Каква врска има родот со климатските промени?

Многу поголема од тоа што мислите

Каква врска има родот со климатските промени?

Многу поголема од тоа што мислите


Поврзаноста меѓу родовите прашања и напорите во светот да се намалат последиците од климатските промени е многу важна, но генерално не е разбрана. Последиците од климатските промени, како што се поплавите, сушите и лизгањата на земјиштето најмногу влијаат врз сиромашните, беспомошните и оние кои се директно во контакт и зависат од природните ресурси за да преживеат. Жените, кои вообичаено имаат најниски приходи во општеството и кои вршат голем дел од неплатената работа во семејството, претставуваат најголем дел од овие ранливи сегменти од населението.

Во најголем дел од земјите низ светот и на сите нивоа на власт, жените не се застапени подеднакво во постапките за одлучување. Оваа недоволна застапеност сериозно го намалува придонесот кој жените можат да го дадат при планирање, намалување и спроведување на политиките и мерките поврзани со климата.
Освен ако не се постигне значителен напредок за вклучување на жените во осмислувањето и извршувањето на овие стратегии, и во власта и на терен, мали се шансите да се постигнат успешни решенија.
Највредните вештини и знаења на жените за управување со ресурсите и за примена на одржливи практики на локално ниво во заедницата, како и во најголем дел од домаќинствата, често пати се земаат здраво за готово. Но, овие исти вештини и знаење се многу потребни на сите нивоа при справување со климатските промени.
Поради тоа, пренесувањето на потребата да се земе предвид социо-економската ранливост на жените и потребата да се вклучат и искористат капацитетите на жените при носење на сите одлуки во врска со климата е од основно значење.

 ​


Во Македонија, напорите да се истакне поврзаноста меѓу родот и климатските промени започнаа пред само 5 години - и моравме да почнеме речиси од нула.
Почетната точка беше да се соберат и пренесат податоците со цел зголемување на информираноста меѓу носителите на политики кои требаше да ги направат промените.
Во соработка со Министерството за животната средина и просторно планирање, УНДП и Глобалниот фонд за животната средина (ГЕФ) започнаа да работат на оваа задача прво преку преведување на техничките извештаи за климатски промени во алатки кои не и штетат на климата со цел да се иницираат трансформациски промени во секторските политики.

Собраните податоци покажуваат значителна родова разлика во заработката и продуктивноста, што влијае врз способноста на жените да избираат, да ги инвестираат сопствените ресурси и да влијаат врз одлуките, со што тие остануваат најмногу изложени и беспомошни пред заканите од климатските промени и исклучени од општеството.
На пример: 

•    Жените претставуваат само 39,6% од формалната работна сила и значително придонесуваат со неплатена работа во семејството.
•    Жените во руралните подрачја се соочуваат со тешкотии при учество во процесите за носење политики и одлуки на сите нивоа, и претставуваат само 30% или помалку од сите вработени во општинските администрации.
•    Во земјоделството, жените претставуваат 40% од работниците во земјоделските стопанства, но многу почесто се вклучени во неплатените земјоделски активности и имаат задолженија како засејување/засадување при што се во допир со последиците од климатските промени, вклучително и со заканите за водните ресурси.
•    Одговорностите на жените за готвење и чистење во домот ги прави поранливи на болести кои се пренесуваат преку водата и на загадувањето на изворите на вода, а природните катастрофи дополнително го зголемуваат товарот врз жените и девојчињата, кои најчесто се најмногу одговорни за обезбедување грижа, вода и храна за домаќинството. 


 

КАКО МОЖЕ ДА ГИ ВГРАДИМЕ РОДОВИТЕ АСПЕКТИ ВО ПОЛИТИКИТЕ И АКТИВНОСТИТЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ?


Идентификувани се стратешките влезни точки за преземање активности за родовите прашања и климатските промени, меѓу кои се и следните:
•    Работа со властите, невладините организации, заедниците и приватниот сектор за да се интегрираат родовите аспекти и да се зголеми учеството на жените при изработката и спроведувањето на политиките поврзани со климата.
•    Вклучување на родовите аспекти во политиките за намалување на катастрофите и ризиците во главните сектори како што се водоснабдување, земјоделство, здравство и образование.
•    Анализирање на родово-расчленети податоци и на ризиците од климата од родова перспектива.
•    Ангажирање на жените како главни засегнати страни во сите фази на подготовка на стратегии за климатските промени.


ШТО ПОСТИГНАВМЕ?

•    Собрани се податоци поврзани со родот и ранливоста од климатските промени во еден документ.

•    Идентификувани се приоритетни влезни точки релевантни за ублажувањето на климатските промени (енергетика и транспорт) и адаптација (вода, намалување на ризикот од катастрофи, туризам).

•    Изработен е акциски план за родови прашања и климатски промени.

 

•    Развиени се родово сензитивни индикатори со цел да се измери ефектот на политиките/активностите врз жените.


СПОДЕЛУВАЊЕ НА НАПОРИТЕ ВО ПОШИРОК РЕГИОН 

Државите на Балканот се соочуваат со слични предизвици поради што е од голема важност да се споделат добрите практики и да се обезбеди взаемна поддршка. За оваа цел, подготвен е Упатство за национални планови кои ги зема предвид родовите аспекти, и кој содржи насоки за тоа како да се врши родова анализа, оценка на влијанието врз родовите, родов мониторинг и евалуација и вклучува засегнати страни кои ги разбираат родовите прашања во различни сектори.

Во земјата се одржа и првата регионална работилница „Поддршка за интегрирање на родовите прашања во процесите за мониторинг, известување и верификација / транспарентност во земјите од Западен Балкан“, при што се подготви првиот „Акциски план за Балканот за интеграција на родовите прашања во подготовката на Извештаите за климатски промени“.

Планот предвидува конкретни чекори за интегрирање на родовите прашања во извештаите за климатските промени. Секоја држава сега има активности од акцискиот план вклучени во своите извештаи за климатските промени и алоцираше дел од буџетите за проектите за активности поврзани со родовите прашања.

Македонија веќе предложи да алоцира 5% од својот буџет за климатските промени со цел да обезбеди вклучување на родовите аспекти.

Штом има волја и ресурси, иднината почнува да изгледа многу посветла - се подготвува патот за нашата планета да постигне родова рамнотежа 50-50.



Елена Грозданова и Теодора Обрадовиќ Грнчаровска

Елена Грозданова, Министерство за труд и социјална политика;<br/> Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање, Национален координатор за климатски промени

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close