Финансирање во климата

извори


Финансирањето на климата се однесува на локално, национално или меѓународно финансирање - извлечено од јавни, приватни и алтернативни извори на финансирање - што има за цел да ги поддржи акциите за ублажување и прилагодување што ќе се однесуваат на климатските промени. Финансирањето во климата е потребно за ублажување, затоа што се потребни големи инвестиции за значително намалување на емисиите. Финансирањето во климата е подеднакво важно и за адаптацијата, бидејќи се потребни значителни финансиски ресурси за прилагодување на негативните ефекти и за да се намалат влијанијата од промените на климата. Конвенцијата, протоколот од Кјото и Договорот од Париз повикуваат на финансиска помош од страните со повеќе финансиски ресурси за оние кои се не се толку богати и се ранливи.

Зелен развој на Република Северна Македонија

Програма за подготвеност и подготвителна поддршка: Со цел да се подобрат капацитетите на државата за зајакнување на климатските финансии, Зелениот климатски фонд (ЗКФ) одвои ресурси во рамките на  Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ (Програмата за подготвеност), со кои ќе им помогне на државите да ја подобрат информираноста, да развијат капацитети и да ги ангажираат сите релевантни засегнати страни на национално/локално ниво.


Портал за климатски финансии

 
Порталот за климатски финансии содржи информации за финансиски средства кои се обезбедени за државите кои не се страна на Анекс I кон УНФЦЦЦ. Порталот се состои од следните четири модули:

o   „Модулот за национални планови“: Во овој модул се претставени информациите кои ги испраќаат државите-страни на Анекс II во четвртиот, петтиот и шестиот национален план, а се во врска со обезбедени финансиски средства за спроведување Конвенцијата.

o   „Модул за средства за брз почеток“: Средства за брз почеток се средства предвидени во колективната обврска за развиените земји да обезбедат нови и дополнителни ресурси, вклучително шумарство и инвестиции преку меѓународните институции, во износ приближен на 30 милијарди УСД за периодот од 2010 до 2012 година. Модулот за средства за брз почеток содржи информации кои ги доставуваат развиените земји кои се страни на Конвенцијата за ресурсите кои тие ги обезбедиле за земјите во развој за да ги исполнат своите обврски, како и начини на кои земјите во развој кои се страни на Конвенцијата пристапиле до тие средства.

o   „Модулот Средства со кои управува ГЕФ“ е заедничка активност меѓу секретаријатот на УНФЦЦЦ и секретаријатот на ГЕФ. Овој модул содржи информации за финансиските текови кои се канализирани, мобилизирани и обезбедени од ГЕФ како оперативен субјект на финансискиот механизам на УНФЦЦЦ. Информациите кои се содржани во овој модул се добиваат директно од интернет-страницата на ГЕФ без да се направат дополнителни измени од страна на секретаријатот на УНФЦЦЦ.

o   „Модулот Фонд за адаптација“: Овој модул содржи информации за проекти од Фондот за адаптација (ФА) т.е. субјекти, проекти и програми кои се одобрени од Одборот на ФА. Информациите кои се содржани во овој модул се добиваат директно од интернет-страницата на ФА без дополнителни измени од страна на секретаријатот на УНФЦЦЦ.


Листа на потенцијални извори на финансирање на климата релевантни за нашата државата:

Истражување на изворите за финансирање во климата

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close