Активности за „зелено“ закрепнување од пандемијата на КОВИД-19 во Република Северна Македонија

Активности за „зелено“ закрепнување од пандемијата на КОВИД-19 во Република Северна Македонија



Резиме: 2020 беше тешка година од многу аспекти. Во Република Северна Македонија, покрај политичките предизвици, глобалната пандемија на КОВИД-19 донесе со себе економски и социјални закани и ги исправи пред голем предизвик градењето политичка волја и ангажирањето на сите чинители за подобрените Национални придонеси за климатски промени (NDC). Истражувањата и анализите направени пред пандемијата се од огромно значење за властите, особено во ова време кога е во тек изготвувањето планови за закрепнување на економијата. За време на пандемијата продолжи работата на македонските подобрени NDC и на долгорочната Стратегија за климатска акција, кои може да послужат за спојување на амбициозната климатска акција со закрепнувањето од КОВИД-19 со цел на крај да излеземе посилни од кризата. Конечно, активностите за градење капацитети и подигнување на свеста за време на пандемијата ги направија поочигледни придобивките од климатската акција и нејзината поврзаност со „зеленото“ закрепнување од пандемијата. Базирана на визии за „зелено“ закрепнување од пандемијата на меѓународно ниво и на фактот дека NDC и „зеленото“ закрепнување од пандемијата може да бидат взаемно зајакнувачки агенди со кои се поддржува долгорочен одржлив развој, за декември 2020 година, се планира Конференцијата под наслов „Да излеземе посилни од кризата“ (англ. BUILD FORWARD BETTER) која има за цел да обезбеди поддршка од владата и масовно вклучување на сите чиинители во македонското општество.

Темели што се поставија пред пандемијата

Пред почетокот на пандемијата, неколку случувања во Република Северна Македонија навестуваа дека општеството се движи кон „зелена“ иднина:

  • Националната стратегија за развој на енергетиката до 2040 година (Стратегија за енергетика), усвоена во декември 2019 година, беше првата стратегија на земја од Енергетската заедница која почива врз петте столба на Енергетската унија на ЕУ: 1) Сигурност, солидарност и доверба; 2) Целосно интегриран внатрешен пазар на енергија; 3) Енергетска ефикасност; 4) Декарбонизирање на економијата; и 5) Истражувања, иновации и конкурентност. Стратегијата за енергетика опишува три сценарија — референтно, умерена транзиција и „зелено“ сценарио, и предвидува политики и мерки за сите пет столба. 

  • Стратегијата ги искористи обемниот аналитички труд и консултациите меѓу засегнатите страни од Третиот двогодишен извештај за климатските промени (TBUR) до Рамковната конвенција за климатски промени на Обединетите нации (UNFCCC). Aналитичарите работеа заедно со засегнатите страни на идентификување, анализирање и избор на приоритетни политики и мерки во целните сектори. Тие исто така ги идентификуваа и валидираа претпоставките што се користат за моделирање на сценаријата за ублажување на последиците. Две од трите резултантни сценарија (умерена транзиција и „зелено“ сценарио) се сценарија БЕЗ ЈАГЛЕН.

  • TBUR исто така содржи информации за директните и индиректните придонеси од секоја политика и мерка кон Целите за одржлив развој (ЦОР) на ОН. Покрај тоа, неколку индикатори за ЦОР се проектирани врз основа на сценаријата за ублажување на последиците во TBUR, што овозможува споредба меѓу идниот статус на Република Северна Македонија и актуелниот статус на други земји во регионот и во ЕУ. Овие споредби покренаа дебата и ја зголемија свесноста за тоа каде климатската акција би можела да ја одведе македонската економија за една до две децении.

  • Истражувањето поддржано од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) ги квантифицираше ко-придобивките од препорачаните климатски акции во TBUR.  Анализите на овие климатски акции овозможија проценка за бројот на нови работни места што ќе се отворат со текот на времето благодарение на политиките и мерките за ублажување на климатските промени. Анализите во вториот двогодишен извештај за климатски промени (SBUR), како што се Студијата за транспортот (STUTRA) и Студијата за загревањето во градот Скопје (STUGRES), ја јакнат промоцијата на климатски акции на локално ниво. Конечно, родовата проблематика е опсежно обработена во TBUR и тоа во форма на Акциски план за родот и климатските промени и родово чувствителните индикатори со кои се мерат ефектите што би требало да ги почувствуваат жените од политиките/акциите.

  • Најновиот национален Инвентар на стакленички гасови, за чие изготвување поддршка даде проект на UNDP и GEF (Глобалниот фонд за животна средина), претставува клучна алатка во рацете на факторите кои одлучуваат. Инвентарот оди прилично подалеку од она што се барања што треба да ги исполнат земјите кои не се дел од Анексот I, користејќи добро разработен систем за осигурување и контрола на квалитетот и применувајќи методологии од повисоко ниво како и широк опсег на стакленички и нестакленички гасови. Националниот инвентар на стакленички гасови сега обезбедува силна историска база за претпоставки и проекции за емисии кои претставуваат суштествени елементи за иден нискојаглероден развој базиран на податоци наместо претпоставки.


Активности за време на пандемијата

За целото времетраење на пандемијата, се продолжи со работа на политики, истражувања и градење капацитети во областа на климатските промени. 

  • Пред пандемијата, експертите кои работеа на проекти за климатските промени во реализација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) беа фокусирани на презентирање на визија за „зелена“ иднина пред што поголем број луѓе и нивно мотивирање да дејствуваат. За време на периодот со полициски час во пролетта 2020 година, тимовите одржаа 15 вебинари на кои учествуваа изненадувачки голем број учесници. Некои вебинари беа отворени за јавноста додека други беа за потесен круг професионалци, но никој не рече: „Не работам“, „Дома сум“, „На одмор сум“, „Не сакам да учествувам“, „Не можам да се придружам“…

  • Продолжи работата и на нацрт Националниот план за енергетика и клима (НПЕК), при што најголем дел од работата беше сработена токму за време на пандемијата. И покрај тоа што НПЕК е нешто чие донесување го бара ЕУ, голем дел од анализата која ги приближува енергетиката и климата преку изготвување на интегриран план за енергетиката и климата беше направена во рамките на активностите за изготвување на Третиот двогодишен извештај за климатските промени, особено политиките и мерките од доменот на енергетскиот сектор и применетото меѓусекторско и внатресекторско моделирање на сценаријата за ублажување на последиците.

  • Продолжи и работата на подобрените NDC. NDC и „зеленото“ закрепнување од пандемијата можат да се надополнуваат едно со друго. Плановите за закрепнување можат да содржат цели и стратегии поврзани со NDC, истовремено покренувајќи процеси за подобрување на NDC како што се консултации со засегнатите страни, социоекономски и секторски проценки и моделирања, а сè со цел зајакнување на системите што го трасираат патот кон долгорочен одржлив развој. Истовремено, експертите од проектот на UNDP активно беа вклучени во проектот финансиран од ЕУ со наслов „Закон и стратегија за климатските промени”, кој како резултати треба да испорача Долгорочна стратегија за климатска акција и Закон за климатска акцијаМакедонските NDC и Долгорочната стратегија за климатска акција може да послужат за спојување на амбициозната климатска акција со закрепнувањето од КОВИД-19 со цел на крај да излеземе посилни од кризата.

  • Проектниот тим на UNDP организира виртуелна консултација со млади во врска со подобрениот NDC. Консултацијата се организира за да се слушне гласот на младината и нивните мислења да најдат свое место во NDC, а со цел што поширок аудитоирум да ги чувствува подобрените NDC за свои. Како резултат од консултацијата беа препознаени три потреби важни за обезбедување квалитет и делотворност на младинскиот ангажман во иницијативата Climate Promise и истите најдоа свое место во изготвувањето на платформата „Младите за климата“.

  1. Воспоставување однос на доверба со употреба на интерактивни алатки. 

  2. Проширување на разговорот вон „климатската тема”.

  3. Зајакнување на конструктивните активности што ги спроведуваат младите а кои навидум немаат врска со климатската криза.

  • Проектниот тим на UNDP ќе поддржи и изготвувањето на дополнителна анализа на влијанијата на КОВИД-19 врз транзицијата кон нискојаглероден развој во земјата, која треба да даде препораки како климатските акции да станат составен дел од пошироката агенда за закрепнување од последиците на пандемијата, во рамките на студии на инвестициите во обновлива енергија и социоекономските ефекти од подобрениот NDC.

Наредни чекори

Покрај поволниот контекст за активностите за „зелено“ закрепнување од пандемијата на национално ниво, истиот е поволен и на меѓународно ниво: имено, Европската комисија презентираше долгорочна стратешка визија за намалување на емисиите на стакленички гасови, покажувајќи како Европа може да биде предводник на патот кон постигнување климатска неутралност до средината на овој век. Во моментов, во ЕУ се водат дискусии за цели од 55-60% намалување на емисиите на стакленички гасови во 2030 година, споредено со 1990 година. Енергетската транзиција кон нискојаглероден развој се забрзува, при што енергијата од сонцето и ветерот станува сè поконкурентна. 

  • Во декември 2020 година, UNDP ќе организира конференција во Скопје на тема „Да излеземе посилни од кризата“ за да се обезбеди поддршка од Владата и да се пренесе пораката дека NDC и „зеленото“ закрепнување од пандемијата може да бидат взаемно зајакнувачки идеи со кои се поддржува долгорочен одржлив развој. Европската амбиција треба да најде одраз во придонесите од земјите кандидатки за членство во ЕУ како што е Република Северна Македонија, а плановите на Владата за закрепнување можат да ги искористат целите и стратегиите од NDC.

  • На патот кон остварување на целите, промените во делот на цените на горивата и технолошкиот развој, нарушувањата на ланецот на снабдување, влијанијата од пандемијата врз трговијата и берзата, како и промените во делот на побарувачката на енергија заради глобалното успорување на економијата ќе бидат интегрирани во претпоставките во рамките на постоечките модели кои ги поддржуваат подобрените NDC со цел подобрување на пост-пандемиските економски и емисиони сценарија. Треба да се истакне дека во случајот на Република Северна Македонија, тие најверојатно ќе бидат уште „позелени“.

  • Проектните тимови ќе погледнат подалеку од подобрените NDC, кои се ограничуваат на компонентата на ублажување на последиците, кон пошироката слика на климатската акција којашто опфаќа политички ангажман од страна на владата и ангажман од НВО секторот, иницијативи од приватниот сектор (особено во делот на обновливата енергија како што е енергијата од сонцето и од мали хидроелектрани), забрзан раст на бројот на нови „зелени“ работни места и вложување во чисти технологии, како и остварување ко-придобивки како за жените така и за мажите.

Наташа Марковска и Сузан Легро

Наташа Марковска е научен советник и професор во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на Македонската академија на науките и уметностите (ИЦЕОР-МАНУ). Учествувала во 78 меѓународни и национални проекти поврзани со ублажување на климатските промени, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност и енергетско планирање, поддржани од UNDP, USAID, WB, Европската комисија, GIZ, македонската и други влади. Сузан Легро е консултант за климатски промени и работи на проекти кои се однесуваат на климатските промени повеќе од две децении. Таа има подготвено неколку национални планови и барања за финансирање за климатските промени во Европа и Евроазија.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close