Консултативна работилница за долгорочната стратегија за климатска акција

Нацрт стратегијата, како и останатите документи подготвени во рамките на проектот, ќе бидат предмет на дополнителни измени и јавни консултации од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.


Денеска се одржа првaта онлајн консултативна работилница за нацртот на Долгорочната стратегија за климатска акција, подговена од страна на ЕУ финансираниот проект „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“.

На работилиницата присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, невладин сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климатски промени и климатска акција.

Тимот на проектот, составен од меѓународни и национални стручни лица ја презентираше севкупната визија и целите на нацртот на Стратегијата, правниот контекст и политиката за климатските активности, проекциите за емисиите на стакленички гасови, политиките и мерките за адаптација и ублажување, како и трошоците за транзицијата, социо-економските ефекти и понатамошни активности.

Учесниците дискутираа за презентираните материјали и информации во насока на унапредување на нацрт верзијата на Стратегијата. Нацрт стратегијата, како и останатите документи подготвени во рамките на проектот, како нацрт на Законот за климатска акција, подзаконските акти и останатите поврзани документи ќе бидат предмет на дополнителни измени и јавни консултации од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Измените и консултациите ќе помогнат во прилагодувањето на резултатите од Проектот на околностите во Република Северна Македонија. Усвојувањето и спроведувањето на резултатите ќе зависи од техничката и институционалната подготвеност на земјата.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close