Потреба за (безбедна) брзина

4 изненадувачки начини на кои побавното возење може да создаде подобри градови


Оваа недела е Недела на ОН за светска безбедност на патиштата, која се фокусира на темата „Забавете, спасете животи“. Светскиот институт за ресурси работи градовите во светот да станат побезбедни и поодржливи преку проектирање улици и воведување регулативи кои ја намалуваат брзината на возилата а истовремено даваат поддршка за пешачење и велосипедизам. Има сé повеќе докази за влијанијата и пошироките придобивки од таквите напори, кои ќе ги истражиме во објавите на блогот оваа недела.

Сообраќајните незгоди убиваат 1,25 милиони луѓе секоја година и предизвикуваат трајни попречености кај уште милиони луѓе. Без оглед на локацијата, брзината честопати е фактор кој ја предизвикал незгодата.

Смртните случаи и сериозните повреди се болен и многу видлив резултат на недостигот на безбедност на патиштата, но поради брзината на возилата губиме и други работи кои не ги забележуваме. Што е со стравот на децата кои си играат на тротоарите, кои одат на училиште или учат да возат велосипед? Што е со луѓето кои се мачат да ги платат високите транспортни трошоци, но не се чувствуваат безбедни да возат велосипед?

Автомобилите кои брзо се движат можат да ја ограничат физичката активност, употребата на јавниот простор и квалитетот на животот, и тие влијанија ги чувствуваат најмногу оние најобесправените. Жителите со пониски приходи честопати живеат во близина на патиштата каде што има брз сообраќај. Тие исто така повеќе зависат од пешачење, возење велосипед или јавен транспорт и се најизложени на брзите автомобили. Овие негативни влијанија се дури поизразени во земјите во развој, каде што брзо се зголемува бројот на автомобили и мотоцикли кои се користат на патишта каде што има слаба регулација на брзината.

За несреќа, ова буквално може да биде прашање на живот или смрт. Со воспоставување на побезбедна брзина во градовите не само што ќе се спасат животи, туку исто и ќе се создадат и други придобивки во процесот:

1. Помалата брзина спасува животи

Секое намалување на брзината од 1,6 километри на час на градските улици доведува до 6 проценти намалување во смртните случаи во сообраќајот. Помалите ограничувања на брзината ги намалуваат жртвите и сериозните повреди од неколку причини. Прво, возењето со голема брзина може да предизвика вид како во тунел и да ја намали длабинската перцепција на возачот. Со пониска брзина, возачите имаат пошироко поле на вид и поверојатно ќе ги забележат другите корисници на патот.


Со помала брзина, дури и да се случи сообраќајна незгода, последиците ќе бидат понесериозни, особено доколку е жртвата пешак, велосипедист или мотоциклист. Пешакот има 90 проценти шанса да преживее доколку го удри возило кое се движи со брзина од 30 км/час. Шансите се намалуваат на 70 проценти со брзина од 40 км/час и паѓаат на помалку од 20 проценти, доколку го удри возило кое се движи со брзина од 50 км/час.


Возењето со помала брзина исто им овозможува на возачите да запрат побрзо. Далечината на запирање на возилото е комбинација на далечината која се минува додека возачот почне да реагира и далечината која е потребна возилото да запре откако ќе се притиснат сопирачките. Со поголема брзина, автомобилот патува подалеку во текот на времето на реакција и далечината на запирање е поголема. Ова влијае на брзината во времето на ударот, како и на веројатноста за преживување.


2. Побезбедната брзина не значи по секоја цена и подолго патување

Многу луѓе се плашат дека ако се намали брзината во градските подрачја, драматично ќе се зголеми времето на патувањето. Сепак, просечната брзина во градовите најчесто е под влијание на тоа колку често има крстосници, а не толку под влијание на ограничувањето на брзината. 


Со побезбедно ограничување на брзината ќе се постигне поизедначена брзина и ќе се намалат забрзувањата помеѓу крстосниците, а многу малку ќе се зголеми вкупното време на патување. Истражувањето од Гренобл, Франција покажува дека со ограничување од 30 км/час во споредба со 50 км/час времето на патување помеѓу две крстосници оддалечени 1 километар се зголемува само за 18 секунди. Брзината помала и за 1 километар на час може дури и да ги намали гужвите во некои случаи, бидејќи се намалува веројатноста да има тесни грла. Ова е забележано во Сао Паоло, каде намалувањето на брзината на главните артерии ги намали гужвите за 10 проценти во текот на првиот месец од спроведувањето, додека бројот на жртвите значително се намали. 

3. Дизајнирањето на улици за побезбедна брзина поттикнува поздрави заедници

Пониската брзина создава поудобна средина за пешаците и за велосипедистите. Дизајнот на улиците кој поттикнува помали брзини - како на пример потесни ленти и пошироки проширувања на кривините - исто така овозможува повеќе простор за пешаците и го олеснува преминувањето на улицата. Деталите за овие и за други мерки може да се најдат во извештајот на WRI за дизајнирање на побезбедни градови.
Со инфраструктура која ја намалува брзината, градовите може да забележат и позитивни трендови и жителите ќе одберат да пешачат или да возат велосипед наместо да возат. Лондон во моментов ги применува овие мерки за да поттикне повеќе пешачење, и очекува граѓаните да добијат големи здравствени и економски придобивки. Една студија утврдила дека САД можат да заштедат 6,5 милијарди долари за здравствена заштита само ако 1 од 10 возрасни почнат редовно да пешачат. Ако жителите решат поретко да возат автомобил тоа исто значи дека ќе има и помалку штетни емисии и намален вкупен ризик за судири во сообраќајот. 


4. Помалата брзина е подобра за економијата

Студиите покажуваат дека улиците кои се посоодветни за пешаци и велосипедисти се поживи и економски поуспешни од улиците со многу и брз сообраќај. Придобивките вклучуваат поголема вредност на недвижниот имот и поголем промет на стоки и услуги, со што се поттикнува локалната економија. На пример, кога улиците проектирани со потесни ленти го забавија сообраќајот во дистриктот Мишн во Сан Франциско, речиси 60 проценти од сопствениците на продавници пријавиле поголемо трошење од страна на локалните жители, и речиси 40 проценти пријавиле вкупно зголемување на продажбата. Во меѓувреме улицата Кенсигнтон во Лондон забележа 13 проценти зголемување на цената на становите кога беа направени безбедности и проектни подобрувања на улицата, со што се проценува дека подобриот пристап за пазарење на пешаците ќе генерира милиони фунти од поголемото трошење во малопродажбата.

Резултатите од сите овие истражувања сега се исклучително јасни: Ако возачите го забават возењето тоа може да го подобри квалитетот на животот на сите жители во градот.

Преземено на 24.07.2017 од http://www.wri.org/blog/2017/05/need-safe-speed-4-surprising-ways-slower-driving-creates-better-cities?utm_campaign=wridigest&utm_source=wridigest-2017-05-10&utm_medium=email&utm_content=learnmore

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close