Патот до Париз: случајот на Македонија

НАШИ ПЕРСПЕКТИВИ

Патот до Париз: случајот на Македонија

НАШИ ПЕРСПЕКТИВИ


Во оваа серија блогови, експертите и практичарите на УНДП ја споделија својата перспектива за прашањата поврзани со климатските промени, како дел од подготовката за COP21 во декември.Како подготовка за Конференцијата за климатски промени во Париз овој декември, од сите држави учеснички беше побарано да си изработат и да ги утврдат своите национални придонеси за намалување на климатските промени. Овие предложени мерки се нарекуваат „соодветни национални придонеси“ (INDCs) и до денешен датум, 121 земја ги имаат доставено. Република Македонија своите национални придонеси ги достави во август 2015 година, како 23та земја во светот, како резултат на напорна работа и соработка меѓу различни донатори, институции и засегнати страни. Националните придонеси на земјата се засноваат на детални технички анализи спроведени од голем тим експерти и врз основа на други релевантни документи.

Интерактивен инфографик (кликнете за да пристапите)

Крајниот исход на овие напори е официјалната заложба на државата да ги намали за 30 проценти емисиите на CO2 од фосилните горива во текот на следните 15 години. Ова е многу важна заложба бидејќи емисиите на CO2 од фосилни горива во моментов се одговорни за речиси 80 проценти од вкупните емисии на стакленички гасови во земјата, а најмногу емисии се создаваат од снабдување со енергија, зградите и од транспортниот сектор.
Изработката на националните придонеси не само што подразбираше и спроведување на експертски технички анализи во краток временски рок со ограничени средства, туку исто така наметна и предизвик за комуникација со носителите на одлуки и другите засегнати страни во врска со специфичните импликации од активностите кои се предлагаат во националните придонеси.
Процесот на подготовка е осмислен на начин со кој при секој чекор се обезбедува активен ангажман од сите, почнувајќи од министерствата па се до приватниот сектор. Поврзувањето на овој начин овозможи да се разменат искуства, како и знаење во врска со најефективните мерки за намалување на емисиите.
Подготовката на националните придонеси исто така ја унапреди и анализата, бидејќи за прв пат се зедоа предвид и влијанијата врз животната средина како и економските и социјалните аспекти на секоја мерка. Со ова се утврди дека повеќе од половината од планираните намалувања на емисиите во земјата може да се постигнат преку релативно мали инвестиции.
Од наодите исто така произлезе дека политиките и мерките за ублажување на климатските промени носат и дополнителни придобивки, како на пример повеќе можности за вработување. На пример, до 2030 година може да се креираат 6000 зелени работни места преку спроведување мерки за енергетска ефикасност во зградите и преку воведување на технологии за снабдување со енергија кои користат обновливите извори на енергија и гас.
За да се разјаснат целите на националните придонеси, го подготвивме овој интерактивен инфографик.


Почетна точка:  Емисиите на стакленички гасови се одговорни за речиси 80% од вкупните емисии во земјата
Патници:             Делегација од Македонија во име на 2,2 милиони граѓани
Дестинација:      Конференцијата во Париз во 2015 година

Средна точка:   ЕУ (како земја-кандидатка за членство во ЕУ, Македонија мора да го земеме предвид нивото на амбиција на ЕУ)
Рута:                   30 проценти намалување на CO2 до 2030 година (или 36 проценти со повисоко ниво на амбиција)
Време:                До 2030 година
Трошоци:           260-280 милиони евра годишно (приближно, 2,2 проценти од националниот БДП)
Поволност:        Социјалните аспекти, бидејќи преку спроведување мерки за енергетска ефикасност во зградите и преку воведување на нискојаглеродни технологии за снабдување со енергија, до 2030 година може да се отворат околу 6000 зелени работни места.
Да се избегне:    Вообичаеното сценарио (без никакви промени)


Секако, подетални анализи ќе се направат во иднина. Потребно е да се идентификуваат ранливите сектори, како и дополнителни мерки за адаптација. Исто така мора да се истражат нови можности за иновативен раст и одржлив развој.
Една од најважните лекции научени при подготовката на националните придонеси на Република Македонија беше колку е важно да се вклучат и граѓаните како активни чинители во процесот на подготовка. Ова е исто така и пораката на нашата кампања спроведена со цел да се добијат идеи од граѓаните за тоа како подобро да се бориме против климатските промени: #ItDependsOnYou.
Во овој период до одржувањето на конференцијата за климатските промени во Париз - COP21, експертите и практичарите на УНДП ги истакнуваат предизвиците и можностите за решавање на овој глобален проблем. За повеќе информации посетете ја интернет-страницата www.undp.org/cop21.





Павлина Здравева, раководител на проекти за климатски промени, УНДП

Експерт за климатски промени. Работи на развојот на сите национални политики и стратешки документи поврзани со климатски промени. Една од првите кои воведоа иновации поврзани со климатските промени во државата.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

Tags

Newsletter

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'cc.contact'|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close