Обука за род и климатски промени



Оваа обука е подготвена во рамки на проектот „Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз“, кој се спроведува со финансиска и техничка поддршка на ГЕФ и УНДП, и истата е спроведена од ЦИКП Консалтинг.

Обуките за Род и климатски промени се дел од серијата обуки кои ги истакнуваат предизвиците и можностите на различни сектори во врска со климатски промени. Овие обуки се од најголема полза на креатори на политики, истражувачи и сите моментални и идни актери во процеси поврзани со ублажување на ефектите од климатски промени како и земање предвид на родовата еднаквост во процесот на прилагодување кон истите, вклучувајќи ја и мрежата на луѓе кои работат во полето на родова еднаквост и климатски промени на административно ниво кое се состои од 319 локални и национални претставници (од кои 61% жени).
Во рамки на проектот изработен е и Прирачник за обука - Родова еднаквост и климатски промени, кој се базира на резултатите спроведени во анкетата за вклучување на родовите аспекти во главните текови во националните политики поврзани со климатски промени.
Резултатите од Анкетата откриваат дека е неопходно да се зајакнат капацитетите на главните засегнати страни кои работат за постигнување родова еднаквост и ублажување/спречување на климатски промени, па затоа оваа серија обуки во најголем дел опфати претставници на локалната самоуправа кои што се одговорни за постигнување родова еднаквост.
 
Со цел да се обезбеди вклучување на родовите аспекти во главните политики во Р.С. Македонија на административно ниво и одлучување, потребно е да се зајакне знаењето за постоечката институционална машинерија за постигнување родова еднаквост, да се подигне свеста за поврзаноста меѓу родот и климатски промени, поточно за проценка и мерење на влијанието на климатските промени, политиките и мерките и нивната поврзаност со родовата еднаквост.
  
Од друга страна, неопходно е да се одржат обуки за сензибилизирање за родот, односно да се зајакнат капацитети на претставниците на локалната самоуправа и националните институции да креираат нијансирани политики кои што ќе ги земаат предвид родовите нееднаквости при справување со одредена проблематика. Ваквиот пристап на обуките има за цел да ги мотивира претставниците на локалната самоуправа и координаторите за еднакви можности за координација и поддршка со постоечките капацитети за родова еднаквост при креирање на политиките во институцијата/општината каде што работат.
 

Подолу може да ги најдете материјалите на Македонски јазик од дводневната работилница на оваа тема: 

1. Презентација - Разбирање на род и пол

2. Презентација - Род и климатски промени

3. Презентација - Меѓународните стандарди и механизми

4. Презентација - Воведување на родова перспектива во политиките за справување со климатски промени

5. Извештај за спроведување на обуки за родова еднаквост и климатски промени (англиска верзија)


Видео снимките од тренингот можете да ги најдете на следните линкови:

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close