Македонија го поднесе Вториот двогодишен извештај за климатски промени

Како 15-та држава во развој од 154 држави во развој-потписнички на Конвенцијата


Во март 2018 година, Министерството за животна средина го поднесе Вториот двогодишен извештај за климатски промени до Рамковната Конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC). Со тоа станавме 15-та држава во развој (од 154 држави во развој-потписнички на Конвенцијата) која не само што ја исполни својата обврска, туку и ги вгради насоките што можат да не водат на патот да станеме климатски шампиони.

Вториот двогодишен извештај е обврска предвидена во рамките на UNFCCC, но важен е и од други причини. Овој Втор двогодишен извештај, како и другите двогодишни извештаи, на граѓаните на Република Македонија (како и на други лица во светот) им дава приказ за емисиите на стакленички гасови во земјата и преглед на она што државата го прави за да се справи со климатските промени. Исто така, дава можност да се погледнат политиките и инвестициите во државата и да се види дали се тие усогласени со климатската акција. Понатаму, помага да се идентификуваат приоритетните подрачја за инвестирање, обуки и едукација. И уште еден важен аспект – за разлика од многу други извеѓтаи, беше подготвен скоро целиот од национален тим на експерти.

Работата која се врши при подготовката на Вториот двогодишен извештај оди во прилог на приоритетите на Република Македонија одразени во нејзиниот статус како договорна страна на Енергетската заедница (EnC) и како држава-кандидат за членство во ЕУ. Капацитетот којшто се развива со процесот на изработка на двогодишните извештаи ја подготвува државата да може подобро да ги исполни построгите барања на овие две тела.

Сепак, покрај наодите во извештајот, важен е и процесот на подготовка на Вториот двогодишен извештај. Тој ги поврзува носителите на политики и научниците од многу различни сектори, енергетика и индустрија, земјоделство и шумарство, па дури и експертите за јавно здравје и оние за управување со катастрофи. Помага да се изработат препораки за тоа како да се подобри мониторингот и известувањето и создава ситуација во која многу различни институции мора редовно да работат заедно. И најпосле, поттикнува партнерство меѓу науката и носењето политики, бидејќи секој извештај мора да го земе предвид квалитетот на информациите и пристапите и континуитетот на процесот.

Како што напомена и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки “Нашата цел е овие документи кои се и наша обврска произлезена од членството во Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени, Парискиот договор, од статусот на држава - кандидат за членка во ЕУ, како и од обврските кон Енергетската заедница  да не бидат само парче хартија, туку да бидат добра основа за креирање и преземање на  здружена #КлиматскаАкција.”

Вториот двогодишен извештај за климатски промени е подготвен со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close