Белешки од сантата мраз

Блог за страницата за климатски промени

Белешки од сантата мраз

Блог за страницата за климатски промени


Вториот двогодишен извештај на Македонија (SBUR) до Рамковната конвенција на ОН за климатските промени наскоро ќе биде доставен до Конвенцијата. Со преку 100 страници текст и речиси 100 страници во форма на прилози, Вториот двогодишен извештај изгледа импозантно. Сепак, тоа е само врвот на сантата мраз (Слика 1). Како уредник на Извештајот, имав можност да ја видам целата санта мраз. УНДП побара од мене да споделам некои од моите впечатоци за извештајот, па ајде да ги видиме.


Слика 1: Сантата мраз наречена Втор двогодишен извештај: Извештајот е на врвот…а трите големи елементи под површината


Врвот на сантата мраз

Официјалниот извештај, кој е само врвот на сантата мраз содржи многу информации. Мора да ги исполнува насоките содржани во различните одлуки на Конференцијата на страните (CoP) кои наведуваат колку често треба да се доставуваат извештаи (на секои две години), како и кои теми треба да се опфатат (инвентар на стакленички гасови, чекори кои се преземени за справување со климатските промени, ограничувања и недостатоци како и добиени ресурси за климатска акција). Самиот инвентар е подготвен согласно упатството на Меѓународниот панел за климатски промени за тоа како да се известуваат емисиите и апсорбентите на стакленички гасови и содржи обемни прилози кои ѝ овозможуваат на УНФЦЦЦ подетално да ги види пресметките.

Сепак во поглавјата, земјите може да изберат да направат посебни анализи за да најдат нов начин за разгледување на податоците кои ги претставуваат. Вториот двогодишен извештај на пример, го оценува бројот на „зелени работни места“ кои може да се создадат согласно Акцискиот план на Македонија да ги намали емисиите на стакленички гасови (види Слика 2).


Слика 2: Број на зелени работни места кои би се создале во земјата по мерка (Извор: SBUR 2017)

Покрај ова, има простор да се известува и за дополнителни теми за најголемите приоритети. Овој Втор двогодишен извештај има посебно поглавје за климатските промени и иновациите во Македонија и исто така подетално ги анализира истражувањата на климатските промени и недостатоците во оваа смисла во споредба со другите двогодишни извештаи.

Бидејќи Вториот двогодишен извештај содржи многу формален јазик и текст кој е задолжителен (како на пример објаснувања за тоа како биле спроведени препораките од техничката анализа на претходните двогодишни извештаи), тимот кој работеше на Вториот двогодишен извештај подготви резиме за јавноста со наслов „Вашиот водич за Вториот двогодишен извештај“. Во Водичот се објаснува како тече известувањето до УНФЦЦЦ и Вториот двогодишен извештај е преведен од „ОНски“ на секојдневен јазик. Резултатот може да го видите овде.

Претходни истражувања

Колку и да е сеопфатен Вториот двогодишен извештај сепак тој е само мал сегмент од истражувањата и анализите кои се спроведени во текот на процесот на подготовка. Стотици страници претходни извештаи во главните области (инвентари; ублажување; ограничувања и недостатоци, како и добиени ресурси; мониторинг, известување и верификација или МРВ; и друго).

Резимирањето на овие извештаи со цел да бидат претставени во Вториот двогодишен извештај е многу тешко, бидејќи многу од резултатите се значајни за Македонија и доколку некоја информација не е наведена во извештајот ќе остане непозната. Пример за тоа е анализата на секторот енергетика која стои зад моделирањето во поглавјето за ублажување во Вториот двогодишен извештај. Иако во Вториот двогодишен извештај се дадени резултатите од моделирањето, основните извештаи ги истражуваат импликациите од овие наоди во секторот енергетика.  На слика 3 може да се видат некои од овие истражувања – односно импликациите од различните сценарија за ублажување врз енергетската зависност. Како што покажува графиконот, Македонија може да ја намали својата енергетска зависност од други земји до 2032 доколку усвои планирани активностите за ублажување (зелената испрекината линија) или преку спроведување на планирани мерки за ублажување и дополнителни мерки (црвената испрекината линија).


Слика3: Гледајќи „под површината“ - енергетската зависност во различните сценарија за ублажување (извор: Извештај за ублажување на климатските промени од Вториот двогодишен извештај, 2017: 106-7). Сценариото со постоечки мерки (WEM) се состои од планираните мерки за ублажување (сценарио Рецепт за Удобен живот), а Сценариото со дополнителни мерки (WAM) или сценарио Специјален рецепт за климатски шампиони се состои од мерките предвидени во сценариото за Удобен живот и од дополнителни мерки.

Но не грижете се, дури и кога ваквите информации не се наведени во Вториот двогодишен извештај тие не се игнорираат; нив ги користат различни засегнати страни за да извршат приоретизација на своите активности и средства, да обезбедат дополнителни информации за Владата и за јавноста во врска со различните сектори во економијата како и за барање поддршка за финансирање на активности поврзани со климата.

Доколку сакате „подлабоко да нурнете“ во некое конкретно поглавје од Вториот двогодишен извештај, можете да ги погледнете сите основни извештаи кои се користеа во делот Документи на интернет-страницата за климатските промени.  

Автори

Сите наоди во извештајот се подготвени од различни луѓе и организации.  Прво, експертите кои ги спроведоа истражувањата и ги подготвија основните документи се претставници од министерствата, од МАНУ, од факултетите, меѓународните организации и од граѓанскиот сектор.  Покрај ова, Националниот комитет за климатските промени во кој членуваат претставници од разни владини институции и од граѓанското општество даде насоки за правецот во кој ќе се движи извештајот.

И на крајот, во извештајот се цитирани различни програми со цел да се осврнеме на активностите за климатските промени кои се спроведени во последните три години во Македонија. На пример организирани се обуки за климатските промени за разни учесници, од вработени во општинската администрација па се до самите земјоделци.  Неколку истражувачи објавија резултати поврзани со климатските промени.  Технолошката заедница учествуваше во Климатските предизвици (Слика 4). Дури и општата јавност беше вклучена преку истражување на јавното мислење во врска со климатските промени. Без сите овие групи, извештајот немаше да биде толку разнолик и претставителен.


Слика4: Тимот ReBot, Победници на Климатскиот предизвик во 2016 година (фотографија: УНДП)


Процесот за подготовка на Вториот двогодишен извештај - Стабилизирачка основа 

Зад сите луѓе и податоци се наоѓа процесот за подготовка на Вториот двогодишен извештај.  Процесот во кој се вклучени Министерството за животната средина и просторно планирање како спроведувачки партнер има неколку предности.  Прво, поддржува контрола на квалитетот: учесниците во процесот ја документираат и архивираат сета своја работа за да биде достапна за подготовка на следните извештаи. Секое поглавје од Вториот двогодишен извештај содржи и конкретни препораки за подобрувањата кои треба да се направат во идните извештаи.

Второ, процесот поддржува добра комуникација и теренски активности: редовните активности на тимот и на Националниот комитет за климатските промени гарантираат дека прашањата кои се актуелизирани додека се подготвува овој извештај ќе си го најдат патот до носителите на политики во релевантните сектори.  Овие релации помеѓу податоците и носителите на политики значат дека резултатите од Вториот двогодишен извештај нема да останат во фиока.

Исто така постојат планови во иднина овој процес да се врши од Владата со цел собирањето на податоци и анализата да бидат постојани, а не да се вршат само неколку месеци пред објавувањето на двогодишните извештаи.  Оваа промена ќе донесе уште поголеми придобивки во однос на контролата на квалитетот, комуникацијата и податоците за носителите на политики.

---

Тоа е сантата мраз.  Мојот совет е: продолжете да истражувате, има уште многу да се види!



Сузан Легро

Сузан Легро е консултант за климатски промени и работи на проекти кои се однесуваат на климатските промени повеќе од две децении. Таа има подготвено неколку национални планови и барања за финансирање за климатските промени во Европа и Евроазија.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close