Можности на UNFCCC Технолошкиот механизам за поддршка на климатски технологии

Можности на UNFCCC Технолошкиот механизам за поддршка на климатски технологии



Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), како меѓународен договор за животна средина, делува во насока на изнаоѓање на одговори на влијанијата од климатските промени

Климатските промени се едно од најгорливите прашања на глобалната заедница за 21 век. Примарна причина за климатските промени се зголемените концентрации на емисиите на стакленички гасови (GHG) како резултат на човечки активности, како што се согорувањето на фосилните горива, уништувањето на шумите и зголемената емисија на метан.

Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), како меѓународен договор за животна средина, делува во насока на изнаоѓање на одговори на влијанијата од климатските промени. Во овој контекст, се почесто се користи терминот „климатски технологии“ и се однесува на технологиите што се користат за решавање на климатските промени. Во моментот, најголемите инвестиции на светско ниво се во следните три технолошки области: инофрматички технологии, биотехнологии и климатски или чисти технологии.

Генерално, климатските технологии се развиваат во две насоки:

  • Климатски технологии за ублажување или митигација (Clean Tech);
  • Климатски технологии за прилагодување или адаптација (Climate Tech).

Климатските чисти технологии (Clean Tech) (чиста енергија, ефикасност, складирање на енергија, транспорт, чиста индустрија, воздух и животна средина, вода и земјоделство) претставуваат различни производи, услуги и процеси (Сл.1-3), кои што имаат за цел да го намалат или елиминираат негативното влијание врз животната средина и да ја подобрат одговорната употреба на природните ресурси.


Климатските технологии (Climate Tech) генерираат брзорастечка индустрија во која се развиваат производи управувани од податоци кои им овозможува на заедниците, компаниите, институциите и чинителите да ги разберат ризикот и изложеноста на ефектите од климатските промени и да преземат активности за соодветно прилагодување и делување за нивно намалување (Сл.4-5).


Од една страна, секој чинител во заедницата, поединец или компанија, треба да се охрабри и да придонесува со сопствени климатски акции, како и со развој или примена на климатски и чисти технологии кон глобалната заложба за справување со последиците од климатските промени. Од друга страна, користењето на инструментот за трансфер на технологии е исклучително корисно при примената на климатските технологии бидејки овозможува превземање помеѓу различни чинители и имплементација на технологии и акции за поддршка на ублажување и адаптација.

Извонредна можност за поддршка на трансфер на климатски технологии во земјите во развој нуди UNFCCC Технолошкиот механизам (ТМ) на Обединетите нации (Сл.1). Како платформа на климатски технологии (ClimateTech и CleanTech), ТМ преку Центарот и мрежата за климатска технологија овозможува поврзување и трансфер на технолошки климатски решенија и технолошки проекти од целиот свет. ТМ  со Центарот ги поддржува напорите на земјите во развој во правец на идентификување на потребите, развој, трансфер и имплементација на климатски технологии. Центарот и мрежата за климатска технологија го забрзува развојот и трансферот на технологии преку следните услуги: (1) Давање техничка помош по барање на земјите во развој за технолошки прашања,  (2) Создавање пристап до информации и знаење за климатските технологии, (3) Поттикнување соработка помеѓу заинтересираните страни за климатска технологија преку својата мрежа регионални и секторски експерти.  


Притоа, Центарот обезбедува техничка поддршка за климатските технологии, преку:

  • Технички проценки, вклучувајќи техничка експертиза и препораки поврзани со специфични технолошки потреби, идентификација на технологии, технолошки бариери, ефикасност на технологијата, како и поддрка на пилот фази и распоредување на технологии;
  • Техничка поддршка за плански документи, вклучувајки стратегии, политики, акциони планови, регулативи и правни мерки;
  • Обуки за поддршка и зајакнување на капацитетот на земјите во развој во правец на идентификување технолошки можности, спроведување технолошки избори, изработка, одржување и прилагодување на технологиите,
  • Развој на алатки и методологии, како и планови за спроведување.

Дополнително, Технолошкиот механизам делува преку креирана Рамка за технолошки трансфер, која ги покрива следните активности: (1) проценка и идентификување на потреби за климатски технологии на ублажување или адаптација во земјите во развој; (2) обезбедување на информациски систем за поддршка на трансферот на климатски технологии со информации од сите потребни области; (3) подготовка на опкружувањето и изградба на капацитети за трансфер на технологии, како и (4) механизми за трансфер на климатски технологии и иновативни технологии на иднината.

Земјите во развој потребно е да номинираат национален назначен субјект (NDE) кој ќе ја претставува државата во рамки на ТМ, за да можат да ги користат поволностите што ги нуди во правец на развој, примена и трансфер на климатски технологии за ублажување и адаптација. Тој предизвик е отворен пред нашата држава и преку проектот “Четврта национална комуникација и двогодишен извештај за климатски промени под UNFCCC” се дава силна поддршка во правец на систематска анализа на состојбата, идентификација и препорака за номинирање на комптетентна национална институција. Притоа, преку спроведена проценка за утврдување на тековниот статус на развој, иновации и трансфер на технологии поврзани со климатските промени во Република Северна Македонија, идентификувани и рангирани се најсоодветни институции во државата за номинирање во NDE за овој механизам, давајќи првични препораки и упатства за користење на ТМ.

Капацитетите за примена на UNFCCC Технолошкиот механизам можат да се анализираат на три нивоа, макро, мезо и микро. Притоа, макро димензијата се оденсува на глобално ниво, покриена директно од Технолошкиот механизам, мезо димензијата се однесува на ниво на држава и ги дефинира институционалните капацитети за да обезбеди континуиран трансфер на климатски технологии со поддршка на развојот и иновациите, како и микро димензијата која се однесува на ниво на чинители и ги опфаќа засегнатите страни, компании и крајни корисници, нивното вмрежување и партнерства во правец на примена на климатските технологии и акции за справување со климатските промени.

Во нашата држава, на микро ниво, ќе биде исклучително корисно доколку NDE изнајде механизами и развие инструмент за вмрежување на засегнатите страни преку активности во иновации, развој и трансфер на климатски технологии, како и за поддршка на компании, стартапи и чинители во настојувањата да развиваат и применуваат CleanTech и ClimateTech. Развојот на таков инструмент за мрежно поврзување ќе ги зајакне партнерствата меѓу засегнатите страни, преку промовирање на активностите за ублажување и адаптација на климатски промени, климатските акции и климатските чисти технологии, помеѓу веќе етаблираните бизниси и поддржувајки ги  стартапите во наведените области.

Неколку идеи за модели на инструмент за вмрежување на микро ниво во нашата држава, во правец на развој и примена на климатски технологии и климатски акции:

(1) мрежа на иновациски хабови,

(2) мрежа на центри за климатски промени,

(3) мрежа на CleanTech хабови или ClimateTech хабови,

Инструментот за вмрежување би претставувал механизам кој ќе ги поддржува деловните активности и развојот во областите на климатските технологии кај постоечките компании и кај стартапите.

(4) Според специфичниот механизам за трансфер на технологија во земјоделскиот сектор кој е исклучително значаен за примена на климатските технологии, инструментот за вмрежување во овој сектор би се карактеризирал со одредени специфики. Моделот на инструмент за вмрежување во земјоделството препорачливо е да биде центар за трансфер на технологија во земјоделството (ТТ AgriCenter) кој ќе промовира развој, иновации, ТТ и обука за климатски технологии помеѓу земјоделските чинители. Имено, развивањето, тестирањето и испитувањето на ефектите од новите технологии во земјоделството одземаат многу време, обично повеќе од една година, бидејки се поврзани со годишни приноси на земјоделски култури. Од таа причина, ТТ АгриЦентарот ќе треба да обезбеди инструменти за поддршка на адаптабилните земјоделци, кои обично се подготвени први да ги прифатат, тестираат и имплементираат новите технологии, како рани поддржувачи на трансфер на климатски технологии за справување со климатските промени. Во следната фаза на вмрежување на засегнатите страни, раните поддржувачи, како обучувачи, ќе ги промовираат новите технологии помеѓу засегнатите страни, останатите земјоделци, обезбедувајќи обука и демонстрација на реалните резултати на земјоделски парцели.

Рангирањето спроведено во наведената проценка, го идентификуваше Фондот за иновации и технолошки развој, како највисоко рангирана институција за номинирање на NDE во државата, што би значело дека под ингеренции на оваа институција би можело да се развие ваков инструмент за мрежно поврзување на засегнатите страни, како мрежа на центри за климатски технологии низ целата земја. Реализацијата на оваа идеја може да биде поддржана и од донаторски програми, уште повеќе што Европската Green Deal програма промовирана во јануари 2020, тукушто започна и нашата држава, како дел од Европскиот континент, ќе треба да придонесе во севкупната заложба за градење на Европа 2050 како климатски неутрален континент.

Проф. д-р Валентина Гечевска; UNFCCC; климатски промени; технологија

Универзитет Св. Кирил и Методиј, Машински факултет – Скопје Институт за производно, индустриско инженерство и менамент, Раководите на Центар за управување со животен циклус на производи Експертиза во областите: Менаџмент на животен циклус на производи (PLM), Развој на нови производи, Технолошки развој, Трансфер на технологии, Иновациски техники, Моделирање на бизнис процеси, Интелигентни производни технологии, Компјутерско проектирање на процеси, Еко технологии, Еко одржливост, Инженерски аспекти на одржлив развој Раководител или учесник во над 40 меѓународни проекти и 30тина проекти за трансфер на технологии академија-индустрија. Автор на повеќе од 200 научни трудови. Гостувачки професор на Универзитет во Марибор, Технички универзитет во Торино и Универзите во Нови Сад.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close