Блог: Електрични возила: клучна алка за почист транспорт?

Дали заменувањето на сите бензински и дизел автомобили со електрични автомобили би било доволно за да се избориме со климатската криза?


И покрај коронавирусот што строго ги ограничи патувањата и движењето, во 2020 година вкупната продажба на електрични возила на глобално ниво се зголеми за 43%. Секоја година се појавуваат се повеќе електрични автомобили на улиците, бидејќи светот полека почнува да се оддалечува од фосилните горива. Имајќи во предвид дека транспортот е еден од најголемите придонесувачи во емисиите на стакленички гасови, употребата на електричните автомобили има смисла. Но, дали заменувањето на сите бензински и дизел автомобили со електрични автомобили би било доволно за да се избориме со климатската криза?

Транспортот е голем загадувач и еден од главните виновници за емисиите на стакленички гасови (GHG). Истиот претставува четвртина од емисиите на стакленички гасови во Европската Унија и продолжува да расте секоја година. Често се зборува за јаглеродниот отпечаток на авионската индустрија, но патничкиот транспорт, особено патничките возила, се исто така одговорни за голем процент на емисии.

Европската Унија има големи планови за електрични возила како начин за декарбонизација на транспортниот сектор. Преку Европскиот зелен договор, Унијата ја означи својата намера да ги намали емисиите на стакленички гасови во транспортот за 90% до 2050 година. До 2030 година, предвидени се 30 милиони електрични возила на европските улици. 

Во Северна Македонија се спроведени студии за идентификување на најдобрите мерки за воведување електрични или нискојаглеродни возила во земјата. Според сценариото „Зелено и паметно“ во СТУТРА студијата од 2017 година, беа предложени голем број мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови од патничките возила до 2035 година преку „постепено продирање на хибридни и електрични возила“. 

Проблемот е во тоа што постои голема дебата за тоа колку се „зелени“ електричните возила и во која мерка може да се гледаат како решение за некои од нашите најитни еколошки и социјални проблеми. Прочитајте повеќе

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close