).

Модератор на овој настан беше Павлина Здравева, раководител на проектите за климатски промени во УНДП, а презентери беа:
- Душко Мукаетов, професор во одделението за педологија и исхрана на растенијата при Земјоделскиот институт– УКИМ,
- Љупчо Несторовски, раководител на одделението за шумарски техники и операции, професор на Факултет за Шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг при УКИМ,
- Сретен Андонов, професор на Факултетот за Земјоделски науки и храна, институт за анимална биотехнологија при УКИМ, и
- Верица Тасеска – Ѓоргиевска, научен соработник во истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) при МАНУ.

Од страна на проф. Душко Мукаетов беа разгледани активните извори на стакленички гасови од секторите и потсекторите како растително земјоделско производство, пасишта, мочуришта, емисии на стакленички гасови од различните типови на почви и отпад и сл.

Проф. Љупчо Несторовски даде осврт за шумарството односно шумите и нивниот придонес во борбата против климатските промени, како единствени апсорбенти (понори) на стакленички гасови. Дополнително ги посочи пожарите и степенот на сечата на шумите како најголеми проблеми.

Влезните податоци за пресметка на инвентарите на стакленички гасови од овој сектор се недоволни со голема несигурност, иако исклучително важен од аспект на апсорпција на стакленички гасови, но и извор на приходи храна за населението во државата. За таа цел, во рамките на проектот направени се напори за искористување на сателитски снимки со кои ќе се подобри точноста на податоците за АФОЛУ секторите. Дополнително, се разви дискусија за итноста на воведување на нови модерни технологии (далечински сензори) за користење на земјата, подобрување на инвентарот за комерцијални дрва и дрва наменети за огрев, подобрување на инвентарот за зафатени опожарени региони и штетите предизвикани од истите, засилена имплементација на инвентарот на шуми, софтверско (дигитално) ажурирање на настанатите шумски промени, и конечно, собирање на база на податоци за не-дрвени шумски производи.

Проф. Сретен Андонов од Факултетот за земјоделски науки и храна говореше за сточарството и емисиите на стакленички гасови во зависност од видот, расата, возраста, производниот систем и физиолошката состојба на грлата извршена преку IPCC софтверот. Заклучок беше дека млечните крави имаат најголем импакт врз животната средина со над 60% CO2 емисии, следено со 20% од другите видови на говеда, 12% од овците, и под 5% козите, коњите, свињите и другиот вид на живина.

Последна презентираше Верица Тасеска – Ѓоргиевска, научен соработник во истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) при МАНУ, и таа ја отвори темата за отпад од овие сектори, соодветните емсии на стакленички гасови, но и можностите за искористување (на пр. За добивање на биогас за производство на електрична енергија).
По презентациите се разви интересна и стручна дебата и разговор на гореспоменатите теми која заврши во добар дух дека сме на добар пат со справување со климатските промени апропо овој сектор.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close