Придобивките од циркуларната економија во намалувањето на стакленичките гасови во секторот отпад

Придобивките од циркуларната економија во намалувањето на стакленичките гасови во секторот отпад



Проектот „Извештај за брзата проценка на придобивките од циркуларната економија во однос на намалувањето на емисијата на стакленички гасови во секторот отпад” има за цел да ги идентификува можностите и предизвиците во врска со намалувањето на емисиите на стакленички гасови преку унапредување на практиките својствени за циркуларната економија во секторот управување со отпад, а во согласност со Европскиот зелен договор и Акцискиот план за циркуларна економија на ЕУ. Откако беа разгледани соодветните политики на Република Северна Македонија, беа избрани шест текови на отпад во согласност со приоритетите на Националниот план за управување со отпад 2020-2030, сè со цел да се прикажат придобивките од преминот кон циркуларна економија. Брзата проценка ги зема во предвид придобивките од циркуларната економија при минимизирањето на користењето на ресурсите, создавањето на отпад и стакленички гасови, како и подобрување на моменталната ситуација.

Зошто е важна циркуларната економија за намалување на емисијата на стакленички гасови?

Циркуларната економија станува услов без кој не е можно постигнување на целите од Парискиот договор и услов за намалување на емисијата на стакленички гасови. Ова е така затоа што замената на примарни материјали со секундарни, кои доаѓаат од практики својствени за циркуларната економија и затворени кругови, создава домино ефект што ги намалува емисиите на јаглерод од дејностите екстракција на суровини, транспорт, производство, малопродажба и управување со отпад. Затоа, на циркуларната економија не треба да се гледа како на опција при создавањето политики туку како главен столб на секоја политика. Прашањето не е дали ни треба циркуларна економија, туку како и колку брзо истата ќе ја спроведеме во пракса.

Улогата на управувањето со отпадот

И покрај тоа што практиките својствени за циркуларната економија ги засегаат големите индустриски и производствени ланци на снабдување во богатите земји, во земјите како Северна Македонија – каде стапката на индустријализација во моментов е прилично ниска и каде увозот на произведени материјали е главниот начин како се доаѓа до истите, појдовната основа за премин кон практиките својствени за циркуларната економија треба да биде секторот управување со отпад. Со тоа што управувањето со посебни текови на отпадот ќе се пренасочи кон практики својствени за циркуларната економија, не само што ќе се постигнат значителни еколошки и економски придобивки, туку и секторот управување со отпад ќе може да дејствува како катализатор за целата економија на државата.

Методологија

Се изготви иновативна методологија за оценување на придобивките од преминот кон практики својствени за циркуларната економија.  Оценувањето беше фокусирано на шест клучни случаи на текови на отпадот: (1) градежен отпад, (2) биолошки отпад, (3) секундарни резидуални горива, (4) електронски отпад (E-отпад), (5) искористени возила, и (6) пластика.
Употребата на три клучни индикатори, кои ги претставуваат очекуваните придобивки, беше од суштествено значење за да се добие исход погоден за создавање политики. Емисиите на стакленички гасови од 2016 година беа земени како основа за пресметување на заштедите што ќе се постигнат со помош на практики својствени за циркуларната економија до 2030 година.             

Трите клучни индикатори се: (1) Заштеда во емисии на стакленички гасови, вклучувајќи избегнување на депонии, замена на суровини и складирање на јаглеродот. (2) Придобивки во делот на вработувањето, изразени како нови работни места создадени благодарение на преминот кон практики својствени за циркуларната економија. (3) Економски придобивки, изразени во милиони евра годишно, во што спаѓаат директните и индиректните придобивки и јаглеродниот кредит.

Главни наоди

Проценките се дека до 2030 година, примената на практики својствени за циркуларната економија кај избраните текови на отпадот може да донесе:

  • Заштеди од 951 Gg CO2екв/годишно на емитирани стакленички гасови во споредба со 2016 година;
  • 2740 нови работни места;
  • 47,17 милиони евра економска корист.


Може да се заклучи дека преминот кон циркуларните практики, дури ако е ограничен кон шесте селектирани текови е доволен за да се избалансираат стакленичките емисии од изложувањето на тврдиот отпад (речиси двојна заштеди), како и емисиите од отпадот од индустриските процеси.

Севкупно, може да се каже дека унапредувањето на циркуларните активности во одредени текови може да послужат како скок за македонската економија кон циркуларната економија, што би донело значителни економски, еколошки и социјални придобивки.

Антонис Мавропулос & Амани Маалуф (Antonis Mavropoulos & Amani Maalouf)

Антонис Мавропулос е основачот и претседател на D-Waste (Грција) Амани Маалуф е раководител на одделот за истражување во D-Waste

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close