Ревидиран национален утврден придонес зa климатски промени

Ревидиран национален утврден придонес зa климатски промени



Глобалната пандемија за брзо го смени фокусот на светот и го прошири поимот за ранливи групи. Добро би било да се има национална стратегија за справување во справувањето со влијанието на пандемијата која што ќе ги опфаќа безбедноста и ранливоста на ранливите групи и животната средина.

Република Северна Македонија го потпиша (2015) и го ратификуваше (2017) Договорот од Париз  игo достави своjoт национално утврден придонес за климатски промени (НДЦ) до УНФЦЦ преку Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).         
Првиот НДЦ имаше за цел да го унапреди придонесот на земјата во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови преку намалување на емисиите на СО2 со доминантно учество во секторите снабдување со енергија, градежништво и транспорт. Од ратификацијата, МЖСПП вложува напори за постојано прилагодување на НДЦ на земјата кон глобалните динамики, а со поддршка на УНДП преку иницијативата “Climate Promise”, МЖСПП ги ревидираше своите национални придонеси (ревидиран НДЦ) и да зголеми опсегот на акција и амбициозноста на климатските акции. Ревидираниот НДЦ ги поврзува плановите за ублажување на климатските промени како во енергетскиот, така и во неенергетскиот сектор, и дополнително разгледува и придобивки од имплементација на клитаските акции; улогатана приватниот сектор, родовиот аспект,  врската со целите за одржлив развој. Ревидираниот НДЦ  значеше и чекор напред кон усогласување со амбициозниот Зелен договор на ЕУ со цел Европа да стане прв климатски неутрален континент до 2050 година.

Пандемијата на КОВИД-19 доведе до драматични промени ширум светот и претставува досега невиден предизвик на повеќе нивоа; прехранбена криза, затворање на граници, проблеми со работните места и многу други. Глобалните социо-економски нарушувања се неминовни. Ова е најлошата пандемија во поновата историја, која погодува повеќе од 220 држави, вклучително и Република Северна Македонија. Пандемијата ги продлабочува веќе постоечките нееднаквости, откривајќи ги ранливостите во социјалниот, политичкиот и економскиот систем, што за возврат го засилува влијанијата на пандемијата во државата и ја принудува на брз одговор на пандемијата, со цел да се ограничи и минимизира влијанието на пандемијата на национално ниво.

УНДП  реагираше веднаш на новонастанатата ситуацијата и поддржа спроведување на дополнителна анализа за да се согледаат социо-економските влијанија и дополнителните придобивки од ревидираниот НДЦ, земајќи ја во предвид глобалната пандемија на Ковид-19 со цел да се предложат препораки за балансирање на социјалните, економските и еколошките размислувања за македонските креатори на политики. ДС Институтот за истражување со седиште во Канада (DS Institute) беше ангажираше за да ја направи анализата.       


Анализата покажува дека мерките предложени од страна на македонската влада за намалување на економските влијанија на пандемијата се значително усогласени со планот за ниско јаглеродна транзиција. Овие мерки, иако се воспоставени за справување со кризата КОВИД-19, можат да придонесат директно и индиректно во спроведувањето на планот за ниско јаглеродна транзиција.          
Анализата, исто така, забележа дека е можно да се поврзат некои од преземените мерки за пандемијата Ковид-19 и планот за економско закрепнување пост-Ковид-19 со голем број мерки на ревидираниот НДЦ, бидејќи дванаесеттина климатски акции од ревидираниот НДЦ се во директна корелација со планот за економско закрепнување по КОВИД, инициран од македонската влада. Енергетскиот сектор сочинува скоро 70% од овие мерки, со една мерка во транспортот и другите осум во секторот за производство на енергија. Една од климатските акции посветена на земјоделскиот сектор и друга посветена на секторот за управување со отпад, директно ќе придонесе за планот за обновување по КОВИД, како и усвојувањето на нова политика за поддршка на малите и средни претпријатија во доменот на енергетската транзиција.      
Затоа, одржувањето на инвестициите планирани за ниско јаглеродна транзицијата во овој период на невидена пандемија, иако е голем предизвик, е клучно да се оттргне земјата од катастрофалните социо-економски влијанија кои пандемијата ги носи со себе.

Гастон Гоу (Gaston Gohou)

Д-р Гоу (Dr. Gohou) е економист и статистичар со повеќе од 30 години искуство во домените на економскиот развој и во доменот на намалувањето на сиромаштијата. Гоу е претседател на ДС Институтот (DS Institute), независен тинк-тенк и институт за применети истражувања за одржлив развој и економски раст, со 10 годишно искуство во споделувањето нова визија за развој и поддршка на државите за инклузивен и одржлив развој за сите.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close