Синергии и компромиси помеѓу Целите за одржлив развој и Подобрени Национални придонеси за ублажување на ефектите од климатските промени



На 10.09.2020 г. се одржа онлајн вебинар-работилница која ја проследоа учесници тесно поврзани со секторот. Оваа работилница беше изведена во рамките на проектот: „Подготовка на засилени национални придонеси за климатски промени“ кој се подготвува во рамките на иницијативата за Climate Promise поддржано од УНДП.

На вебинарот, свое стручно излагање имаа проф. д-р Наташа Марковска и м-р Владимир Ѓорѓиевски, при што истакнаа дека мапирањето на синергиите и компромисите помеѓу националните мерки за ублажување на климатските промени и целите за одржлив развој (ЦОР) е од клучна важност во процесот на креирање и носење политики. Целта на работилницата беше да се презентира методологија за идентификација на синергиите и компромисите помеѓу подобрениот национален придонес и ЦОР. Низ анализа на состојбата на Република Северна Македонија, со помош на алатката SDG Climate Action Nexus (SCAN) беа идентификувани врските помеѓу 63 мерки за ублажување на климатските промени (подобрениот национален придонес) и 15 ЦОР. Како прв чекор, извршена беше хармонизација на националните мерки, со тоа што секоја мерка беше преведена во соодветна SCAN мерка. Потоа, со помош на алатката SCAN, избирајќи од можни 982 врски, беа идентификувани синергиите и компромисите помеѓу 63те национални мерки и 15те ЦОР. 

Покрај извршената идентификација, дополнително беше развиена и презентирана методологија за квантификација на синергиите и компромисите (Quantified SCAN – Q-SCAN). Оваа методологија беше развиена врз основа на најновата релевантна наука од областа, имајќи предвид дека истата треба да биде доволно едноставна што ќе овозможува вклучување на различни чинители. Процесот на квантификација на мерките вклучуваше (1) задавање на тежински фактори за секоја идентификувана синергија или компромис врз основа на експертско мислење и (2) формирање на крајна оцена со примена на алгебарски операции на претходно зададените тежински фактори. Методологијата беше применета врз осум сектори (Електрична и топлинска енергија, Згради, Транспорт, Отпад, Индустрија, Земјоделство, Шумарство и Општ сектор). Резултатите беа презентирани во форма на графици со квалитативни и квантитативни информации за синергиите и компромисите помеѓу подобрениот национален придонес и целите за одржлив развој во секој од секторите, како и за целокупното влијание на подобрениот придонес врз реализацијата на секоја од целите.


Видео записот од вебинарот, може да се проследи на овој линк.



{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close